Црна хроника
Повторно вандализам врз автомобилот на поранешен судија во Велес
Пред една година го опожарија, а ноќта кон средата засега непознат сторител ги исекол гумите на автомобилот на Јордан Лазаров, поранешниот претседател на Судот во Велес
Поранешниот претседател на Основниот суд Велес, Јордан Лазаров, размислува да постави видео надзор околку својата куќа. Ова било единствена можност да го заштити својот имот. Неговиот автомобил марка „форд фиеста“, имено, измиантата ноќ повторно настрада. Исечени се двете предни и една задна гума.
„Некаде по полноќ, синот слушнал чудни шумови, погледнал од прозорецот и што да види, еден маж со брзи чекори се одалечува од местото каде беше паркиран автомобилот. Ова беше доволен сигнал да се симнеме доле и што да видиме, гумите беа исечени“, рече Јордан Лазаров, поранешен претседател на Основниот суд Велес.
Настанот е пријавен во полиција. Направен е увид и се трага по сторителот или сторителите.
Лазаров не крие дека стравува за безбедноста на своето семејство, но тој стравува и за недвижниот имот, особено за куќата во село Еловец.
„Општо познато е дека после моето палење на возилото се запалија возилата на уште двајца судии, и тогаш реков дека ако не се откријат сторителите дека ќе има атак и врз други судии.Состојбите во Основниот суд Велес додека бев претседател знаете што се случи, тоа мораше да се случи затоа што работите беа во друг правец. Откако работите дојдоа така како што треба веќе на тие што им смета почнуваат да удираат врз имотот на судиите“, рече Лазаров.
Сé уште не е разјаснето и кој ги запали автомобилите на судите Шефшет Адеми и Габриела Гајдова. Од полиција велат дека истрагата е во тек. /крај/мф/ди
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
57-годишен охриѓанец се оддалечил од семејниот дом
Вчера во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека претходниот ден од семејниот дом се оддалечил З.Т.(57) од Охрид.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Кривична за кичевец: градел објект за малостопанство, без одобрение за градба, употребил и лажен елаборат
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Л.(57) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „употреба на исправа со невистината содржина“.
Тој, во својство на инвеститор, без одобрене за градење извршил доградба на објект за малостопанство, а потоа со намера да создаде привид на законитост на објектот употребил елаборат од 2018 година со невистинити податоци.
На тој начин пред надлежните институции прикажал неточни факти за локација, површина и категоризација на објектот.
Црна хроника
Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.

