Свет
Пентагон го откри идентитетот на војникот кој уби 16 Авганистанци
Пентагон го објави името на американскиот војник осомничен за масакрот врз авганистанските цивили, пренесува телевизијата Fox News, повикувајќи се на сопствени извори во министерството за одбрана на САД.
Пентагон го објави името на американскиот војник осомничен за масакрот врз авганистанските цивили, пренесува телевизијата Fox News, повикувајќи се на сопствени извори во министерството за одбрана на САД.„Станува збор за наредникот Роберт Бејлс“, тврди телевизијата, истакнувајќи дека претходно обвинетиот за тешкото кривично дело бил префрлен во воената база во Форт Левенуерт во сојузната американска држава Канзас. Претходно, 38-годишниот наредник беше во притвор во американската воена база во Кувајт.Се очекува дека формалното обвинение против осомничениот ќе биде поднесено во рок од неколку седмици. Неговиот адвокат Џон Хенри Браун, изјави дека случајот не е обично кривично дело и ја потврди можноста за смртна казна за неговиот клиент. Браун, исто така, изрази изненадување од фактот што наредникот кој се здобил со повреди на черепот и мозокот и други рани додека служел во Ирак, повторно бил испратен во воено жариште.Адвокатот изрази сомневање дека неговиот клиент го извршил масакрот во авганистанската област Панџваи под дејство на алкохол. Најверојатно, според него, причината за трагедијата е стресната состојба на војникот додека служел во Авганистан.Американскиот војник на 11-ти март, стрелаше врз авганистанските цивили во областа Панџваи во јужната авганистанска покраина Кандахар, влегувајќи во куќи во две села среде ноќ и пукал во нив, притоа убивајќи 16 цивили, од кои девет деца и три жени.Според американски воени извори, војникот го извршил злосторството откако претрпел нервен слом. Наредникот ја напуштил базата во областа Панџваи околу три часот изутрина по локално време и влегол во три приватни куќи каде што отворил оган од своето оружје. По убиствата, војникот сам им се предал на американските воени власти.Кратко време по инцидентот, осомничениот војник беше пренесен од Авганистан во американската воена база во Кувајт. Според медиумите, наредникот (според други извори водник во логистиката), кој служел во Третата бригада „Страјкер“ на копнените војски на САД во рамките на мисијата ИСАФ во Авганистан, трипати претходно бил во мисија во Ирак, каде што во борбите претпрел сериозни повреди на мозокот, откако неговото возило налетало на крајпатна мина.Бејлс стапил во американската армија кусо време по терористичките напади врз САД од 11-ти септември 2001 година, служејќи во три наврата во Ирак пред ланскиот декември да биде прекомандуван во Авганистан./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Турција: силен ветер уништи објекти
Силни ветрови ја погодија северозападната турска провинција Коџаели предизвикајќи значителна материјална штета, при што на повеќе објекти им биле целосно откорнати покривите, јавуваат локалните медиуми.
На снимките објавени од локалниот портал „Коџаели Гундем“ се гледа моментот кога силен ветер подигнува покрив од зграда во населбата Диловаси и го носи од објектот. На друга снимка, објавена подоцна, покривот може да се види речиси неоштетен како лежи на земја.
A massive storm hits #Istanbul, #Turkey. pic.twitter.com/YOzRNoToE4
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) January 8, 2026
Дополнителни видеа од местото Хереке прикажуваат куќа што останала без покрив, а предмети од внатрешноста се расфрлани по просториите поради силните налети на ветерот.
Од Кабинетот на гувернерот на провинцијата Коџаели уште во средата било издадено предупредување дека се очекуваат олујни ветрови со брзина од 50 до 70 километри на час, додека во повисоките предели ударите можеле да достигнат и до 80–90 километри на час.
Фото: pexels
Свет
Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек
САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.
Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.
Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.
Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.
Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Експлозија на гас разнесе станбена зграда во Германија
Три лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа во силна експлозија на гас што рано утринава целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат. Уривањето се случило околу 5 часот наутро во градската населба Тајлфинген, а полицијата потврди дека загинатите се членови на исто семејство на возраст од 33, 30 и 6 години, пренесе Билд.
На местото на несреќата се ангажирани повеќе од 200 припадници на итните служби. Откако семејството првично се водело како исчезнато, спасувачите подоцна ги пронашле нивните тела во урнатините.
Детонацијата била исклучително силна и го вознемирила целото соседство. Еден од станарите изјавил за Шварцвелдер Ботен дека околу 5 часот наутро целата куќа му се затресла, предмети паѓале од полици, а стаклото на влезната врата пукнало. Друга соседка помислила дека станува збор за земјотрес.
Според полицијата, во експлозијата не била уништена само погодената куќа, туку и неколку околни згради биле сериозно оштетени. Соседите биле евакуирани и никој од нив не е повреден. Итните служби им укажале помош, а многумина биле во состојба на шок.
Од безбедносни причини, дотокот на гас во целата улица бил прекинат. Градоначалникот Тралмер изјавил дека нема опасност од нови експлозии и дека се очекува снабдувањето со гас за околните куќи повторно да биде воспоставено во текот на денот.
Фото: pexels

