Контакт

Економија

Индустриски Ладилник Тетово го зголеми прометот на берзата

Објавено пред

Прометот на македонската берза за хартии од вредност забележува зголемена вредност како резултат на купопродажбата на акциите на Индустриски Ладилник Тетово.

dobivaj vesti na viber

Прометот на македонската берза за хартии од вредност забележува зголемена вредност како резултат на купопродажбата на акциите на Индустриски Ладилник Тетово. 140.402 акции од оваа компанија беа истргувани преку една трансакција чија вредност беше 56.160.800,00 денари, а цената по акција изнесуваше 60,00 денари. Вкупниот промет на целата берза изнесуваше 77.887.081,61 денари, од кои поголемиот дел (88,3%), или 66.751.216,00 денари беа реализирани преку купопродажбата на обични акции, а остатокот беше реализиран преку тргувањето со државните обврзници. Доминираше прометот на редовниот пазар кој изнесуваше 58.057.933,00 денари, додека на официјалниот пазар беше реализиран промет од 19.829.148,61 денари.Од официјалниот пазар најактивно се тргуваше државната обврзница за денационализација од деветата емисија, при што беше остварен промет од 9.134.119,94 денари. Просечната вредност од 78,00% беше без промена на дневна база. Цената на обврзницата се движеше во распон од 77,60% до 78,10%. Истргувани беа 190.175 обврзници кои се реализираа преку 41 трансакции.Втора најтргувана од официјалниот пазар беше акцијата на Комерцијална Банка Скопје со промет од 6.605.500,00 денари. Просечната цена од 3.096,81 денари значеше минимално намалување од 0,04%. Истргувани беа 2.133 акции кои се реализираа преку 8 трансакции. На најликвидните од официјалниот пазар се приклучи и Гранит Скопје со промет од 1.536.600,00 денари. Просечната цена изнесуваше 780,00 денари, што предизвика умерено намалување од 0,70%. Истргувани беа вкупно 1.970 акции кои се реализираа преку 8 трансакции.Покрај акцијата на Индустриски Ладилник Тетово која беше со најголем промет од целиот пазар, на редовниот пазар активно се тргуваше и со акцијата на Македонски Телеком Скопје која оствари промет од 732.325,00 денари. Просечната цена од 511,40 денари означи слаб пораст од 0,17%. Ценовниот распон се движеше од 510,00 до 515,00 денари по акција. Меѓу поликвидните од редовниот пазар беше и акцијата на Тутунска Банка Скопје со промет од 642.587,00 денари. Просечната цена изнесуваше 4.493,62 денари што предизвика поостар пад од 2,45% на дневна основа. Истргувани беа 143 акции кои се реализираа преку 5 трансакции.Скопски Пазар Скопје објави неревидиран биланс на успех за периодот 01.01. – 31.03.2010 година. Според билансот, оперативните приходи за овој период изнесуваат 457.102.000,00 денари, што претставува намалување од 1,76% во однос на оперативните приходи од истиот период од минатата година. Оперативните расходи за првиот квартал од тековната година изнесуваат 444.432.000,00 денари, што е намалување од 1,35% во споредба со расходите од минатогодишниот прв квартал. Финансиските расходи за првото тромесечје од тековната година изнесуваат 10.036.000,00 денари, што претставува намалување од 29,3% во однос на финансиските расходи од првиот квартал од претходната година. За првиот квартал од 2010 година остварена е нето добивка од 3.242.000,00 денари, што претставува зголемување во однос на нето добивката од минатогодишниот прв квартал за 328%.