Филм
‘Осумтемина омразени' новиот вестерн на Тарантино
По големиот успех на својот прв вестерн „Побеснетиот Џанго“ од 2012 година, култниот американски режисер Квентин Тарантино, како и што неодамна најави, останува во овој жанр со филмот „Осумтемина омразени“ во кој еден од главните улоги повторно ќе ја толкува двократниот оскаровец Кристоф Валц.
Откако кон крајот на ланскиот ноември гостувајќи во телевизиското шоу на Џеј Лено Квентин Тарантино откри дека по искуството на снимањето на „Побеснетиот Џанго“, одлучил неговиот следен филм да биде исто така вестерн, американските медиуми нагаѓаа за неговиот следен филмски проект.
„Не можам многу да зборувам за новиот проект, но првпат јавно го откривам жанрот. Станува збор за вестерн. Тоа не е продолжение на Џанго, туку сосема друг вестерн. Толку се забавува работејќи го Џанго, што потоа помислив да направа филм сличен на тоа. Многу ги сакам вестерните и откако конечно научив да ги работам, реков – океј, ајде да снимам уште еден, секога кога конечно знам што работам“, изјави Тарантико кога гостуваше кај Лено во емисијата „The Tonight Show“.
Според пишувањето на американскиот магазин The Hollywood Reporter, новиот филм ќе го носи насловот „The Hateful Eight“, што би требало да претставува уште еден своевиден омаж на Тарантино на славните филмови, односно вестернот „Седумтемина величествени“ (The Magnificent Seven) вестерн од 1960 година во режија на Џон Стерџес, со славните Јул Бринер, Илај Волак, Чарлс Бронсон и Стив Маквин во главните улоги, кој, пак, е заснован на филмот „Седумте самураи“ од 1954 година на славниот култен јапонски режисер Акира Куросава. Во новиот филм на Тарантино, според пишувањето, повторно ќе се појави Кристоф Валц кој двапати доби Оскар за споредна машка улога, и тоа двапати за ролја во филмовите на Тарантино, „Бесмилосни копилиња“ од 2009 година и „Побеснетиот Џанго“ од 2012 година.
Насловот на филмот го потврди и добро информираниот кога станува збор за холивудската филмска индустрија портал Daedline, кој додава дека и дека уште еден можен член на актерската екипа е Брус Дерн, кој исто така се појави и во „Џанго“,, минатата година на филмскиот фестивал во Кан ја доби наградата за најдобра машка улога во филмот „Небраска“.
Тарантино, наводно, планира да почне да го снима филмот летово. Меѓутоа, како и секогаш кога станува збор за неговата контроверзна работа, сака да и надминува лимитите на филмската уметност, иако е можно неговото најново дело да не стигне пред пошироката публика, пишува британскиот дневен весник The Guardian. Весникот потсетува дека тоа на Тарантино не би му било првпат, па потсетува дека и претходно најавуваше многу проекти кои никогаш не беа реализирани, како во случајот на продолжувањето на „Кил Бил“, претходникот на филмовите „Пеколен шунд“ и „Касапски кучиња“, под наслов „The Vega Brothers“, во кој се појавуваат ликови од споменатите филмови кои ги толкуваат Џон Траволта и Мајкл Мадсен, како и уште една историска сага, по „Немилосрдни копилиња“ и веројатно неговиот најуспешен филм „Побеснетиот Џанго“.
„Џанго“ стана голем филмски хит и заработи одлични 425 милиони американски долари ширум светот, добро мина и кај критиката, а на Квентин Тарантино во февруари 2013 година ми го донесе и Оскарот за најдобро оригинално сценарио.
Врзано со овој филм, како што пресметаа статистичарите, е што во „Џанго“ „настрадале“ најмногу луѓе од сите филмови на Тарантино, а во неговите филмови досега „убил“ вкупно 563 ликови. Тарантино насилството во својот прв вестерн го припишува како еден од елементите до овој жанр. „Толку има насилство во светот, трагедиите се случуваат, обвинете ги играчите коишто се виновни за тоа. Ова е вестерн. Олабавете малку“, порача култниот режисер./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Во Лондон доделени наградите БАФТА: „Една битка по друга“ прогласен за најдобар филм
Седумдесет и деветото доделување на наградите БАФТА се одржа синоќа во Лондон. За најдобар филм беше прогласен „Една битка по друга“ во режија на Пол Томас Андерсон, кој ја освои и наградата за најдобар режисер.
Иако наградите БАФТА за најдобар филм и најдобар режисер обично се делат помеѓу два одлични филма, овој пат обете награди ѝ припаднаа на акционата црна комедија.
Британецот Роберт Арамајо беше прогласен за најдобар актер за неговата улога во филмот „Се колнам“.
Во категоријата за најдобар актер беа номинирани и Тимоти Шаламет за неговата улога во филмот „Грешници“ и Леонардо Дикаприо за „Една битка по друга“.
