Европа
Нормандиската четворка го продолжува ангажманот за примирјето во Украина
Претседателите на Украина, Русија и Франција, Петро Порошенко, Владимир Путин и Франсоа Оланд, и германската канцеларка Ангела Меркел, позната како „Нормандиската четворка“ во средата во речиси двочасовниот телефонски разговор го потврдиле својот натамошен ангажман на одржувањето на прекинот на огнот и повлекувањето на тешкото оружје на источна Украина, се наведува во соопштението од канцеларијата на францускиот челник.
Разговарале и за „подготовката за локални избори во регионот Донбас на почетокот од следната година“. Политичките челници на Украина, Русија, Франција и Германија, кои не разговараа како четворка од нивниот последен состанок во Париз на 2-ри октомври, ја истакнаа неопходноста од целосната примена, во текот на 2016 година, на сите точки од договорот постигнат во Минск.
Се согласиле дена состанокот на министрите за надворешни работи на четирите земји, кој би требало да се одржи од почетокот на февруари, „би требало да резултира со примена на пакетот мерки донесени во Минск“.
Со договорот од белоруската престолнина Минск, на почетокот од февруари 2015 година, со посредство на Франција и Германија, придонесе со речиси целосното прекинувања на активната фаза во судирите во источна Украина каде од почетокот на судирите во април 2015 година, во судирите меѓу силите лојални на прозападните власти во Киев и рускојазичните бунтовници во кои загинаа околу 9.000 луѓе./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ги убил двајцата внуци, па си пресудил самиот на себе: пензионер се забарикадирал во куќа во Шпанија
Трагедија се случи во мал шпански град кога пензионер ги уби своите двајца внуци на возраст од 10 и 13 години пред да се самоубие – два месеца откако сопруга и ќерката му загинаа во сообраќајна несреќа додека тој возел.
Полицијата ја опколила куќата на 72-годишниот маж откако тој синоќа се забарикадирал во имотот со момчињата.
Нивните три тела беа пронајдени околу 8.30 часот утринава во разни простории од куќата во Хуетор Тајар – град со околу 10.000 жители, во близина на градот Гранада во јужна Шпанија – кога насилно влегле вооружени полицајци.
Едното дете е убиено со огнено оружје, а другото се удавило.
Извори блиски до истрагата велат дека едно од децата имало прострелни рани, а другото се верува дека се удавило.
Истражителите на Цивилната гарда велат дека пензионерот се застрелал со истото огнено оружје што го користел за да го убие својот внук.
Неговата сопруга и ќерката, мајка на две деца, ја загубија борбата за живот кога беа исечени од остатоците од автомобилот што го управуваше 72-годишникот.
Европа
Се огласи болницата во Банска Бистрица: Ова се последните информации за состојбата на Роберт Фицо
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше ранет во обид за атентат минатата недела, е стабилна, соопштија од болницата во Банска Бистрица.
„Клинички се подобрува, комуницира, воспалителните параметри полека се намалуваат. Премиерот останува под наша грижа“, соопштија од болницата во Банска Бистрица по денешната седница на советот.
Фицо беше тешко ранет минатата среда по состанокот на кабинетот кога се приближи до насобраните луѓе.
Тој со хеликоптер беше префрлен во болницата во Банска Бистрица, каде што итно беше опериран и оттогаш е таму.
Претходните денови се зборуваше за префрлање на премиерот во друга институција, но како што може да се заклучи од денешното соопштение на болницата, тој засега останува во Банска Бистрица.
Европа
Украина со дронови нападна руска рафинерија: „Има штета, престана да работи“
Руска нафтена рафинерија во Славјанск, во Краснодарската област, беше оштетена по напад со беспилотно летало кон крајот на минатата недела, објави денеска државната новинска агенција „Тасс“ цитирајќи претставник на компанијата за безбедност.
Шест беспилотни летала погодија област на нафтена рафинерија во Славјанск во јужниот дел на Русија Краснодар во раните утрински часови, според локалните власти.
Новинската агенција „Интерфакс“ објави дека рафинеријата престанала да работи по нападот.
„Причинета е штета. Ќе се утврдат нејзината големина и опсегот“, ја цитира „Тасс“ изјавата на безбедносниот претставник Едуард Труднев во понеделникот.
Рафинеријата во Славјанск е приватна постројка со капацитет од речиси 100.000 барели дневно. Произведува гориво за домашни потреби и за извоз.