Спорт
Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата во Торонто

Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на АТП Мастерс 1000 турнирот во Торонто, каде во финалето го совлада Французинот Ричард Гаске, со 6-3, 6-2.
Тоа е трет наслов за српскиот тенисер годинава, по Австралија Опен и Мајами и 31 во кариерата.
На Роџерс купот во Канада славеше трет пат, со што се изедначи со Андре Агаси, а пред него е Иван Лендл со шест наслови.
Трофејот во Торонто, Ѓоковиќ го подигна десетина дена по разочарувачкиот настап на Олимписките игри во Лондон каде беше поразен во мечот за трето место.
„Поразите на Олимписките игри ми всадија уште поголема желба овде да се покажам во најдобро светло и да се обидам да го освојам насловот. Но, искрено не очекував победа по емоционалното трошење во Лондон“, вели Ѓоковиќ.
Гаске и понатаму го чека премиерниот наслов на турнир од Мастерс серијата. Пред шест години беше поразен токму во Торонто од Роже Федерер, а една година пред тоа швајцарскиот тенисер беше подобар и во Хамбург.
Французинот во неделата изгуби од Ѓоковиќ седми пат од осум меѓусебни натпревари. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Екс-играч на Челзи го засили Клуж

Курт Зума стана нов фудбалер на Клуж, објави романскиот клуб.
Искусниот дефанзивец потпиша двегодишен договор со Романците, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Тој пристигнува во Клуж како слободен агент, откако се раздели со Вест Хем ова лето. Може да се каже дека ова е еден од најголемите трансфери во оваа земја во последните години.
Во текот на својата кариера, Зума ги носеше дресовите на Евертон, Стоук, Сент Етјен, Челзи.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Елмас: Максимален фокус, Саудиска Арабија е сериозен ривал

Пред пријателскиот натпревар во Прага, Саудиска Арабија – Македонија на стадионот на Викторија Жижков, свој коментар даде и Ељиф Елмас. Нашиот репрезентативец истакна дека натпреварот ќе биде важен тест за селекцијата и увертира за квалификацискиот меч со Лихтенштајн.
“За нас пријателски натпревари не постојат. Овој дуел ќе ни даде многу, затоа што сите ќе видиме до каде сме и какви подготовки имавме. Играме против сериозен ривал, гледавме снимки од Саудиска Арабија и затоа ќе имаме максимален фокус. Овој меч е одлична подготовка и увертира за дуелот со Лихтенштајн. Имав добри подготовки, чувствувам дека сум подготвен. Овие два натпревари ќе ми значат многу, бидејќи по подолго време повторно ќе настапам во меч со голема важност.
Саудиска Арабија е тим кој игра со многу посед и знае да ја чува топката, па ќе мора да бидеме максимално сконцентрирани. Ние секогаш излегуваме на терен по победа, свесни за квалитетот кој го имаме. Секој настап за Македонија е мотив плус и верувам дека овој пријателски натпревар ќе биде од голема корист за нас.”
Izvot/ ffm.mk
Спорт
(Видео) Новинар и селекторот плачеа – Меси вечерва последен пат игра за репрезентацијата во Аргентина

Аргентина, актуелниот светски шампион, ќе одигра историски натпревар против Венецуела во квалификациите за Светското првенство во ноќта од четврток кон петок, по македонско време.
На „Монументал“ во Буенос Аирес, Лионел Меси ќе игра за Аргентина за последен пат на домашна почва. Неговиот 193-ти натпревар за Аргентина ќе биде и последен во Аргентина, за која постигна 112 гола, освои две јужноамерикански титули и една светска титула во последните четири години.
Меси има 38 години, а бидејќи Аргентина веќе го обезбеди својот настап на Светското првенство следната година, обидот да ја одбрани титулата ќе биде неговиот последен танц во националниот тим, а вечервашниот натпревар ќе биде последен за репрезентацијата во Аргентина. Затоа земјата го дочекува вечервашниот натпревар со тага.
На прес конференцијата селекторот Лионел Скалони доби прашање дали играњето со Лионел Скалони дали играњето со Меси за репрезентацијата, а подоцна и неговото тренирање е најдобрата работа во неговиот живот.
Скалони одговори емотивно, што можете да го видите од 2:20: „Да го делите теренот со него, да му ја додавате топката, сето тоа со него беше неверојатно. Возбудливо е да се освои Светското првенство со Лео. Она што ќе се случи утре ќе биде возбудливо. И ако навистина е неговиот последен натпревар дома, ќе се погрижиме да игра уште еден натпревар во нашата земја. И мора да уживате во тоа, како што секогаш велам.“
Потоа друг новинар почна да поставува прашање, но Скалони го прекина покажувајќи кон новинарот кој го постави претходното прашање и велејќи: „Тој плаче!“ После тоа продолжи: „Тоа не беше моја намера…“
Новинарот одговори во солзи: „Ми ја пруживте најголемата радост во мојот живот…“ Потоа Скалони исто така почна да плаче. Еден новинар кој сакаше да постави прашање го праша селекторот дали треба да почека. Скалони одговори: „Не, не, слободно. Ова беше предизвикано од тоа што видов колку го направив среќен.“