Фершпед Скопје објави неревидиран неконсолидиран биланс на успех за период 01.01 – 31.03.2010 година. Според билансот приходите од продажба за првиот квартал од тековната година изнесуваат 776.527.000,00 денари, што претставува намалување од 19,2% во однос на продажбите од првиот квартал од претходната година. Оперативната добивка за првиот квартал од тековната година изнесува 37.061.000,00 денари. што е намалување од 27,8% во однос на оперативната добивка за истиот период од претходната година. Нето добивката за првиот квартал од тековната година изнесува 31.266.000,00 денари, што е намалување за 27,6% од нето добивката за првиот квартал од претходната година, како последица од негативните ефекти што ги предизвика економската криза.Во објавеното образложение за билансот на успех е наведено дека намалувањето на финансискиот резултат за тековната година е заради намалениот обем на работа од една страна и зголемувањето на трошоците од друга страна. Алкалоид Скопје известува дека неревидиран единечен и неревидиран консолидиран биланс на успех за периодот 01.01 – 31.03.2010 година ќе се објави на СЕИ-НЕТ на 30.04.2010 година во 14:00 часот.ТТК Банка Скопје на акционерското собрание одржано на 28.04.2010 година покрај донесените одлуки за усвојување на годишниот извештај за работењето во 2009 година, за именување на одбор за ревизија, за усвојување на ревизорскиот извештај за 2009 година, донесе и одлука за покривање на загубата за 2009 година. Искажаната загуба на ТТК Банка Скопје по годишната сметка за 2009 година во износ од 67.824.320,50 денари се покрива со:1.    Од средствата на акумулирана добивка на банката во износ од 64.987.494,00 денари и2.    Од средствата на законскиот резервен фонд на банката во износ од 2.836.826,50 денари.Прикажаната загуба по годишната сметка произлегува од дополнителна обврска за резервација на поголемо побарување по основ на продаден објект од преземените средства за наплата на побарување. ТТК Банка е регистрирана со акционерски капитал од 907.888.000,00 денари и оваа одлука не влијае на никаков начин на регистрираниот капитал на ТТК Банка.ТТК Банка Скопје објави соопштение за продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда чиј износ е помалку од 25.000 евра во денарска против вредност. На продажба се понудени 345 обични акции по номиналната вредност од 1.000,00 денари по една акција. Вкупната номинална вредност од 345.000,00 денари и вкупната продажна вредност на понудата е 296.000,00 денари. Намената на средствата – одржување на тековната ликвидност на банката.. Цената по која се нудат сопствените акции е 800,00 за една акција.Технометал Вардар Скопје на акционерското собрание одржано на 28.04.2010 година донесе одлуки за измена на статутот на друштвото, за усвојување на годишната сметка и за усвојување на финансиските извештаи на друштвото.Технометал Вардар Скопје донесе и одлука за распределба на чистата добивка остварена по годишната сметка на друштвото за 2009 година. Чистата добивка во износ од 431.888,80 денари, остварена за 2009 година се распределува:1. 15% од чистата добивка во износ од 64.783,50 денари за задолжителна    законска резерва – општ резервен фонд,2. Остатокот од чистата добивка во износ од 367.105,30 денари да се пренесе во наредната година како нераспределена добивка. Согласно податоците добиени од ЦДХВ, ве известуваме дека на 28.04.2010 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):Статер банка Куманово – 5 приоритетни акции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Индустриски ладилник Тетово   2. Р.Македонија – Денационализација 09  3. Комерцијална Банка Скопје 4. Гранит Скопје5. Алкалоид СкопјеХартии од вредност со најголем раст1  Машинопромет Скопје 140,00%2. Коста Абрас Скопје 20,00%3. ЕМО Охрид 3,23%4. Макстил Скопје 0,42%5. Македонски Телеком Скопје 0,17%Хартии од вредност со најголем пад1. ОКТА Скопје 8,01%2. Бетон Скопје 4,78%3. Прилепска Пиварница Прилеп 4,61%4. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 2,78%5. Стопанска Банка Скопје 2,68%



