Македонија
Велигден прославен и меѓу Македонците во Австралија
Христовото Воскресение – Велигден од страна на македонската заедница во Австралија беше дочекано организирано и весело во сите македонски православни храмови.
Христовото Воскресение – Велигден од страна на македонската заедница во Австралија беше дочекано организирано и весело во сите македонски православни храмови. Според информациите кои ги добивме храмовите биле претесни да ги соберат сите верници. Голем број од нив влегуваа да запалат свеќа да се помолат и да отстапат место на другите верници. Верниците со голема свест и вера во Бога го дочекаа Воскресението Христово заедно обединувајќи се во Христа. Дека тоа е така потврдуваат и сликите од поголем број на храмови и верниците кои беа присутни. Спрема зборовите на верниците, „неможе да има поделба затоа што каде е Христос таму е и Црквата“. Инаку, во саботата на полноќ, свештениците со тропање на црковните врати и нивно отворање го објавија Христовото Воскресение. Потоа присутните се поздравуваа меѓу себе и кршеа велигденски јајца за да ја потврдат веста за Христовото Воскресение. Подготовките за Христовото Воскресение започнаа уште во четвртокот а славењето на Воскресението ќе трае до Спасовден кога е Христовото вознесение. Исус Христос со смртта ја победи смртта, но и верниците со обединувањето во Христа ја победија разделеноста помеѓу македонските православни верници во Австралија, наметната уште од 1996 година заради имотите, а не верата во Христа. /крај/radiozzz/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претпладне студено со магла, преку денот променливо облачно
Утрото ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот променливо со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а дневните во делови од земјата ќе надминуваат 10 степени. Локални врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има во вторник, а потоа се очекуваат и на крајот од неделата.
Македонија
Магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 30 до 50 метри Прилеп и Македонски Брод, 50 до 70 метри Струмица и Берово и на патниот правец Тетово – село Гајре, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сарај
ЕВН Македонија извести дека на 20.01.2024 година ( понеделник ) без електрична енергија ќе останат:
– од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Лисец, објектите во близина на игралиштето, по должина на улицата. (опш.Аеродром)
-од 09:00 до 15:00 часот корисниците од с.Буковоќ, с.Ласкарци, с.Раовиќ, .с.Паничари (опш.Сарај)