Македонија
Почна ветеринарна контрола на граничните премини
На граничните премини Богородица и Меџитлија од денеска почна проверка и преглед на пратките од животинско потекло од ветеринарни инспектори на самиот премин.
Проверката се врши во новоизградените објекти за ветеринарна и фитосанитарна контрола, а на почетокот од ваквиот начин на проверка на пратките кои влегуваат и излегуваат од македонска територија присуствуваше министерот за земјоделство и водостопанство Ацо Спасеновски.Изградба на објекти за контрола при увоз и транзит на животни, производи од животинско потекло и растенија на граничните премини согласно Европските стандарди е обврска на Владата како дел од Стратегијата за погранично управуввање.
Од мај 2009 година постапка за проверка и преглед на пратките од животинско потекло од страна на ветеринарите се одвива на граничните премини и на местото на истовар, без преглед на внатрешните царински испостави, со што се олеснуваат и забрзуваат административните процедури при увоз на пратки од животинско потекло.„Ова е еден од условите за влез во Европската унија со кој се овозможува контролиран и брз увозна стоки од анимално и растително потекло. Процес кој што се надоградува и усовршува“, изјави Спасеновски на граничниот премин Богородица.Тој информираше дека досега е изработена техничко-технолошка документација и е подготвена комплетна тендерска документација за изградба на 10 објекти за Граничните премини: Табановце, Блаце, Ќафасан и на Аеродром – Александар Велики. На граничните премини Табановце и Богородица веќе функционира 24 часовно работно време, 7 дена во неделата. На граничните премини Деве Баир, Блаце и Ќафасан ветеринарите се присутни во една смена. При најава за увоз или транзит на пратки од живи животни, проверката и прегледот ја извршуваат на повик по потреба во секое време. Фитосанитарната инспекција која што ја врши котролата на пратки од растително потекло, контролата ја врши до 21.00 часот, а во зимскиот период до 17.00 часот поради тоа што фитосанитарна контрола може да се врши исклучиво при услови на дневна светлина, што е и практика во Европската унија.
За потребите на ветеринарната инспекција изработен е апликативниот софтвер “TRACES like“ со кој се овозможува целата процедура, започнувајки од најавата 24 часа однапред, аплицирањето за увоз или транзит од страна на бизнис заедницата и завршувајки со проверката и прегледот на пратки живи животни и производи од животинско потекло од страна на официјалните ветеринари во целост да се изведува на границите. Компјутерската програма е во согласност со офтверот за работа на гранични премини на ЕУ.„Со реализацијата на овој сет мерки, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, дава конкретен придонес во реализацијата на суштинскиот политички приоритет на Владата на Република Македонија – евро интеграциите“, смета Спасеновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ, Стоиљковиќ и врските со Русија, прашуваат од СДСМ
Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години. Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и граѓаните, истакнуваат од опозициската партија.
„Благодарение на таа посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија се помирни, побезбедни и побезгрижни.
Генералениот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска доаѓа во посета на Македонија.
Прашањето е што ќе рече генералниот секретар на НАТО за назначувањето на почесниот конзул Душан Адамовиќ и за најблискиот соработник на Мицкоски- вицепремиерот Иван Стоиљковиќ кои имаат блиски врски со Русија“.
Прашуваат дали е тоа соодветно за земја членка на НАТО?
„Со денови прашуваме и нема одговор од Мицкоски за неговите врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на седница на Влада го избра својот пријател за почесен конзул на Македонија во Србија.
За неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана, за бројните криминални афери со кои се поврзува, за неговите високи позиции во СНС – сестринската партија на ВМРО како и за неговите врски со Русија.
Нема одговори“.
Нема одговори, како што велат ниту за прославите на првиот соработник на Мицкоски во Владата, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, со „Ноќните волци“ блиски на Путин.
Дали ваквите кадри ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција во Алијансата и на меѓународен план“.
Македонија
Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар
Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:
1. Општина Чаир – 54 записници
2. Општина Карпош – 18 записници
3. Општина Аеродром – 11 записници
4. Општина Центар – 9 записници
4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници
5. Општина Гази Баба – 2 записника
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

