Контакт

Европа

Ексхумирани останките на рускиот цар Николај II

Објавено пред

– Петропавловската тврдина крај Санкт Петербург, семејнта гробница на Романови

dobivaj vesti na viber

Одделот за истраги на рускиот Истражен комитет која работи на расветлувањето на убиството на смртта на руското царско семејство Романови во 1918 година, ги ексхумираше во средата во Санкт Петербург останките на царот Николај Втори и неговата сопруга Александра Федоровна.

Одделот за истраги на рускиот Истражен комитет која работи на расветлувањето на убиството на смртта на руското царско семејство Романови во 1918 година, ги ексхумираше во средата во Санкт Петербург останките на царот Николај Втори и неговата сопруга Александра Федоровна.

„Одлучивме да почнеме сé од почеток и повторно да ги спроведеме потребните вештачења. Затоа денеска, во рамките на истрагата, земавме делови од посмртните останки на царот Николај Втори и царицата“, изјави за новинарите еден од шефовите на истрагата Владимир Соловјев.

Ексхумацијата е направена за спроведување дополнителни истражувања во врска со останките откриени во Екатенбург во 2007 година за кои постојат сомневање дека потекнуваат од најстариот син на двојката принцот Алексеј и големата кнегиња Марија.

Во средата беше објавено дека Истражниот комитет повторно ја отвори кривичната истрага за убиството на руското царско семејство Романови, како и луѓето од нивната придружба. Покрената во 1993 година, истрагата за убиството на царското семејство беше заклучена во 2009 година, бидејќи немало значаен напредок, но судот ја поништи таа одлука во 2010 година.

Руската православна црква, која веќе долг период изразува сомневање во автентичноста на споменатите посмртни останки, побара во јули годинава повторно отворање на истрагата.

Според портпаролот на Истражниот комитет, Владимир Маркин, „работната група дала предлог за спроведување дополнителна идентификациска истрага објектите, коишто претходно не ѝ биле достапни на истрагата, односно останките на сестрата на императорката Александра Федоровна Романова, големата кнегиња Елисавета Фјодоровна, кои се во Ерусалим, како и примероците од крвта на дедото на царот Николај Втори, императорот Александар Втори, кој убиен за време на терористички чин во1881 година, која се наоѓа на неговата униформа“.

Покрај тоа, истрагата треба да проучува и архивски материјали откриени по 2011 година поврзани со ткн „белогардејската“ истрага, која се водела меѓу 1918 и 1924 година, како и со судбината на материјалните докази во врска со ова убиство.

Истрагата за околностите на смртта на членовите на царското семејство Романови и членовите на нивната придружба беше иницирана во 1993 година откако беше откриена масовна гробница во близината на Екатеринбург, во областа Ганина јама. Во текот на идентификацијата на останките истрагата утврдила дека тие припаѓаат на стреланите во моќта на 17-ти јули 1918 година, царот Николај Втори, неговата сопруга Александра Фјодоровна Романова, нивните деца големите кнегињи Олга, Татјана и Анастасија Романови, како и на лица од нивната придружба, како лекарот Евгениј Боткин , помошничката Ана Демоидова, готвачот Иван Харитонов и лакејот Алексеј Труп.

Во 1998 година истрагата била прекината поради смртта на наводните сторители на убиството.

На 29-ти јули 2007 година во текот на археолошки ископувања во рамките на трагањето по останките на принцот Алексеј и големата кнегиња Марија Николаевна Романова, малку појужно од местото на кое се откриени останките на Романови и нивната придружба, биле откриени фрагменти од коски и аби од две лица, жена и момче, со знаци дека биле изложени на висока температура.

Оттаму, за утврдувањето на дополнителните околности за смртта и погребувањето на царското семејство повторно беше прелиминарна истрага. Притоа стручњаците утврдиле дека останките од гробницата им припаѓаат на децата на царот и затоа повторно е донесена одлука за затворање на истрагата.

„Големата кнегиња Марија Владимировна ја поздравува одлуката на Истражниот комитет за обновување на истрагата за смртта на членовите на царското семејство и ја смета за разумна и праведна“, изјави за агенцијата ТАСС, адвокатот на семејството Романови, Герман Лукјанов.

Истакнал дека големата кнегиња смета оти обновувањето на истрагата потврдува дека порано „во случајот не биле утврдени сите околности за смртта на членовите на царското семејство и не било дадени целосни и јасни одговори на прашањата од Руската православна црква“.

„Големата кнегиња се надева дека испитувањето на останките од Екатеринбург ќе имаат научен карактер, а прелиминарната истрага по обновеното кривично дело ќе биде сеопфатна, објективна и целосна. Треба да биде утврдена вистината и да се даде одговор на главното прашање – кому му припаѓаат останките“, додал адвокатот Лукјанов./крај/мф/сн

Извор: ТАСС

Европа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“.

dobivaj vesti na viber

Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските земји како што се Велика Британија, Франција и Германија.

„Се обидуваме да го разработиме тоа и мислам дека сега сме поблиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Имавме бројни разговори со претседателот Путин на Русија и мислам дека сега сме поблиску од кога било досега, па ќе видиме што можеме да направиме“.

На прашањето дали неодамна разговарал директно со Владимир Путин, Трамп одговори остро: „да, разговарав“, без да навлегува во детали.

Сепак, Трамп се чини дека сугерираше дека во замена за безбедносни гаранции, Украина ќе мора да се согласи да отстапи делови од источниот регион Донбас што сè уште се контролирани од Киев – можност што Зеленски претходно силно ја отфрли.

На прашањето каков поттик ќе има Украина за да се откаже од територија, Трамп одговори: „Па, искрено, тие веќе изгубија територија“.

Тој додаде дека Европа, која и покрај противењето на Русија повторно предложи испраќање мултинационални мировни сили, ќе биде „голем дел“ од секоја безбедносна гаранција.

Прикажи повеќе...

Европа

Крај на краткорочните изнајмувања на станови за туристи во Шпанија, Airbnb е казнет

Објавено пред

Шпанија го казни Airbnb со огромни 65 милиони евра за рекламирање недвижности за краткорочно изнајмување без соодветни дозволи. Одлуката доаѓа во време кога расте притисокот врз владата да го ограничи туристичкото сместување во услови на продлабочување на кризата со домувањето, објавува Euronews.

dobivaj vesti na viber

Шпанското Министерство за заштита на потрошувачите соопшти дека казната е конечна и дека на платформата со седиште во САД ѝ е наредено веднаш да ги отстрани сите нелегални огласи. Официјалните лица изјавија дека повеќе од 65.000 огласи на Airbnb ги прекршуваат шпанските закони за заштита на потрошувачите, вклучително и огласување недвижности без дозволи или со неважечки броеви за лиценца.

Казната е шест пати поголема од профитот што Airbnb го оствари од спорните огласи помеѓу времето кога властите ја предупредија компанијата и времето кога огласите конечно беа отстранети.

Зошто беше казнет Airbnb?
Според шпанските власти, 65.122 огласи на Airbnb ги прекршиле прописите дизајнирани да ги заштитат закупците и потрошувачите. Многу од овие имоти се наоѓале во региони каде што краткорочните изнајмувања се ограничени или бараат експлицитно одобрение.

Министерството нагласи дека од платформите како Airbnb се очекува да проверат дали имотите рекламирани во Шпанија се во согласност со локалните и регионалните прописи за домување. Кога не го прават тоа, велат, тие изнајмувања остануваат на пазарот подолго отколку што треба, намалувајќи го бројот на домови достапни за жителите кои бараат долгорочен смештај.

Министерот за права на потрошувачите, Пабло Бустиндуј, рече дека има „илјадници семејства кои живеат на работ“ поради кризата со домувањето во земјата, додека некои компании профитираат од „бизнис модели што ги принудуваат луѓето да ги напуштат своите домови“.

Борбата против нелегалните изнајмувања не е ограничена само на Airbnb. Во јуни, Шпанија, исто така, му наложи на Booking.com да отстрани повеќе од 4.000 нелегални огласи.

Барселона ја предводи борбата против масовниот туризам
Барселона стана епицентар на борбата на Шпанија против краткорочните изнајмувања. Градот оваа година објави планови за постепено укинување на сите туристички станови до 2028 година, со што ефикасно ќе им се забрани на платформи како Airbnb да продаваат приватно сместување во станбени згради.

Градските лидери велат дека краткорочните изнајмувања ги испразнија локалните населби, ги истиснаа жителите од пазарот за изнајмување и ги трансформираа цели населби исклучиво за туризам. Локалните заедници се согласуваат, а протестите – од мирни маршеви до напади со водени топови – се сè почести против масовниот туризам и растечките трошоци за живот.

Другите регионални и национални власти во Шпанија следат сличен пат. Повеќе од 53.000 нелегални туристички станови неодамна беа отстранети од официјалните регистри низ целата земја, главно во Андалузија, Канарските Острови, Каталонија и Валенсија.

Шпанија пречека рекордни 94 милиони странски туристи во 2024 година и е на добар пат да го надмине тој рекорд оваа година. Иако туризмот останува клучен економски столб, официјалните лица велат дека построгата регулација на краткорочните изнајмувања е клучна за балансирање на растот на бројот на посетители со квалитетот на животот на локалното население.

Прикажи повеќе...

Европа

Турски борбени авиони соборија дрон „надвор од контрола“ во близина на брегот на Црното Море

Објавено пред

Турција собори беспилотно летало „надвор од контрола“ кое се приближувало до нејзиниот воздушен простор над Црното Море, соопшти Министерството за одбрана. Инцидентот се случува по украинските напади врз руските танкери од „флотата во сенка“ покрај турскиот брег и предупредувањата од турските политичари за опасностите од ширење на војната во Украина, објави АП њуз.

dobivaj vesti na viber

Министерството во соопштението наведува дека борбените авиони Ф-16 биле испратени по откривањето на објектот. „За да се избегне каква било потенцијална штета, тој бил соборен во безбедна зона надвор од населените области“, се додава во соопштението. Во соопштението не се дадени дополнителни детали за локацијата или времето на инцидентот.

Украина соопшти дека нејзините поморски беспилотни летала погодиле два танкери на 28 ноември, додека трет брод бил погоден на 2 декември додека се движел кон турското пристаниште Синоп. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги осуди претходните напади како закана за „безбедноста на навигацијата, животите и животната средина, особено во нашата ексклузивна зона“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа57 минути

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет2 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет3 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет3 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет3 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа3 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија13 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет14 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет16 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет17 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија19 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија21 час

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија23 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет23 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет1 ден

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа1 ден

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет1 ден

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет1 ден

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет1 ден

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...