Контакт

Спорт

Светскиот првак елиминиран од Словачка

Објавено пред

Во третото коло од Групата Ф, Словачка во Јоханесбург приреди големо изненадување елиминирајќи го актуелниот светски шампион Италија со 3:2

dobivaj vesti na viber

Головите за Словаците ги постигнаа Роберт Витек во 25 и 73. и Камил Копунек во 89. минута, додека за Италија стрелци беа Антонио ди Натале во 81 и Фабио Кваљарела во 90+2 минута.Бидејќи во вториот меч од групата кој се играше напоредно со овој во Јоханесбург, Парагвај и Нов Зеланд одигра без голови, Парагвај со пет и Словачка со четири бодови одат во осминафиналето, а елиминрани се Нов Зеланд со три и Италија со само два бода. Италијанците ја споделија судбината на Французите претходно и со само два мизерни бода иако веќе поранешни светски прваци си заминуваат на Апенините. Може да се претпостави каква лавина од протести ќе следи во Иралија. Италијанските тифози и познатите хулигани ќе ја бараат глави. Меѓутоа, јасно е дека неуспехот на репрерзентацијата го плаќа данокот на тоа што во најдобрите италијански клубови речиси целите први тимови се составени од странски скапоплатени играчи. Сите, а најверојатно и самите „аѕури“ по првите две нерешени средби очекуваа како и секогаш досега на големите фудбалски настани, со еден гол и една победа да се квалификуваат во осминафиналето. Меѓутоа, како што се покажа и во првите два меча, оваа италијанска селекција во ниту еден момент не може да го наметне на противникот својот стил на игра, да го диктира темпото и одвивањето на настаните на теренот. Станува збор за очигледен дефицит од врвни фудбалски мајстори во редовите на италијанската селекција. Ниту, пак, успеа спојот меѓу искусни итнернациоанлци и помлади иргачи кои требаше да му дадат импулс на тимот. Италијанците и попладнево се претставија во катастрофално издание. Беа тотално неорганизирани и како што играа, Словачка беше доминантна во текот на натпреварот и го имаше под контрола резултатот а и многу рано имаше можност да го отвори мечот. Имено во 6. минута Хамшик од 12-ина метри шутираше остро но само покрај голот. Италијанците играа без каков и да е систем и идеја ниту од далеку незагрозувајќи го голот на Словачка. Така во 25.  откако пред својот шеснаесетник згреши Де Роси, Витек од втората шанса за неговата репрезентација ја турна Италија кон фудбалската бездна. Словаците до крајот на првиот дел ја направија и најопасната ситуација пред својот гол, кога веже Италијанците самите не можеа да го сторат тоа, кога во 41. минута Шкртел сакајќи со глава да ја исфрли топката таа мина малку над пречката од словачкиот гол. Но Кучка на самиот крај од првото плувареме со волеј од врвот на шеснаесетникот бие, за малку непрецизно. Италијанците како малку да се присобрале во соблекувалната меѓу двете полувремиња, па вториот дел го започнаа со две полушанси. Прво во 49. минута Јакинта од многу добра позиција многу лошо шутираше со глава, а седум мминути подоцна Ди Натале од десет метри откосо ја испушти најдобрата шанса за „аѕурите“ дотогаш. Шкртел во 67. минута на самата гол линија го блокираше шутот на Кваљарела. Словаците првпат се заканија во вториот дел во 72. минута кога Стох по една брз контроа ја шутна топката покрај италијанскиот гол.Но веќе во следната минута италијанската работа и дефинитивно тргна надоле. Денешниот словачки херој Витек во 73. минута по изведување на корнерот и проиграувањето од Хамшик во италијанскиот петерец го постигна својот втор гол и убедливо водство до 2:0. По осум минути надеж за Италијанците пружи Ди Натале кој од непсоредна близна намали на 1:2. Во меѓувреме италијанските фудбалери покажаа обид да се стигне до пресврт, но беа добро покриени а Словаците докрај го иронизираа мечот во финишот спроведувајќи го на дело стилот што досега беше познат како „италијански“ кога е потребно времето да тече. Покрај стриктното блокирање на противниците, Словаците воопшто не се срамеа да одглумат повреда по секој дуел со италијански фудбалер. И во таква игра во 89. минута Копунек истрчува до италијанскиот шеснаесетник и зголемува повторно на два гола разлика за Словаците. Италија до крајот успеа да намали преку Кваљарела во втората минута по истекот на регуларноио тек, а само неколку мига пред дефинитивниот крај на мечот, Пепе од непосредна близина не успеа да израмни.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Голчиште на Собослај, а потоа победа на Сити во дербито

Објавено пред

Манчестер Сити го доби Ливерпул на „Ефилд“ во 25.коло во Премиер лигата, со 2:1 и остана во трката за шампионската титула.

dobivaj vesti na viber

Сè што беше важно се случи во последните 20 минути од натпреварот. Ливерпул поведе во 74-та минута, но со голови во 84-та и 93-та минута, Сити направи пресврт и запиша три важни бода.

