Македонија
СДСМ: Колку ќе не чини негативната реклама во “Телеграф“
„Никола Груевски да одговори колку ќе не чини оваа негативна реклама за странските инвестиции и водењето бизнис во Македонија“.
„Никола Груевски да одговори колку ќе не чини оваа негативна реклама за странските инвестиции и водењето бизнис во Македонија“.
Вакво прашање упати опозицијата откако британскиот весник „Телеграф“ обелодени дека владата на Груевски му го дала земјиштето за изградба на хотелот зад „Рамстор“ на британски инвеститор за да добие поддршка за членство во НАТО, а вистинскиот инвеститор на хотелот имал врска со бизнисменот Јордан Камчев.
Јани Макрадули од СДСМ покажа извод од Централниот регистер во Лондон во кој се гледа дека во 2008 и 2009 година фирмата имала финансиска или било каква друга активност еднаква на нула.
„Фирмата на Никола Груевски и неговите пријатели од Скопје и Лондон е мртва фирма. Во овој случај воопшто не станува збор за наводно лобирање во НАТО, туку за владин криминал и корупција“ изјави Макрадули.
„Стана јасно дека Орце Камчев не е случајно избран да биде контактот и спроведувачот на оваа операција, напротив тој е тука мозокот на бизнис операцијата на фамилијата. Македонија денеска остана и без НАТО и без атрактивно земјиште во центарот на градот“ додаде Макрадули. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

