Европа
Вашчиковски: Состојбата на полската демократија не толку лоша како што се чини од далеку
Полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски изјави во понеделникот дека состојбата на демократијата во неговата земја е подобра отколку што изгледа однадвор и ги повика германските политичари кои ја критикуваат полската конзервативна влада самите да се уверат во тоа.
„Најдоброто решение би било германските политичари да ја посетат Полска за самите да се уверат дека состојбата со демократијата не е толку лоша како што изгледа од далеку“, изјави шефот на полската дипломатија Витолд Вашчиковски откако го повика германскиот амбасадор во Варшава, Ролф Никел, за да му изрази протест против „антиполските“ изјави на некои германски политичари.
Односите на Полска со Германија и со Европската унија се влошија откако на изборите во октомври победи партијата Право и правда (PiS), која ги заговара конзервативните католички вредности и евроскептицизмот. Партијата PiS со контроверзните од аспект на ЕУ законите со кои челниците на јавните медиуми ќе бидат именувани од министерството за финансии, како и за реформите во уставниот суд, предизвика протести и обвинувања од страна на активистите за човекови права дека ја поткопува демократијата.
Владеењето на правото во Полска стана голема тема во европските медиуми, а еврокомесарот за дигитално општество Гинтер Етингер ја спомена можноста од активирање н на членот 7 од Договорот за ЕУ, кој предвидува суспендирање на правото на глас на држава членка која не ги почитува темелните принципи и вредности на ЕУ, а што досега никога не е користено.
Претседателот на Европскиот парламент, Германецот Мартин Шулц, негативно конотирајќи ги спореди активностите на полската влада со оние на рускиот претседател Владимир Путин во изјава за германскиот весник Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung.
Кон критиките на сметка на полската влада се приклучи и шефот на пратеничката група на CDU/CSU во германскиот Бундестаг, Вокер Каудер, во изјава за германските медиуми. Каудер рече дека ЕУ треба да воведе санкции за Полска, бидејќи таа според неговото мислење, ги погазува основните европски вредности. Доколку дијалогот со Варшава не даде резултати, ЕУ би требало да воведе економски санкции, рече Краудер.
„Никаков притисок ниту зборови, особено оние од устите на германските политичари нема да не одвратат од овој пат. Ние ќе ја обновиме Полска. Ние ќе ја спроведеме оваа програма за реформи“, изјави пред приврзаниците во неделата челникот на PiS Јарослав Лачински.
Во двете земји се стравува дека напнатоста може да доведе до расипување на дипломатските односи на чиешто воспоставување двете соседни земји со децении работеа, по завршувањето на Втората светска војна. Вашчиковски во понеделникот ги нарече односите меѓу Полска и Германија „богатство кои е треба да се заштита“.
„Германија и Полска се соседи, партнери и пријатели, повеќе од кога и да во историјата“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел преку својот портпарол ШТефан Зајберт во понеделникот.
Европската комисија својот прв годинешен состанок во средата ќе го посвети на состојбите во Полска, во врска со новите закони за уставниот суд и за јавните медиуми./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