Како што се очекуваше и заслужено, Џеси Бакли беше прогласена за најдобра актерка за нејзината изведба на сопругата на Шекспир во филмот „Хамнет“ во режија на Клое Жао.
Наградата БАФТА за најдобар спореден глумец му припадна на Шон Пен за неговата улога во „Една битка по друга“, додека наградата за најдобра споредна глумец ѝ припадна на Вунми Мосаку за нејзината улога во „Грешници“.
Најистакнат британски филм е „Хамнет“, додека наградата за најдобро сценарио му припадна на Рајан Куглер за филмот „Грешници“.
Најдобар филм прикажан на друг јазик е „Сентиментална вредност“, најдобар документарец е „Господин Никој против Путин“, додека „Зотрополис 2“ е најдобар анимиран филм.
Водител на 79-тото доделување на наградите БАФТА беше шкотскиот актер, водител и режисер Алан Каминг.
Култура
Вим Вендерс од Берлинале: Филмовите можат да го променат светот, но не на политички начин
Берлинскиот филмски фестивал започна во четврток во изразен политички тон, откако натпреварувачкото жири, предводено од режисерот Вим Вендерс, одговараше на повеќе прашања за актуелната состојба во светот, вклучително и војната во Газа.
На прашањето дали филмовите можат да влијаат на промени во политичката сфера, славниот германски режисер изјави дека „филмовите можат да го променат светот“, но „не на политички начин“.
„Ниту еден филм всушност не го променил мислењето на кој било политичар. Но можеме да ја промениме претставата што луѓето ја имаат за тоа како треба да живеат. На оваа планета постои голем јаз меѓу луѓето што сакаат да ги живеат своите животи и владите што имаат поинакви идеи. Затоа мислам дека филмовите влегуваат во тој јаз“, изјави Вендерс, пренесува „Варајети“.
Вим Вендерс е претседател на овогодинешното жири, во кое се и американскиот режисер Рејналдо Маркус Грин („King Richard“), јапонската режисерка Хикари („Rental Family“), продуцентката на филмот „The Zone of Interest“ Ева Пушчинска, непалскиот режисер Мин Бахадур Бам („Shambala“), јужнокорејската актерка Бе Дуна и индискиот режисер и продуцент Шивендра Синг Дунгарпур („Celluloid Man“).
„Мораме да се држиме подалеку од политиката“
Претседателот и членовите на жирито беа прашани конкретно за конфликтот во Газа и поддршката што германската влада – која финансира голем дел од фестивалот – му ја дава на Израел.
Пушчинска прва одговори, оценувајќи дека прашањето е „малку неправедно“.
– Секако, се трудиме да разговараме со луѓето – со секој поединечен гледач – да ги поттикнеме да размислуваат, но не можеме да бидеме одговорни за тоа каква одлука ќе донесат, дали ќе го поддржат Израел или ќе ја поддржат Палестина – рече Пушчинска и додаде:
– Постојат многу други војни во кои се врши геноцид, а за нив не зборуваме. Затоа ова е многу комплицирано прашање и мислам дека е малку неправедно да нè прашувате што мислиме, како поддржуваме или не поддржуваме, дали разговараме со нашите влади или не.
Вендерс додаде дека како филмски автори „мораме да се држиме подалеку од политиката“.
– Ако снимаме филмови што се изрично политички, влегуваме во полето на политиката. Но ние сме противтежа на политиката, ние сме спротивност на политиката. Мораме да ја работиме работата на луѓето, а не работата на политичарите.
Берлинале – фестивал на „лицата на светот“
За време на прес-конференцијата, Вендерс – кој во 2015 година ја доби почесната Златен мечка – зборуваше и за тоа по што овој фестивал се издвојува од другите.
– Можете да бидете сигурни дека тука ќе видите повеќе лица на светот отколку на кој било друг фестивал. Тоа е неговата голема сила, нели?
Берлинскиот меѓународен филмски фестивал (Берлинале) ќе се одржи од 12 до 22 февруари во Берлинале Паласт, а 76. издание ќе го отвори светската премиера на филмот „No Good Men“ на наградуваната авганистанска режисерка Шарбана Садат.
На свеченото отворање ќе ѝ биде врачена Почесната Златна мечка за исклучителен придонес во филмот и кинематографијата на актерката Мишел Јео.
Во селекцијата Главна натпреварувачка програма се вклучени 22 филма, меѓу кои „A New Dawn“ на Јошитори Шиномија, „A voix basse“ на Лејла Бузид, „At the Sea“ на Корнел Мундуцo, „Dust“ на Анке Блонде, „Everybody Digs Bill Evans“ на Грант Ги и „Josephine“ на Бет де Араужо. Во програмата се и „Nightborn“ на Хана Бергхолм, „Rose“ на Маркус Шлајнцер, „The Loneliest Man in Town“ на Рајнер Фримел, „The Blood Countess“ на Улрике Отингер и други.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 21 февруари, ден пред затворањето на фестивалот.
Култура
Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот
Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.
Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.
Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.
„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.
Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.
„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.
Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

