Контакт

Естрада

Пејачката Емели Санде триумфираше на Brit Awards

Објавено пред

Шкотската пејачка Емели Санде е добитничка на главната британска награда во областа на популарната музика Brit Awards, и тоа во две категории: Најдобра пејачка во Велика Британија и за Албум на годината.

dobivaj vesti na viber

Емели Санде победи во конкуренцијата на починатата Ејми Вајнхаус, кој исто така постхумно беше номинирана за титулата најдобра пејачка.

Другите добитници на поважните признанија се 25-годишниот англиски музичар Бен Хауард, во категоријата Најдобар британски пејач и Пробив на годината и Адел којашто го доби признанието Brit Awards за синглот Skyfall со темата од последниот филм за тајниот британски агент Џејмс Бонд.

Адел беше спречена да присуствува на церемонијата, бидејќи се подготвува за настап на церемонијата на доделувањето на најпрестижните филмски награди Оскар, коешто ќе се случи на 24-ти февруари во Лос Анџелес. По триумфот минатата година, кога времето за нејзиното заблагодарување беше скратено поради временското ограничувања, Адел годинава се обрати преку видео порака во којашто им се заблагодари на сите за наградата и вети дека нема да го одзема натамошното внимание на публиката „за да не мора да биде прекинуван добитникот на наградата за најдобар албум оваа година”.

Фолк-рок бенд Mumford and Sons беше прогласен за најдобар британски бенд, а Coldplay ја добија наградата за најдобар настап во живо, пред легендарните Rolling Stones коишто првпат беа номинирани за Brit Awards пред 35 години.

Специјална награда како признание доби хуманитарната организација која им помага на децата, War Child. Неодамна на дискот за оваа фондација се појавија водечките британски музичари како Oasis, Radiohead, Muse, Massive Attack, легендарниот „битлс” сер Пол Маккартни, а наградата во име на организацијата ја прими фронтменот на бендот Blur, Дејмон Албарн.

Церемонијата се одржа во лондонската О2 Арена. Шоуто го отвори беднот Muse, покрај кои на сцената како гости на церемонијата се појавија Роби Вилијамс, Тејлор Свифт и Џастин Тимберлејк. Сите победници добија статуетка изработена од познатиот уметник Демијан Хирст./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Џеси Џ. сподели емотивни фотографии од болничката соба, одмара и чека резултати

Објавено пред

Британската пејачка Џеси Џ. сподели фотографии и видеа од болницата преку својот Инстаграм профил, кои се направени во текот на последните 48 часа од нејзиното лекување.

dobivaj vesti na viber

Имено, 37-годишната ѕвезда неодамна објави дека ѝ е дијагностициран рак на дојка, а набргу потоа го одржа својот последен настап пред лекувањето.

Сега таа одлучи да се отвори за тоа како поминала операцијата и да сподели некои од ранливите моменти. На некои фотографии и видеа, Џеси Џ. може да се види како плаче во болнички кревет додека нејзиниот сопруг Чанан ја поддржува. Таа, исто така, сподели фотографии и видеа со својот син Скај Сафир.

„Оваа објава содржи некои од искрените падови и максимуми од последните 48 часа. Секогаш ќе ги покажувам добрите и тешките делови од секое патување низ кое минувам“, изјави таа на почетокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

Потоа им се заблагодари на својот лекар и на сите медицински сестри кои се грижеа за неа, како и на сите што ја посетија.

„Благодарна сум на мојот лекар/хирург и на сите медицински сестри кои се грижеа за мене и на моето семејство и пријатели кои дојдоа да ме посетат. Сега сум дома, ќе се одморам и ќе ги чекам резултатите“, продолжи таа.

На крајот, таа уште еднаш рече дека ги прегрнува сите оние кои моментално минуваат низ тешки ситуации.

Џеси неодамна настапи на Summertime Ball, каде што им кажа на 80.000 луѓе дека тоа ќе биде нејзиниот последен настап пред операцијата.