Доминик Собослај постигна гол за водство на Ливерпул со моќен погодок од слободен удар со помош на стативата. Сити израмни по само десет минути, кога Бернардо Силва натрча на топката која ја доби од Ерлинг Халанд.

Во судиското продолжение, Сити победи откако Алисон направи пенал, а Халанд го реализираше.

Рајан Шерки исто така постигна гол во 100-та минута, но тој гол беше поништен поради претходен прекршок на Доминик Собослај, кој доби црвен картон.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Трамп го критикуваше американскиот скијач: „Срамота е што ја претставува Америка“

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше американскиот олимписки скијач Хантер Хес, неколку дена откако спортистот изрази измешани чувства во врска со претставувањето на САД на Зимските олимписки игри во северна Италија, пишува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

„Ако е така, ни немал потреба да се обиде да се квалификува за репрезентацијата и срамота е што е дел од неа“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social, осврнувајќи се на коментарите на Хес. „Многу е тешко да се навива за некој таков.“

Зимските олимписки игри беа одбележани и со политички тензии, меѓу другото и поради присуството на службеници на американската Служба за имиграција и царина (ICE). Оваа агенција се соочи со масовни протести низ САД откако нејзини агенти минатиот месец во Минеаполис застрелаа и усмртија две лица.

Хес, скијач во слободен стил, изјави на прес-конференција во Милано во петокот дека му е „малку тешко“ да ја претставува Америка и дека има измешани чувства.

„Очигледно се случуваат многу нешта со кои не се согласувам, а верувам дека и многу други не се согласуваат“, рече тој.

„Тоа што ја носам знамето не значи дека претставувам сè што се случува во САД.“

Неговиот колега од репрезентацијата, Крис Лилис, на истата прес-конференција исто така истапи против дејствувањето на Службата, велејќи дека поради тоа му е „скршено срцето“.

„Мислам дека како земја треба да се фокусираме на почитување на правата на сите луѓе и да се погрижиме кон нашите граѓани, како и кон сите други, да се однесуваме со љубов и почит“, изјави Лилис.

„Се надевам дека луѓето, гледајќи ги спортистите на Олимписките игри, ќе сфатат дека тоа е Америка што ние се обидуваме да ја претставиме.“

Прикажи повеќе...

Спорт

„Сѐ се случи за миг“ – сестрата на Линдзи Вон зборуваше за нејзината состојба по страшниот пад на Олимписките игри

Објавено пред

Линдзи Вон моментално е на лекарски прегледи по тешкиот пад што ѝ се случи утрово, потврди нејзината сестра Карин Килдо во изјава за „Ен-Би-Си“. Таа рече дека сцената била застрашувачка и многу тешка за гледање.

dobivaj vesti na viber

„Тоа дефинитивно беше последното што сакавме да го видиме. Сѐ се случи многу брзо и во такви моменти само се надеваш дека е добро“, рече Килдо.

Таа додаде дека станало уште пострашно кога забележале дека изнесуваат носила.

„Тоа никогаш не е добар знак. Но, како што вели онаа изрека за човекот во арената – таа се осмели, даде сѐ од себе и одеше до крај. Тешко е да се гледа, но најважно е таа да биде добро“, изјави таа.

Сестрата на познатата американска скијачка потврди дека во моментов не знаат што следува: „Превезена е со хеликоптер од местото на несреќата. Со неа се сите нејзини лекари, хирурзи и физиотерапевти. Ќе не известат и ќе отидеме во болницата каде што ја прегледуваат. Засега знаеме само дека е на прегледи и се надеваме наскоро да добиеме повеќе информации.“

Главниот брзински тренер на американскиот скијачки тим, Пол Кристофик, изјави дека Линдзи Вон и понатаму е под медицинска проценка во Кортината, а тимот сѐ уште нема добиено никакво ажурирање за нејзината здравствена состојба.

„Сѐ уште не знаеме ништо конкретно“, изјави Кристофик. „Таа е со медицинскиот тим во болница. Во моментов се проценува во Кортината. А потоа, во зависност од сериозноста на повредата, ќе се донесе одлука каде ќе биде сместена.“

(Видео) Тежок пад на Линдзи Вон на Олимписките игри

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија9 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија11 часа

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија12 часа

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија15 часа

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура16 часа

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет16 часа

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет1 ден

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија1 ден

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија1 ден

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија1 ден

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет2 дена

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет2 дена

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија2 дена

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија2 дена

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија2 дена

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија2 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија2 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...