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година

Објавено пред

Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи од 3,3 милиони евра, а имаше најголем пласман во Полска. Одлични резултати имаше и од извозот на јагнешко месо во Бугарија, чија продажба донесе прилив од 2,2 милиони евра.

Дека свежото овошје и зеленчук се еден од домашните извозни адути покажа податокот според кој од вкупниот износ од 15,5 милиони евра, во минатата година беше реализиран извоз од 5 милиони евра. Преку мрежата на Лидл се извезени 15 вида од овие земјоделски култури, од преку десет добавувачи. Петте најизвезувани производи беа грозје, зелка, пиперка, моркови и домати, кои одлично поминаа во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија, Чешка и други земји. Во рамки на редовниот извоз од 7 милиони евра доминираа конзервираните производи, со остварени продажби во странство од 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските, млечните производи, како и виното и пијалаците.

„Постои голем потенцијал за извоз на македонските производи. За нас во Лидл е успех што можеме да ги поддржиме и да бидеме мост за македонските производи кон европските пазари. Постојано соработуваме со производители од земјава и сме особено горди што на десетици компании можеме да им помогнеме во процесите на сертификација, зголемување и унапредување на капацитетите за производство и да овозможиме извоз на европските пазари“ изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.

Преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во претходните две години организираше 22 промоции во маркетите во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи и над 2.200 палети производи, правејќи ги многу повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.

Лидл се позиционира како сериозен и значаен партнер на македонската економија, со мерливи резултати во извозот на домашни производи и конкретна поддршка на домашните компании. Со отворањето на маркети низ целата земја компанијата очекува зајакната соработка со домашните производители, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Забрзување на енергетската транзиција: Јасен план и координиран пристап – одржан состанок на JETIP Инвестициската платформа

Објавено пред

Денеска се одржа четвртиот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP – Just Energy Transition Investment Platform), на кој клучните актери разговараа за напредокот во политиките, планирањето и регулаторните реформи што ја поддржуваат праведната енергетска транзиција на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, истакна дека во изминатиот период Министерството е фокусирано на зајакнување на политичките и планските основи неопходни за ефективна имплементација на Инвестициската платформа.

Во таа насока, подготвени се два Годишни планови за развој на енергетскиот сектор за 2025 и 2026 година, усогласени со приоритетите на праведната транзиција, кои обезбедуваат јасна краткорочна рамка за реализација на проектите и подготвеност за инвестиции.

Паралелно, Националниот план за енергија и клима ја заврши фазата на јавни консултации и влезе во завршна фаза на финализација. НЕПК ги обединува целите за декарбонизација, развојот на обновливите извори на енергија и потребите за флексибилност на енергетскиот систем, со посебен фокус на регионите погодени од транзицијата од јаглен. По неговото усвојување, Планот ќе претставува стабилна основа за јавните и приватните инвестициски одлуки.

На регулаторен план, во завршна фаза е и подготовката на Законот за обновливи извори на енергија, со чијштоo усвојување ќе се создадат услови за значително забрзување на инвестициите и исполнување на целите за декарбонизација.

Овие активности не претставуваат изолирани реформи, туку овозможувачки чекори за реализација на проектната рамка на Инвестициската платформа.

Владата уште еднаш ја потврди својата силна посветеност на праведната енергетска транзиција, поддржувајќи ја Инвестициската платформа како клучен механизам за координација, инвестиции и забрзана имплементација на реформите.

Прикажи повеќе...

Економија

НБРМ: Усвоен Кварталниот извештај, макроекономските движења во согласност со очекувањата на Народната банка

Објавено пред

Советот на Народната банка, на седницата одржана на 3 февруари 2026 година, го усвои Кварталниот извештај, во кој се наведува дека макроекономските показатели упатуваат на стабилни остварувања во најважните сегменти на економијата и во најголем дел се во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Домашната инфлација очекувано забави под влијание на забавувањето на базичната инфлација, а домашната економската активност умерено забрза. Банкарскиот сектор и натаму остварува солиден раст на депозитната база и кредитната активност, а девизните резерви се задржуваат на соодветно и сигурно ниво.

dobivaj vesti na viber

Народната банка продолжи со унапредувањето на својот оперативен инструментариум заради поддршка на ефикасното спроведување на монетарната политика. Во последниот квартал од 2025 година, таа изврши приспособување на оперативната монетарна рамка заради подобрување на управувањето со ликвидноста и зајакнување на монетарната трансмисија. Со измените се става посилен акцент на инструментите со пократок рок на достасување и на почестите операции, што овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, без да се менува поставеноста на монетарната политика.

