Црна хроника
Кичевец грабнал прилепчанка, два месеца ја силувал и малтретирал
Жител на кичевското село Колибари пред два месеца грабнал жителка на прилепското село Јакренево, ја затворил во својата куќа каде ја малтретирал и ја силувал.
Жената успеала да побегне и во саботата попладне околу 18 часот го пријавила случајот во полиција.
Според пријавата на триесет и деветгодишната жена, педесет и петгодишниот кичевец ја грабнал пред околу два месеца и присилно ја чувал во неговата куќа во Колибари. Цели два месеца физички ја малтретирал и ја силувал.
Во саботата успеала со виљушка да ја отвори вратата од куќата и со автостоп стигнала до Кичево и го пријавила кривичното дело.
Полицијата утрово околу 7 часот го привела грабнувачот од неговиот дом во Колибари.
По консултација со јавниот обвинител, полициските службеници со приведениот водат разговори во врска со постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „силување“.
На приведениот му е одреден триесетдневен притвор./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