„Денес, овој настап е и мојот последен пред да одам да го победам ракот на дојка. Толку е посебен за мене, немате поим. Се чувствувам толку посебно што сум од Велика Британија, да бидам искрена и што можам да кажам како се чувствувам. Многу сум благодарна за овој живот, за вас, за мојата кариера, за мојот син, мојот партнер, моите родители, семејството, бендот и екипата. Имаме толку среќа, имаме толку многу за што да живееме, толку многу радост, толку многу, толку многу да направиме“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Естрада

Познатиот пејач откри дека има рак во четврта фаза: „Не се плашам, Бог е голем“

Објавено пред

Пејачот и тапанар на 3 Doors Down, Бред Арнолд, откри дека му бил дијагностициран рак во четврта фаза.

dobivaj vesti na viber

Поради својата болест, бендот мораше да ја откаже турнејата, а Бред објави на социјалните мрежи.

„Здраво на сите, јас сум Бред од 3 Doors Down. Се надевам дека имате одличен ден. Имам не толку добри вести за вас денес“, започна тој, пред да открие дека му бил дијагностициран карцином на бубрежни клетки, еден вид рак на бубрезите. Неговата болест била откриена пред неколку недели, кога му се слошило и отишол во болница.

Тогаш лекарите откриле дека ракот веќе преминал во четврта фаза и се проширил на белите дробови.

„Значи, бев болен пред неколку недели, потоа отидов во болница на преглед и всушност ми дијагностицираа чистоклеточен бубрежен клеточен карцином кој метастазирал во моите бели дробови. Тоа е стадиум четврти, што не е многу добро“, рече тој.

И покрај тешката болест, познатиот музичар изјави дека воопшто не се плаши од својата дијагноза.

„Но, знаете што? Му служиме на моќниот Бог, а тој може да победи се. Затоа не се плашам. Навистина, навистина не се плашам од тоа“, додаде тој.

Тој исто така рече дека бендот мора да ја откаже претстојната турнеја што требаше да започне на 15 мај во Дејтона Бич.

„Ќе не принуди да ја откажеме турнејата ова лето. Жал ни е поради тоа”, рече тој, додавајќи дека можеби е време да ја слушнеме нивната песна “It’s Not My Time”, која ја спомна и во описот на објавата.

„Ви благодарам за сите досегашни спомени. Сега верувам дека „Не е моето време“ е навистина мојата песна. Ова ќе биде борба, па ни требаат нашите молитвени воини! Ви благодариме што сте најдобри обожаватели на светот. Ве сакаме сите!“ напиша тој.

Прикажи повеќе...

Естрада

Се појави нова фотографија од Лиам Пејн направена неколку минути пред неговaта смрт

Објавено пред

Два дена откако беше погребан британскиот музичар Лиам Пејн, „Дејли Мејл“ објави фотографија – последна од животот на пејачот, направена само неколку минути пред неговиот фатален пад од третиот кат на хотелот во Буенос Аирес.

dobivaj vesti na viber

Моментот снимен на безбедносните камери отвори нови прашања: дали ова е доказ дека трагедијата можела да се избегне и дали акцијата на тројцата мажи, кои го носат на фотографијата, е причината поради која Британецот се обидел да се спушти на терасата за да го избегне обезбедувањето.

Како што „Дејли Мејл“ ја толкува фотографијата, очигледно тројца вработени во хотелот го подигнале пејачот бидејќи, според очевидци, имал грчеви додека лежел на подот од фоајето. Потоа го однеле во неговата соба во лифтот.

Се поставува прашањето зошто го преместиле ако бил во толку лоша состојба и зошто веднаш не повикале брза помош.

Временскиот печат на фотографијата покажува 16:54:48 часот, а на кобниот 16 октомври, нешто по 17 часот, Пејн паднал од висина од 13 метри од балконот на својата соба. Тој починал на лице место.

Во 17:11 часот пристигнала Брзата помош и констатирала смрт. Обдукцијата покажала дека пејачот се здобил со повеќе повреди кои предизвикале внатрешно и надворешно крварење.

Токсиколошкиот извештај откри траги од алкохол, кокаин и антидепресиви.