Во Кварталниот извештај се наведува дека во четвртото тримесечје од 2025 година годишната стапка на инфлација изнесуваше 4,2%, што претставува очекувано забавување. Инфлацијата за целата 2025 година, во просек, изнесува 4,1%, што е близу до октомвриските согледувања. Според октомвриските оцени, за 2026 година и на среден рок се очекува забавување на инфлацијата и постепено враќање кон историскиот просек. Сепак, и понатаму постојат одредени ризици, при што главните извори на неизвесност се поврзани со движењата на цените на примарните производи на светските берзи, геополитичките тензии и процесите на трговска фрагментација, како и со одредени домашни фактори што влијаат врз побарувачката.

Во третиот квартал од 2025 година, реалниот годишен раст на бруто домашниот производ забрза и од 3,5% во претходното тримесечје се искачи на 3,8%, што е малку повеќе од оцената во рамките на октомврискиот циклус проекции. Според основното сценарио од октомври, за целата 2025 година се очекува забрзување на економскиот раст којшто би изнесувал 3,5% (3,0% во 2024 година), а во 2026 година, како и на среден рок дополнително би се засилил и би достигнал 4,0%.

На крајот на 2025 година, нивото на девизните резерви достигна 4.920,5 милиони евра и според сите релевантни показатели, обезбедува соодветна поддршка за одржување на стабилноста на домашната валута.

Податоците од монетарниот сектор укажуваат на натамошна солидна кредитна поддршка за економијата и зајакнување на депозитната база на банките. Во четвртиот квартал од 2025 година, годишниот раст на вкупните кредити изнесуваше 13%, при годишен раст и на депозитите од 10%, што е малку над нивото проектирано за крајот на годината.

На седницата, Советот на Народната банка разгледа и други точки поврзани со тековното работење на Банката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија24 минути

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија33 минути

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....

Македонија1 час

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци, бараат надлежните да извршат проверка на мобилен телефон

Родителите на загинатите во „Пулс“ се сомневаат дека се врши притисок врз сведоци преку Вибер комуникација од затворот. „Имаме сознанија...

Свет1 час

Виткоф објави дека е постигнат првиот договор меѓу Русија и Украина по пет месеци

Ексклузивните разговори во Абу Даби донесоа конкретен резултат, Русија, Украина и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за размена на затвореници,...

Македонија2 часа

Објавена петиција за забрана на социјални мрежи за деца до 12 години во Македонија

Граѓанската иницијатива „Иницијатива за безбедно детство“ објави петиција со која се бара воведување забрана за употреба на социјални мрежи за...

Македонија3 часа

Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон

За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар...

Македонија4 часа

Случајот со смртните закани врз новинарот Александар Видиновски да се истера до крај, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува примитивните напади и смртните закани врз новинарот Александар Видиновски на социјалните мрежи и ја поздравува...

Македонија4 часа

(Фото) Сиљановска-Давкова се сретна со претседателот на ОАЕ: перспективите за продлабочување на билатералната соработка во фокусот на разговорот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите...

Македонија4 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен

„Нема вработувања во Град Скопје – нема да дозволам ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен!“, порача...

Свет4 часа

Путин повторно го насамари Трамп, објави „Њузвик“

Претседателот Доналд Трамп минатата недела објави дека посредувал во еднонеделно примирје меѓу Русија и Украина, истакнувајќи го својот личен однос...

Свет5 часа

(Фото/видео) Руски беспилотни летала го нападнаа Киев, две жени повредени, неколку станбени згради оштетени

Две лица се повредени во руски напад што беше извршен синоќа со беспилотни летала врз Киев. Остатоци од беспилотните летала...

Свет7 часа

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет7 часа

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет7 часа

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет7 часа

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа7 часа

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија13 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија20 часа

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија22 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...