Спорт
Десетти триумф на Петар Стојчев, на пиедесталот двајца Македонци
Најдобриот маратонски пливач на денешницата, Петар Стојчев, десетти пат по ред триумфираше на Охридскиот пливачки маратон кој оваа година се одржа по јубилеен 25 пат.
Најдобриот маратонски пливач на денешницата, Петар Стојчев, десетти пат по ред триумфираше на Охридскиот пливачки маратон кој оваа година се одржа по јубилеен 25 пат.
Стојчев патеката „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5 часа, 35 минути и 13 секунди. Со триумфот во Охрид тој го обезбеди првото место и во генерален пласман на Светската ранг-листа за 2011 година.
„Трката беше перефектна. Имав добра тактика и стигнав прв на целта, но верувајте многу помило од победата ми е тоа што Томи и Евгениј завршија како втор и трет“, изјави Стојчев.
Неприкосновениот Бугарин кој од 2001 година триумфира на Охридскиот маратон вели дека нема никаква тајна, но сепак го „откри“ рецептот за успех.
„Ги знам кратките патеки на езерото“, рече на шега Стојчев, додавајќи дека оваа година е во добра форма и тешко може некој да го победи.
Веднаш зад Стојчев во фото финиш како второ и трето пласирани пристигнаа македонските маратонци Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев, кој со пласманот во Охрид ја потврди третата позиција во Генаралниот пласман во светстката серија на ФИНА.
„Трката беше брза, уште од почетокот се наметна силно темпо. Презадоволен сум од резултатот, за мене ова е многу голем успех и не се надевав дека ќе завршам како третопласирен“, истакна Поп Ацев.
Во женска конкуренција втора година по ред триумфира Карла Ситиќ од Хрватска, која 30-те километри ги преплива за 5.52.55. часа. Таа триумфираше пред Естер Нуњез Мореро од Шпанија и Гелјо Пилјар од Аргентина.
„Ова е моја втора победа во Охрид. Многу сум задоволна, трката беше многу тешка, но ете успеав да победам повторно и многу сум среќна“, изјави Ситиќ.
Македонија и оваа година во женска конкуренција немаше свој претставник.
Маратонот го завршија 20 натпреварувачи, а во текот на трката се откажаа двајца пливачи, по еден во обете конкуренции.
Охридскиот пливачки маратон годинава привлече голем број гледачи на целта кај градското пристаниште во Охрид, каде пливачите ги пречека покровителот на најзначајната спортска манифестација во државата, претседателот Ѓорѓе Иванов.
Наградниот фонд на Охридскиот маратон, инаку последен во светската серија на ФИНА за оваа година, изнесува 25 илјади долари. /крај/ohridnews/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

