Свет
Мексико:Пронајдени шест тела во близина на Канкун
Полицијата во Мексико ги пронашла телата на шест лица во една пештера во близина на популарното летувалиште Канкун, од кои три тела биле целосно масакрирани и им биле извадени срцата.
Полицијата во Мексико ги пронашла телата на шест лица во една пештера во близина на популарното летувалиште Канкун, од кои три тела биле целосно масакрирани и им биле извадени срцата.
Полицијата и натаму го утврдува идентитетот на жртвите, четири мажи и две жени кои биле пронајдени во пештерата, соопшти јавниот обвинител Франциско Алор.
„Жртвите се мачени, а градите им биле расечени и срцето извадено“, изјави Алор.
Полицијата претпоставува дека најверојатно станува збор за пресметка меѓу нарко банди.
Вооружена група вчера упадна во еден стан каде што група девојки имале веселба и отворила оган врз присутните, но и дел од гостите биле вооружени и возвратиле на огнот. Во престрелката загинале две девојки и еден напаѓач.
Ширум Мексико во пресметките на нарко бандите загинале повеќе од 22.700 лица од 2006. година наваму. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Тешко болните деца се лекувале и хранеле со производи со поминат рок во Романија
Бран истраги беше покренат по шокантните снимки од центрите за деца со попреченост во Муреш, Романија.
Надлежните отворија две кривични дела поради сомнение за организиран криминал и вршат бројни контроли. Сè започна откако во четири центри во Тарг Муреш беа откриени деца кои беа чувани во нехумани услови, затворени во соби и третирани со лекови со поминат рок, пренесуваат медиумите во регионот.
Инспекцијата од Управата за заштита на децата, како и мешовитата комисија формирана на ниво на префектурата Муреш, утрово ги започна проверките. Во текот на денот ќе бидат проверени сите центри во Тарг Муреш кои згрижуваат деца со пречки во развојот.
Ќе се разгледува документацијата, како и други аспекти пријавени од Центарот за правни ресурси, заедно со инспектори од Надзорниот совет, јавува „Антена Обсерватор“.
Иинспекторите според написите денеска извршиле увид и изнеле шокантни заклучоци.
Во три од четирите центри во Тарг Муреш не се пронајдени само лекови со поминат рок и несоодветни услови за деца, туку и храна на која рокот и истекол во 2023 година и била употребувана за деца со сериозни здравствени проблеми, пренесуваат медиумите.
Истите инспектори ги прошириле истрагите и во друг центар во општина Чеуаш де Кампије, каде што постојат сомнежи дека вработените трошеле пари наменети за деца, за оброци во ресторани.
Свет
Бројот на раѓања во Франција продолжува да опаѓа и е на најниско ниво од 1945 година
Францускиот национален институт за статистика и економски студии (INSEE) денеска објави дека во 2024 година имало пад на раѓањата за 2,2 отсто во споредба со 2023 година.
Плодноста, која сега изнесува 1,62 деца по жена, никогаш не била толку ниска од 1919 година, објави BFM TV.
Намалувањето на наталитетот во Франција може да се поврзе и со зголемениот број на самохрани лица. Во својот есеј „Битки за наталитетот“, францускиот социолог Жулиен Дејмон детално го анализира падот на стапката на наталитет и паралелното зголемување на бројот на самци – и дава бројни предлози за решенија за овој голем проблем.
„Треба да им понудиме начини на луѓето да се дружат повеќе“, инсистира Дејмон, сугерирајќи дека државата треба да ги финансира претплатите на граѓаните на веб-страниците и апликациите за запознавање што се скапи за сиромашните млади луѓе, со оглед на тоа што истражувањата покажуваат дека две од пет двојки се разделиле.
Свет
Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и САД
Постои само техничко ниво на комуникација меѓу САД и Русија, а не вистински политички дијалог, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Како што знаете, постојат одредени канали на комуникација меѓу Вашингтон и Москва, и воени и дипломатски. Но, тоа се прилично технички контакти, без политички дијалог или дијалог на највисоко ниво што се одвива“, рече Песков, пренесе Тас.
„Њујорк тајмс“ претходно објави, повикувајќи се на извори, дека американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот лидер Владимир Путин наводно одржуваат индиректни безбедни канали за комуникација од февруари 2022 година, почетокот на рускиот напад врз Украина.