Забава
Цинкот сообраќаец во организмот

Цинкот делува како сообраќаец, насочувајќи и надгледувајќи делотворен тек во организмот, одржувајќи ензимски системи и ќелии
Битен е за синтеза на протеини.Ја регулира способноста за контрактибилитетот на мускулите.Го помага создавањето инсулин. Значаен е за стабилитетот на крвта и за одржување телесна рамнотежа на киселината и базата. Врши влијание на нормализирање на делувањето на простатата и важен е за развој на сите органи за репродукција. Новите истражувања укажуваат на неговото значење за функционирање на мозокот и лечење на шизофренија. Постојат силни докази за неговата потреба за синтеза на ДНК. Препорачаната дневна доза е 15 мг за возрасни. Претерано потење може да предизвика губење на 3 мг цинк дневно. Најголем дел од цинкот добиен преку храната се губи преку преработка или го нема во чувствителни количини ако тлото е оскудно со хранливи состојки.Што цинкот може да стори за вас:Го скратува времето за исцелување на внатрешни и надворешни рани.Ги отстранува белите дамки од ноктите.Помага да се излечи губитокот на вкусот.Помага при лечењето неплодност.Помага во спречување на проблемите со простатата.Помага во растежот и бистрината на умот.Помага при намалување на наслагите на холестеролот.Помага при лечењето ментални пореметувања.Заболувања кои настануваа поради недостаток на цинк:Можна хипертрофија на простатата (неканцерозно зголемување на жлездата), артериосклероза.Природни извори:Говедски бут, јагнешки котлети, свинско каре, пченични никулци, пивски квасец, семки од тиква, јајца, сенф во прав.Додатоци:Го има во сите мултивитамински и мултиминерални додатоци.Најдобро е да се зема хелиран цинк.Цинкот е достапен и во комбинација со витаминот Ц, магнезиум и Б-комплексот.Токсичност:Практично е нетоксичен, освен кога се зема во претерани количини и кога храната била складирана во галванизирани посуди.Совет:Ако земате големи количини витамин Б6, потребно е да земате повеќе цинк. Ист е случај и ако сте алкохоличар или дијабетичар.Луѓето кои имаат проблеми со простатата – а и тие кои немаат – добро ќе сторат ако одржуваат високо ниво на цинк во организмот.Постарите личности кои патат од сенилност, треба да знаат дека додатоците од цинк и манган се од полза.Ако ве мачат нередовни менструации, можете да пробате со додаток на цинк пред да се вратите на лечење со хормони заради воспоставување регуларност.Запомнете: ако на храната и додавате цинк, ги зголемувате своите потреби за витамин А. Цинкот најдорбо делува со витаминот А, калциум и фосфор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Северноевропска земја прогласена за најскапа туристичка дестинација

Нова студија од САД покажува дека Европа е сè уште скапа во очите на Американците, а Исланд е предводник.
Според извештајот на „Форекс комплекс“, овој северноевропски остров е прогласен за најскапа туристичка дестинација за американските патници.
Во просек, еден ден престој на овој северноевропски остров чини повеќе од 400 долари (344,82 евра). Трошоците за сместување, храна, транспорт, инфлација и движења на девизниот курс на локалната валута во однос на доларот беа земени предвид.
Следни на листата на најскапи се Австралија, со просечна дневна цена од речиси 280 долари (241,38 евро) и инфлација од 2,4 процента, и Мексико, чија поранешна репутација како евтина дестинација е под закана поради брзото зајакнување на песото.
„Флуктуациите на валутата може значително да ги променат трошоците за патување, дури и во земји со стабилни локални цени. Патниците што ги занемаруваат валутните трендови би можеле да имаат поскапо лето од очекуваното“, изјави портпаролот на The Forex Complex за Travel and Leisure.
Азија е најприфатлива
Меѓу поскапите европски дестинации се Обединетото Кралство, Германија и Италија, каде што дневните трошоци остануваат високи и покрај релативно поволниот девизен курс на еврото во однос на доларот.
Од друга страна, најприфатливите дестинации се во Азија – на Тајланд туристите трошат просечно 81,87 долар (70,58 евра) дневно, а во Индонезија оваа сума е уште помала – 70,23 долари (60,54 евра).
Анализата вклучи 19 популарни дестинации, а покрај инфлацијата и движењата на валутата, беа проценети и трошоците за основни туристички услуги, како што се сместување, превоз и храна, пишува tportal.
Фото: принтскрин
Забава
Кели Озборн му оддаде почит на својот татко, ги носи виолетовите очила на неговиот погреб

Кели Озборн му оддаде почит на својот татко Ози Озборн носејќи ги неговите виолетови очила за време на неговата погребна поворка во Бирмингем.
Очилата, кои беа препознатлив дел од имиџот на музичарот, беа симболично користени како личен знак на жалост. Поворката во негова чест помина низ центарот на Бирмингем, градот во кој е роден. Покрај Кели, на погребот учествуваа и други членови на семејството, вклучувајќи ги неговата сопруга Шерон, децата Џек, Ејми и Луис, синот од неговиот прв брак со Телма Рајли.
Самиот Озборн претходно во интервјуа изјави дека Кели е најблиску до него од сите негови деца опишувајќи ја нивната врска како две капки вода.
Песната Changes, дует што Ози го сними со Кели во 2003 година, повторно се појави на британската листа на синглови по неговата смрт.
Фото: принтскрин
Забава
Наместо скапи додатоци, едноставна утринска напивка што ги чисти вашето тело и црниот дроб

Почнувањето на денот со нешто што го поддржува вашето тело однатре може да направи голема разлика, особено кога станува збор за вашето тело, црниот дроб и здравјето на дигестивниот систем. Многу експерти за исхрана ја нагласуваат важноста на малите, но постојани утрински навики, што го поттикнуваат вашето тело природно да се исчисти. Наместо скапи додатоци или комплицирани режими за детоксикација, решението често лежи во нешто исклучително едноставно и лесно достапно.
Имено, тоа е топла вода со лимон – класична напивка, кој често се споменува како сојузник на црниот дроб и дигестивниот систем. Иако звучи речиси премногу едноставно за да биде ефикасно, многу диететичари и нутриционисти објаснуваат дека комбинацијата од топла вода и свежо исцеден лимон може да ги поддржи варењето, хидратацијата и функцијата на црниот дроб.
Оваа напивка не прави чуда преку ноќ, но како дневна навика може да има позитивен ефект.
Најдобар ефект се постигнува ако се пие веднаш по будењето
Според нутриционистите, топлата вода со лимон може да го поддржи варењето и да ја стимулира работата на дигестивниот систем, што индиректно ги олеснува природните процеси на црниот дроб, вклучително и разградувањето на мастите. Покрај тоа, лимонот е добар извор на витамин Ц, кој го поддржува имунолошкиот систем, а некои експерти наведуваат дека неговите метаболистички производи може да имаат благ алкализирачки ефект врз телото.
Важно е да се напомене дека напивката буквално не го чисти црниот дроб, туку го поддржува неговиот природен процес на детоксикација.
Најдобар ефект се постигнува ако напивката се пие веднаш по будењето, на празен стомак. Некои нутриционисти препорачуваат додавање прстофат цимет или парче свеж ѓумбир за да се додаде благ антиинфламаторен ефект. Сепак, дури и без адитиви, овој ритуал им помага на многу луѓе да го почнат денот со чувство на леснотија и свежина.
Оваа напивка нема да ги замени балансираната исхрана и здравиот начин на живеење, но може да биде едноставен прв чекор кон подобро функционирање на телото.
Иако топлата вода со лимон е генерално безбедна за повеќето луѓе, нутриционистите советуваат умереност – особено за оние со чувствителен стомак. Исто така, не се препорачува да се пие во големи количини во текот на денот, туку како лесен утрински ритуал.
Фото: принтскрин