Контакт

Hitech

Нова генерација на сигурносни врати, и вратите стануваат паметни ВИДЕО

Објавено пред

Паметна врата е врата која можете да ја отклучите и заклучите со помош на својот смартфон и од кое и да е место на земјата да одлучите кого ќе пуштите во домот.

dobivaj vesti na viber

Администратотот на вратата може да доделува и одзема привилегии на телефонски броеви што можат да ја отклучуваат и заклучуваат вратата. Сопственикот добива известување за точното време кога е отклучена и заклучена вратата, како и кое лице ја отклучило.

Доколку се случи обид за провала, вратата активира аларм, се активира сирена на самата врата и на сопственикот му праќа дојава за обид на провала на неговиот телефон.

Водечките светски брендои во производство на сигурносни брави и цилиндри на неколку години лансиараат нови линии на сигурносни цилиндри. Паралелно со нив крадците пронаоѓаат начини за нивно обивање и ова отсекогаш бил кругот на откривање на нови технологии на заштита и на пробивање на истите.

Нов чекор на пазарот на сигурносните врати се паметните врати, врати кои имаат невидливи брави, брави кои не се отвораат со клуч туку со картичка или преку смартфон.

За максимална сигурност премиум типовите на сигурносни врати имаат тројна заштита на вратите се поставува цилиндар „snake“ од последната генерација кои се отпорни на кршење, на бушење и на бампинг (технологија која е многу актуелна во последно време, со помош на калауз клуч или специјална направа се спуштаат еден по еден пиновите на цилиндерот и се отклучува вратата исто како да е користен клуч) во случај крадците да пронајдат начин да го отворат цилиндерот, ги чека ново изненадување, вратата е сеуште заклучена на втората брава, која не се гледа од надвор и тие не знаат каде е позиционирана. Имаат само 10 секунди да ја отворат, во спротивно се вклучува сирена и сопственикот се алармира со праќање на смс порака.

Ако крадците претходно ја исклучат струјата, ни тогаш не го решиле проблемот, зашто вратите имаат вграден акумулатор./крај/мф/би

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

„Опен ВИ“ го претстави „Чат ГПТ 5“, дава поточни одговори за медицината, науката, финансиите

Објавено пред

Компанијата „Опен АИ“ денес официјално го претстави својот долгонајавуван модел на вештачка интелигенција „ГПТ-5“, кој сега е достапен бесплатно за сите корисници.

dobivaj vesti na viber

Според компанијата, тоа е нивниот најпаметен, најбрз и најкорисен модел досега, кој дава поточни и порелевантни одговори во области како што се математика, наука, финансии, право и медицина.

„ГПТ-5 е првпат навистина да се чувствувате како да разговарате со експерт за која било тема“, рече извршниот директор на „ОпенАИ“, Сем Алтман, на денешната прес-конференција. Тој го спореди овој пробив со моментот кога „Епл“ ги претстави дисплеите со висока густина, чии поединечни пиксели повеќе не можеа да се видат со голо око.

Алтман тврди дека „ГПТ5“ е „најдобриот модел во светот за кодирање“ и пишување, но исто така и за здравствена заштита и долг список на други области.

За разлика од претходните верзии, „ГПТ5“ е претставен како „модел на расудување“, што значи дека користи итеративен пристап кон решавање проблеми – размислување низ повеќе чекори пред да понуди конечен одговор.

Компанијата е толку убедена во супериорноста на новата верзија што го најавува крајот на претходните: „Со доаѓањето на моделот ГПТ-5, ги откажуваме сите наши стари модели“, рече истражувачката Тина Ким за време на презентацијата.

Меѓу проблемите што ГПТ-5 наводно подобро ги решава се долгогодишните проблеми како што се „халуцинации“ – кога моделот измислува непостоечки информации – но и безбедносните ранливости, кои беа особено изразени во неодамнешните истраги како онаа на списанието „Вирд“.

Новиот модел, исто така, воведува можност за избор помеѓу четири предефинирани „личности“: циник, робот, слушател и гик, со цел дополнително прилагодување на стилот на комуникација на корисникот.

Сепак, и покрај помпезните тврдења, Алтман признава дека тие се уште се далеку од крајната цел – вештачка општа интелигенција (АГИ), термин што означува ниво на кое способностите на ВИ би ги надминале човечките.

„Искрено, го мразам терминот АГИ бидејќи секој го користи во различна смисла, но [ГПТ-5] е значаен чекор напред кон модели кои се навистина способни“, рече Алтман.

„Сè уште ни недостасува нешто клучно“.

Исто така, не е јасно дали ГПТ-5 ќе го реши проблемот познат како „Чат ГПТ психоза“, каде што некои корисници пријавиле чувство на губење на контакт со реалноста по долгите сесии за разговор со моделот. Засега, „Опен АИ“ најавува само воведување на „нежни потсетници за паузи“ за време на продолжена употреба.

Како и претходните генерации, ГПТ-5 се потпира на инфраструктура која бара огромни инвестиции и троши огромни количини енергија, што предизвика сè поголеми критики за неговото влијание врз животната средина. И покрај ова, „Опен АИ“ исто така објави два нови јазични модели со „отворена тежина“ претходно оваа недела – gpt-oss-120b и gpt-oss-20b – кои сега сигурно ќе паднат во втор план поради доаѓањето на ГПТ-5.

Компанијата, која започна како непрофитна организација, денес е една од највредните на пазарот. Во среда се појави информација дека „Опен АИ“ е во преговори за продажба на акции во секундарна понуда што би можела да ја процени на дури 500 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Hitech

Тимот на Албанката, Мира Мурати, не подлегнал на понудата на Цукерберг – борба за ѕвездите на вештачката интелигенција

Објавено пред

Дoдека Марк Цукерберг се обидуваше да фати чекор во трката за генеративна вештачка интелигенција, пред неколку месеци ѝ се обрати на поранешната техничка директорка на „Опен ВИ“, Мира Мурати, со понуда да го купи нејзиниот нов стартап „Тинкинг машинс лаб“.

dobivaj vesti na viber

Кога таа ја одби понудата, Цукерберг почна целосна офанзива. Во неделите што следуваа стапи во контакт со повеќе од десетина вработени од нејзиниот 50-член тим обидувајќи се да ги убеди да преминат во неговата компанија. Главна цел му бил Ендру Талок, истакнат истражувач и коосновач на стартапот.

За да го добие, Цукерберг понудил пакет, кој, со бонуси и пораст на акциите, би можел да достигне и до 1.5 милијарда долари во рок од најмалку шест години, според извори запознаени со понудата.

Талок ја одбил понудата. Никој од неговите колеги исто така не заминал.

Портпаролот на „Мета“, Енди Стоун, го нарекол извештајот за понудата неточен и смешен нагласувајќи дека висината на компензацијата зависи од растот на акциите. Додал дека „Мета“ нема интерес за преземање на „Тинкинг машинс“.

Дури и во Силиконската Долина, каде што врвните инженери имаат огромна пазарна вредност, ретко се случува некој да одбие деветцифрени износи. Но како што расте борбата за таленти во областа на вештачка интелигенција (ВИ), дури и компаниите со најголеми буџети сфаќаат дека парите не се секогаш доволни.

Лојалност кон лидерите

Додека некои истражувачи се однесуваат како слободни агенти во потрага по поголема плата и влијание, други покажуваат непоколеблива лојалност кон своите лидери – харизматични фигури, кои во технолошката индустрија имаат статус на рок-ѕвезди. Културата во стартапите силно ги поврзува вработените. Истовремено, по години меѓусебно крадење кадри, тимовите стануваат вешти во самозаштита.

„Опен ВИ“ и стартапите што ги основале поранешни вработени, како оној на Мурати, често се цел на Цукерберг.

Од самиот почеток на трката за ВИ пионерите привлекуваа истражувачи со ветување дека ќе учествуваат во историска мисија – создавање вештачка општа интелигенција (AGI), систем попаметен од човекот во повеќето задачи. „Опен ВИ“ ја претвори оваа мисија во своевидна квазирелигиозна потрага, со непрофитна повелба. која гарантира дека трудот ќе ѝ служи на човечноста.

„Мета“ веќе стапила во контакт со повеќе од 100 вработени во „Опен ВИ“ и успеала да вработи најмалку десетмина. На 25 јули Цукерберг го назначи кинескиот истражувач Шенгји Жао, кој поминал три години во „Опен ВИ“, за раководител на новиот тим за суперинтелигенција.

