Македонија
Меѓународни денови во Центар
Општина Центар во соработка со Стопанската Комора за Туризам организира „Меѓународни денови на Општина Центар – Денови на креативност“, кои ќе се одржат од 3. до 5. декември.На настанот се поканети претставници од збратимените општини, Стари Град од Белград, Возраждање од Софија, Чанкаја од Анкара и Шефченкискиот регион на државна администрација на градот Киев.Овие четири општини ќе ги претстават туроператори, гастрономи, винарии и ракотворци.Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи во Дом на АРМ во петок во 18 часот.Во рамки на овој меѓународен настан во фоајето на Домот на АРМ ќе бидат изложени фотографии на тема Центар – вчера, денес, утре, и цртежи од учениците во основните училишта на тема „Моето омилено место во Општина Центар“.Во сабота во 11 часот организирана е посета на винарите „Фонко“ и „Тиквеш“, со што делегациите ќе имаат можност да ги дегустираат квалитетните македонски вина.Како ексклузивен настан во рамките на манифестацијата се најавува гостувањето на Народно позориште од Белград со претставата „Дервишот и смртта“, со две претстави во Македонската опера и балет на 4 и 5 декември. Станува збор за најуспешната претстава на Народно позориште од Белград, во која главната улога ја има нашиот актер Никола Ристановски. крај/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Во среда македонски евергрини на „Џез под ламба“ кај Италијанска амбасада
Општина Центар, информира дека и годинава, во среда, 25 декември со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада.
Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека на овој настан граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез верзија на македонските евергрини од Искра Србиновска квартет, но и да пробаат греано вино и печени костени.
„Во среда ги слушаме омилените македонски евергрини во џез верзија. Ги повикувам сите граѓани кои сакаат да слушнат добра македонска музика да дојдат и заеднички да го прославиме нашиот културен идентитет и да уживаме во музиката во пресрет на новогодишните празници. Се гледаме на македонски џез“, порачува Герасимовски.
Настанот „Џез под ламба“ е во организација на Општина Центар, а во соработка со МГ Мјузик продукција.
Скопје
Делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај.
· од 07:00 до 16:00 часот, корисниците од улиците: Божин Николов, Хаџи Трајко и Горно Лисиче (во делот кон село Долно Лисичче) во општина Аеродром;
· од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во општина Сарај;
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Милан Мијалковиќ во општина Кисела Вода.
Македонија
Студен бран со врнежи од дожд и снег
Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25л/м2) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.
Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч). Потоа до четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладне. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Во следните три дена ќе има услови за провејување на снег, особено во среда.