Свет
САД користат ноќни тајни операции против талибанците и Ал Каеда во Пакистан
САД користат тајни операции што се изведуваат во текот на ноќните часови во реоните долж пакистанско-авганистанската граница за елиминирање на талобанците и Ал Каеда, без за тоа да ги известуваат пакистанските власти, пишува лондонски „Гардијан“
Весникот се повикува на признанието на еден поранешен офицер на НАТО, чиј идентитет не е откриен.Според неговото објаснување, американските специјални сили водат „тајна војна“ против силите што водат војна во Авганистан, а работат за дестабилизација на Пакистан.Американците и натаму бараат од пакистанските власти да продолжат со офанзивата против терористите кои на територијата на Пакистан, во одалечените реони што се исклучиво под контрола на племенските старешни, наоѓаат сигурно засолниште и локација за криење од коалициските сили против кои се борат во Авганистан.Ваквите „тајни ноќни рации“ на специјалните сили на американската војска, според весникот, се содржани во тајниот дел од новата стратегија на САД, што ја објави администрацијата на претседателот Барак Обама за кршење на отпорот на талибанците.Лондонскиот весник тврди дека ваквите операции на САД не наидуваат на поддрска и разбирање на главната пакистанска разузнавачка агенција ИСИ.Претставник на агенцијата за „Гардијан“ изјавил дека нивното спроведување им преци на операциите што разузнавачите ги преземат против екстремистите на пакистанската територија. – Ако САД навистина знаат каде се крие (лидерот на талибанците во Пакистан) Мула Омар, нека ни кажат, па ние ќе го фатиме, изјави за весникот претставникот на ИСИ.Пакистанската јавност смета дека „тајната војна“ што американците ја водат во пограничите делови на областа Белуџистан може да има спротивен ефект од оној што се сака да се постигне.Во градот Квета, што е центар на оваа област, често се одржуваат антиамерикански протести, со објаснување дека тие се плашат од можноста и нивниот град и областа околу него да се најдат на удар на беспилотните летала.Во овие операции на војската на САД не се вклучени Британците, чија улога во уништувањето на безбедносните скривалиста во Белуџистан, е мошне мала и ограничена, забелзува весникот.Таквиот однос на британската војска е неразбирлив затоа што оваа област се граничи со провинцијата Хелманд во Авганистан, каде навлегуваат талибанците, против кои се ангажирани преку 9.000 припадници на армијата на Велика Британија, заклучува „Гардијан“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Москва му одговори на Макрон: Разговори – да, но со љубезни и пристојни луѓе
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Владимир Путин е подготвен за разговори, но само со „љубезни и пристојни луѓе“, одговарајќи на изјавите на францускиот претседател за потребата од дијалог со Москва.
„Нашиот претседател повеќепати истакнуваше дека секогаш е отворен за контакт, но со разбирање дека тоа ќе бидат љубезни луѓе со одредено основно ниво на пристојност“, изјави Лавров, потсетувајќи на острите изјави на Емануел Макрон, кој претходно ја нарече Русија, а лично и Путин, „единствениот злосторник“ во сегашниот конфликт.
Лавров претходно изјави и дека лидерите на Европската Унија се однесуваат непристојно, обидувајќи се да им диктираат на Кина и Индија дали треба да одржуваат контакти со Русија. Тој нагласи дека Москва го почитува правото на сите држави самостојно да ги одредуваат своите партнери, што, како што рече, е целосно во согласност со принципите на суверена еднаквост од Повелбата на Обединетите нации.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дошло време тој и европските лидери повторно да воспостават дијалог со рускиот претседател Владимир Путин, пишува весникот „Фигаро“.
Фото: Depositphotos
Свет
Зеленски во Варшава: ЕУ донесе клучна одлука за поддршка на Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во Варшава истакна дека Европската Унија донела клучна одлука за финансиска помош за Украина, и покрај обидите на Русија да ја осуети.
„Русија направи сè за да ја осуети одлуката на лидерите на ЕУ за финансиските потреби на Украина, но во тоа не успеа“, изјави Зеленски.
На заедничката прес-конференција со полскиот премиер Доналд Туск, тој нагласи дека Полска има големи заслуги за позитивната одлука на Европската Унија и дека украинскиот народ ѝ е благодарен на полската држава.
„Одлуката што ја донесоа европските лидери сега е најважна. Секако, Русија навистина сакаше да го наруши, откаже или одложи овој состанок. Европа покажа лидерство по ова прашање, што е исклучително важно, заземајќи цврст и решителен став. Ви благодарам што нè поддржувате и што продолжувате да нè поддржувате“, рече Зеленски, обраќајќи му се на Туск.
Како што истакна украинскиот лидер, Полска секогаш била на страната на Украина кога се избирало меѓу исправни и погрешни одлуки.
„Би сакал да ја искористам оваа можност да му се заблагодарам на полскиот народ за значајната поддршка што ѝ ја даде на Украина од самиот почеток на оваа војна. Сметавме на вашата помош и и понатаму сметаме на неа“, нагласи Зеленски.
Тој додаде дека, и покрај одредени тешкотии, особено поради историскиот контекст на билатералните односи, Украинците и Полјаците мора да се разбираат меѓусебно.
„И ние тоа го правиме и ќе се разбираме уште подобро отколку што се разбираме во денешните односи“, истакна Зеленски.
Сумирајќи ја посетата на Варшава, украинскиот претседател ги оцени како многу важни средбите со својот полски колега Карол Навроцки и со претставници на полскиот парламент. Според него, „најстрашното за Русија е тоа што двете земји стојат заедно“.
„Кога нашите земји се заедно, нема да можат да нè победат. Имаме многу добри односи и одлуки. Ставот што Полска го покажа во контекст на Украина е исклучително важен и дополнително го зајакнува нашето пријателство“, нагласи Зеленски.
По разговорите со Навроцки, Зеленски изјави дека денешната посета на Полска ќе отвори нова страница во односите меѓу двете земји.
Свет
Рубио: САД ништо не наметнуваат, не можеме да ги принудиме ниту Киев ниту Москва на договор
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека во мировните преговори за Украина не се наметнува договор и дека и Киев и Москва мора самите да сакаат да постигнат спогодба.
„На крајот, на нив е да постигнат договор. Не можеме да ја принудиме Украина, ниту Русија. Тие тоа мора да го сакаат“, рече Рубио, додавајќи дека има напредок, но дека остануваат тешки прашања.
Украинските преговарачи во петок започнуваат нова рунда разговори со американскиот тим, а претставници на Белата куќа планираат разговори и со руската делегација во Мајами. Рубио најави дека би можел да се приклучи на дел од тие разговори.
Осврнувајќи се на Блискиот Исток, Рубио предупреди дека „нема да има мир во Газа без разоружување на Хамас“, нагласувајќи дека стабилен мир не е можен доколку Хамас остане во позиција да го загрозува Израел.
Depositphotos