Тие што засега ја одбиле понудата велат дека веруваат во мисијата на „Опен ВИ“ сакаат да работат во помали компании и не сакаат нивниот труд да заврши во производи водени од рекламирање.

Мурати, Сацкееверс и отпорот кон перење кадри

Уште помал успех Цукерберг има со „Антропик“, стартап вреден 170 милијарди долари, кој го води Дарио Амодеи – поранешен член на „Опен ВИ“, кој со себе повлекол врвни стручњаци. Сите седум коосновачи на „Антропик“ сè уште се дел од компанијата. Многумина се поврзани преку движењето за ефективен алтруизам, кое уште пред десет години предупредуваше дека ВИ може да излезе од контрола и да го загрози човештвото.

Некои дури живееле заедно во куќа во Сан Франциско дискутирајќи како најдобро да го донираат своето богатство и како да се справат со ризиците од ВИ.

Засега Цукерберг успеал да вработи само двајца поранешни вработени на „Антропик“- Џоел Побар и Антон Бахтин – и двајцата со претходно искуство во „Мета“.

Стартапот „Сејв суеринтелиџенс“ (Safe Superintelligence SSI), основан лани од Иља Сацкееверс, исто така е речиси отпорен на обиди за регрутирање. Наместо да доведе познати кадри „Опен ВИ“, Сацкееверс се фокусирал на неафирмирани таленти со нови идеи, кои тој лично ги менторира. Вработените се обесхрабруваат да го наведуваат SSI на „Линкд ин“ – токму за да избегнат лов на глави. На почетокот од годината и Сацкееверс ја одбил понудата на Цукерберг.

Која е Мира Мурати, Албанката што ја тресе Силициумската Долина: Ја напушти „Опен ВИ“, па создаде компанија

Родена во Албанија, Мурати поминала шест години во „Опен ВИ“ како техничка директорка раководејќи речиси со сите клучни аспекти на компанијата. Била позната по емоционалната интелигенција и скромноста, што ѝ ја донело лојалноста на истражувачите и инженерите.

Во „Тинкинг машинс“ воспоставила слична, рамна хиерархиска структура – сите, дури и најискусните истражувачи, имаат титула член на техничкиот тим, инспирирано од некогашниот „Бел лабс“.

Кога во февруари ја основала „Тинкинг машинс“, повеќе од 20 поранешни колеги од „Опен ВИ“ ѝ се приклучиле, вклучувајќи го и Џон Шулман – еден од клучните умови зад „Чат џипити“, кој претходно преминал во „Антропик“. Најголем дел од нејзините нови вработени доаѓа од посттренинг-тимот на „Опен ВИ“, кој го создал „Чат џипити“ и го учел како да комуницира со луѓето.

Инвеститори неодамна вложиле 2 милијарди долари во нејзиниот стартап, иако некои од нив сè уште не знаат точно на што работи. Декларирана мисија: „Да се направи ВИ поразбирлива, пофлексибилна и општо поспособна“.

Набргу најавила лансирање на прв производ, со мултимодална ВИ, која функционира „како што природно комуницирате со светот“. Уредот го сместиле во тивок дел во Сан Франциско, неколку улици оддалечен од „Опен ВИ“.

„Мета“ и Талок – уште една пропуштена можност

„Вирд“ претходно објави дел од обидите на „Мета“ да ги регрутира кадрите од „Тинкинг машинс“.

Ендру Талок, коосновачот на компанијата, бил централна цел на кампањата. Цукерберг и Александар Ванг, новиот шеф на тимот за суперинтелигенција во „Мета“, му праќале многубројни пораки за да го убедат да им се приклучи.

Роден во Австралија, Талок дипломирал на Универзитетот во Сиднеј со највисок просек меѓу студентите по природни науки. Работел во „Фејсбук“ 18 месеци пред да се запише на постдипломски студии во Кембриџ, а потоа се преселил во Калифорнија, каде што станал distinguished engineer во тимот за вештачка интелигенција – една од највисоките технички позиции.

„Беше познат како екстремен генијалец“, вели Мајк Вернал, поранешен директор во „Фејсбук“.

Уште во 2016 година, три години по неговото доаѓање во „Фејсбук“, претседателот на „Опен ВИ“, Грег Брокман, се обидел да го регрутира. Во е-пошта до Илон Маск, Брокман напишал дека Талок тогаш добивал 800.000 долари годишно во „Фејсбук“ и дека веројатно ќе бара повеќе. „Опен ВИ“ тогаш нудел 175.000 долари плата, со бонус од 125.000.