Сега се сомнева дека поранешниот член на попларната група „Уан дајрекшн“ (One Direction) паднал од балкон во обид да го напушти хотелот незабележано – трик што често го користел во тинејџерските денови во групата и кој го повторувал на Флорида еден месец пред оваа несреќа за да го избегне обезбедувањето,

Според камерите, тој ден во 15:53 ​​часот, пејачот влегува во хотелот со својот пријател Роџер Норес. Носи црна капа и мала чанта. Тој разговара со фановите во ходникот, а потоа оди во својата соба со Норес.

Неколку минути подоцна, двајцата се враќаат во лобито. Пејачот има лаптоп, но ги остава капата и чантата во собата. Норес се збогува со Лиам и го напушта хотелот. Пејачот изгледа добро расположен. Во 16:26 седи во фоајето и го користи својот лаптоп. Две минути подоцна оди во собата и се враќа. И тоа го повторува. Секогаш кога ќе се врати, неговото однесување е се’ понеобично.

Сведоците велат дека во еден момент тој извикал: „За*би ова, другар“, а потоа го фрлил лаптопот на подот.

Потоа има видео со трите лица кои го носат. На фотографијата јасно се гледа дека Лиам додека го враќаат назад во собата, нема ниту црна капа, ниту чанта.

Хотелот повикал брза помош неколку минути откако пејачот бил однесен во неговата соба.

Меѓутоа, кога итната помош го пронашла неговото тело, тој со себе имал капа и чанта.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) „Зошто досега не се употребени хермелините“, прашува градоначалникот на Чучер Сандево, општината прогласи вонредна состојба

Општината Чучер Сандево прогласи вонредна состојба поради пожарите, објави градоначалникот појаснувајќи дека одлуката била донесена на денешната седница на општината....

Македонија6 часа

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици...

Македонија8 часа

Поради пожар, целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот...

Македонија11 часа

(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода го гаснеа пожарот кај Блаце

Во рамките на денешните активности полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа...

Македонија12 часа

Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во Скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина...

Македонија12 часа

(Видео) На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите....

Македонија13 часа

Владата со бесплатни инвитро-процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и ја...

Македонија14 часа

Апелот на Министерството за здравство да не се снимаат пациентите од дискотеката во Кочани е загрижувачки, смета Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост поради апелот на Министерството за здравство до медиумите да не ги фотографираат...

Македонија15 часа

Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, скопската Зоолошка, е една хорор-приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел некоја ‘умна’ глава преземе...

Македонија16 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска, од 5 часот, полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за...

Европа17 часа

(Видео/фото) Масивен руски напад со дронови врз Киев, Харков и Одеса

Руските сили ја нападнаа Украина со беспилотни летала од типот „Шахед“, при што најтешко се погодени Харков, Одеса и Киев,...

Македонија17 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови...

Свет17 часа

Татко загина спасувајќи го семејството во Тексас: катастрофалните поплави одзедоа најмалку 80 животи

Катастрофалната поплава што го погоди југоисточен Тексас одзеде најмалку 80 животи, вклучувајќи 21 дете, соопштија локалните власти. Обилните дождови што...

Македонија18 часа

(Видео) Три хеликоптери го гаснат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата...

Свет18 часа

Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји

САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот...

Свет18 часа

Трамп: Тажно е да се гледа како Илон целосно ја губи контролата

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече плановите на Илон Маск за основање нова политичка партија „смешни“ и додаде дека Соединетите...

Свет19 часа

(Видео) 80 мртви во поплавите во САД, меѓу нив и 28 деца: потрагата по исчезнатите продолжува

Бројот на жртви од катастрофалните поплави што го погодија централниот дел од Тексас рано утрово се искачи на најмалку 80,...

Македонија19 часа

(Видео) Ангелов: Mожна причина за пожарот кај Блаце е фрлено догорче од цигара од возило во движење или намерно потпалување

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило...

Македонија20 часа

Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница во Бардовци, нема причина за загриженост, велат од Министерството за здравство

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја...

Македонија20 часа

(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање...