Свет
Британски пратеници злоупотребиле државни пари

Тројца пратеници од редовите на британската лабуристичка партија и еден лорд од ториевците се обвинети денеска за злоупотреба и за измама при наплатата на трошоците за службените потреби.
Директорот на британското јавно обвинителство Кир Стармер, соопшти дека пратениците Елиот Морли, поранешен заменик министер, Џим Дивајн и Дејвид Цејтор, како и членот на Горниот дом, лорд Ханингфилд, се огрешиле од прописите на Парламентот за наплата на трошоците што на пратениците и перовите им следуваат, како надокнада за извршувањето на нивните функции, јави дописникот на МИА од Лондон.Покренувањето обвинување за овие членови на британскиот Парламент доаѓа по осумесечната истрага што ја воедеше Обвинителството, откако минатото лето беше откиен скандалот со пратеничките трошоци и злоупотребата што е направена при наплатата. Утврдено е дека повеќе од половината од вкупно 646 пратеници ги прекршиле парламентарните правила, но кривичната истрага утврди дека обвинување може да се подигне само против четворица, додека дополнителна истрага се води за уште еден случај. Контролата што ја направи една независна комисија утврди дека пратениците во државната каса ќе треба да вратат над 1,1 милион фунти, но целата истрага што траеше изминатите месеци ја чини државата повеќе од 1,2 милини фунти.Според образложението на Обвинителството, пратеникот Морли е обвинет за наплатени 16 илјади фунти за наплата на станбен кредит за неговиот пратенички дом, иако кредитот уште од пред тоа бил исплатен, Цејтор затоа што побарал и наплатил околу 20 илјади фунти на кои немал право, пратеникот Дивајн за наплатување трошоци со лажни фактури, додека ториевскиот лорд е обвинет дека наплатувал службени трошоци што не постоеле.Тројцата парламентарци изјавија дека ги побиваат сите обвинувања што им се ставаат на товар, најавувајќи дека жестоко ќе се борат за својата вистина. Сите пратеници што треба да вратат најразлични суми наплатени трошоци од државниот буџет, и понатаму тврдат дека работеле и се однесувале според прописите што била важечки во моментот кога се огрешиле, па дека затоа не се за ништо виновни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Еруптираше вулкан во Исланд, евакуирана е позната туристичка дестинација

Впечатлива сцена од оган, чад и блескава лава беше снимена денес во југозападен Исланд, каде што еруптираше вулкан на полуостровот Рејкјанес. Според Исландската метеоролошка служба, ова е деветтата ерупција во регионот од крајот на 2023 година.
Фотографиите објавени од исландското Министерство за јавна безбедност покажуваат лава и чад како се издигаат од пукнатина во близина на Гриндавик, рибарско село кое во последните месеци постојано е изложено на вулканска активност.
A volcano in Iceland just opened the biggest Rubens Tube I’ve ever seen. It erupted along the rift about 5 hours ago—while you slept. Still think no geophysical link to the recent solar activity? Remember: every action has an equal and opposite reaction. Only 10k views pic.twitter.com/mQV9soAz1E
— Bluntly Put Philosopher (@SocraticScribe) July 16, 2025
Државната телевизија RUV објави дека жителите на Гриндавик се евакуирани, како и гостите и персоналот од Сината лагуна, една од најпознатите туристички дестинации во Исланд.
Евакуациите беа спроведени како претпазливост поради можно ширење на лава и токсични гасови.
A volcanic eruption in southwestern Iceland has once again forced the evacuation of tourists at the internationally known Blue Lagoon geothermal spa.
Read more: https://t.co/3Y1SePLwSX pic.twitter.com/ahVAhmC7uE
— ABC News (@ABC) July 16, 2025
Властите предупредија дека условите околу вулканот се опасни и дека се можни понатамошни ерупции. Нема извештаи за повредени.
Свет
Американски сенатор до Путин: „Што по 50 дена? Нека му се јави на ајатолахот и нека го праша“

Американскиот сенатор Линдзи Греам го поддржа рокот од 50 дена што Доналд Трамп му го даде на Владимир Путин да постигне мировен договор за Украина или ќе се соочи со високи царини.
„Ако сте земја што купува евтина руска нафта и ѝ помага на воената машинерија на Путин, сфатете ја заканата на Трамп сериозно“, рече Греам. Тој кажа дека секундарните царини би можеле силно да го погодат извозот на енергија на Русија, особено кон Кина и Индија.
„Ако се прашува што ќе се случи по 50 дена, нека го повика ајатолахот“
Коментирајќи за тоа што може да се случи по рокот на Трамп, Греам беше директен: „Ако Путин и другите се прашуваат што ќе се случи на 51-виот ден, нека го повикаат ајатолахот“.
Греам очигледно мислел на неодамнешните американски воздушни напади врз иранските нуклеарни цели, во кои клучна улога одиграа невидливите бомбардери Б-2. Иран е еден од клучните сојузници на Русија во војната против Украина.
Техеран не само што испорачува оружје на Москва, туку помага и во развојот на домашното производство на беспилотни летала и ракети.
Европа
(Видео) Огромен пожар на сцената на еден од најголемите фестивали во светот

Главната сцена на фестивалот „Tomorrowland“ во Белгија е зафатена од огромен пожар само два дена пред почетокот на првиот викенд на еден од најголемите музички фестивали во светот.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како пламенот ја проголтува главната сцена на белгискиот фестивал, додека локалните медиуми известуваат дека службите за итни случаи се на местото на настанот во голем број.
#breaking!! #tomorrowland is on #fire right now pic.twitter.com/iWO0QAHNqt
— Javier Churich (@JaviChurich) July 16, 2025
Локалниот портал ГВА објави дека властите им советуваат на жителите да ги затворат прозорците и вратите поради ширењето на чад низ областа. Досега нема пријавени повредени бидејќи посетителите сè уште не пристигнале, а британскиот „Мирор“ објави дека околу 1.000 вработени биле на лице место во времето на пожарот, учествувајќи во подготовките за фестивалот.
I don’t think Tommorowland is happening this year pic.twitter.com/xGBxMpJsLZ
— 1S Swix (@SwixVL) July 16, 2025
Фотографиите и видеата објавени од ГВА и корисниците на платформата Икс го покажуваат обемот на пожарот, но сè уште не е познато колкава е штетата и дали инцидентот ќе влијае на фестивалот.
🔥 BREAKING: A massive fire has engulfed the main stage of the Tomorrowland music festival in Belgium, just days before the event kicks off on Friday.#Fire#Belgium#Friday#Tommorowland #MusicFestival pic.twitter.com/J0ANLLevKH
— Lumi Watch (@Lumibunnyy) July 16, 2025
Tomorrowland е еден од најголемите и најпознатите фестивали за електронска музика во светот, а оваа година се очекува повеќе од 70.000 посетители дневно да поминат низ фестивалските порти. Првиот викенд од фестивалот е закажан за овој петок.