„Ендру е многу блиску до ‘да’. Но загрижен е поради големото намалување на платата“, напишал Брокман на 21 февруари. Талок тогаш не прифатил.

Во „Опен ВИ“ се приклучил дури седум години подоцна, во момент кога „Чат џипити“ веќе беше глобален феномен.

Прикажи повеќе...

Hitech

Претставничкиот дом на САД го забрани „Ватсап“ на службените уреди

Објавено пред

На помошниците во Конгресот на САД наводно им било кажано дека повеќе не можат да го користат WhatsApp  (Ватсап) на службени уреди. Главниот административен службеник на Претставничкиот дом (CAO) наводно во понеделникот го известил персоналот дека апликацијата – вклучувајќи ги мобилните, десктоп и веб верзиите – не е дозволена на уредите управувани од Претставничкиот дом.

dobivaj vesti na viber

„Канцеларијата за сајбер безбедност процени дека WhatsApp претставува висок ризик за корисниците поради недостаток на транспарентност во однос на заштитата на корисничките податоци, недостатокот на енкрипција на податоците во складиштето и потенцијалните безбедносни ризици поврзани со неговата употреба“, навел CAO во електронската пошта, според „Аксиос“

Microsoft Teams, Wickr, Signal, iMessage и FaceTime се наведени како прифатливи алтернативи. Вработените беа потсетени и да бидат претпазливи во врска со можни фишинг напади.

„Не се согласуваме со карактеризацијата што ја даде главниот административен службеник на Претставничкиот дом“, напиша портпаролот на Мета, Енди Стоун, на Network X.

„Знаеме дека членовите на Конгресот и нивните соработници го користат WhatsApp редовно и со нетрпение очекуваме да им дозволиме на членовите на Претставничкиот дом да го користат официјално, како што веќе прават нивните колеги од Сенатот. Пораките на WhatsApp се заштитени со енкрипција, што значи дека може да ги види само примателот, дури ни WhatsApp нема пристап. Тоа е повисоко ниво на безбедност отколку за повеќето апликации од списокот на CAO кои ја немаат оваа заштита“.

Оваа мерка доаѓа по ограничувањата за користење на други апликации кои беа оценети како ризични. Меѓу нив се ChatGPT, TikTok, DeepSeek и Microsoft Copilot.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ДУИ: Од Балансер до Бадeнтер, план за рушење на уставниот поредок

Северна Македонија никогаш немала влада- по настроена против Охридскиот договор, против европската иднина и европската интеграција и повеќе од рамнодушна...

Свет2 часа

Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека европските политичари во моментов се „најжестоките противници на мирот во Украина“,...

Топ3 часа

Го удирале со боксови по целото тело и глава: преку психијатриско вештачење ќе се утврди дали тројцата осомничени свесно го извршиле убиството во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како...

Свет3 часа

Зеленски ги повика Унгарија и Кина да извршат притисок врз Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Унгарија и Кина да влијаат врз Москва да ги запре воените операции во Украина....

Свет3 часа

Венс: Конфликтот со Зеленски во Белата куќа беше корисен за Американците

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ. Д. Венс, изјави дека конфронтацијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, што се одржа во...

Македонија3 часа

На ГП Меџитлија откриени над 300 шишиња со хемиски препарати за прскање: спречен обид за криумчарење

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Во раните...

Свет4 часа

(Видео) Напаѓачот од САД се претставувал како жена: оставил морничави пораки

Напаѓачот во училиштето во Минеаполис, кој уби две деца и рани најмалку 17 други, е идентификуван додека полицијата истражува манифест...

Македонија16 часа

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за...

Македонија18 часа

Родителите од Демир Хисар револтирани: Законот ги принудува учениците на сместување во домови за да добијат превоз

Родители од Демир Хисар изразија незадоволство од измените на законот за средно образование и изразија загриженост за превозот на децата...

Македонија21 час

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија22 часа

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ22 часа

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија24 часа

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија1 ден

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ1 ден

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија1 ден

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет1 ден

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија1 ден

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет1 ден

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет1 ден

Зеленски: Од украинска страна сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...