Европа
Жителите на ЕУ се за останување на Британија

Европските граѓани се понаклонети од Британците на останувањето на Велика Британија во Европската унија, а малцинството стравува од последиците од ткн Брекзит, покажа истражувањето на јавното мнение спроведено во пет европски земји пред одржувањето на британскиот референдум на ова прашање кој ќе се одржи на 23-ти јун, објавено во средата во Франција.
Додека во истражувањето на институтот TNS се покажува дека британските граѓани се многу поделени, 38 отсто се за останување а 34 проценти се за излегување додека 28 отсто не се одлучени, дури 78 отсто од Германците сакаат Велика Британија да остане членка на Европската унија, како и 67 отсто Шпанци, 59 отсто Французи и 54 отсто Полјаци.
Приврзаниците на Брекзитот ги има 13 отсто во Германија, 7 отсто во Шпанија, дур 4ѝ1 процент во Франција и 7 отсто во Полска.
Околу резултатите од гласањето на референдумот на 23-ти јуни, прогнозите се многу неодредени. Во Британија 40 отсто сметаат дека ќе победат приврзаниците на останувањето, додека 26 проценти прогнозираат победа на приврзаниците на излегувањето од ЕУ. Околу 34 отсто немаат идеја што може да се случи.
На прашањето за последиците од евентуалниот Брекзит, само 10 отсто од Британците мислат дека економската ситуација во Унијата со тоа ќе биде подобрена, а 38 отсто дека ќе биде послаба а 21 процент дека нема да се промени.
Анкетата на TNS, која е дел од компанијата Kantar, истовремено била спроведена во Франција, Германија, Шпанија, Полска и Британија од 4-ти до 14-ти април. Ја објавија во средата во Франција дневниот весник Le Figaro, радиото RTL и телевизијата LCI./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин