Свет
Расте бројот на мртви по уривањето на мостот во Индонезија

Бројот на мртви, откако на индонезискиот остров Борнео во саботата се урна мост, се искачи на 11, јавува агенцијата Франс прес. Повеќе од 30 лица се сметаат за исчезнати, а 39 се повредени.
Бројот на мртви, откако на индонезискиот остров Борнео во саботата се урна мост, се искачи на 11, јавува агенцијата Франс прес. Повеќе од 30 лица се сметаат за исчезнати, а 39 се повредени.Властите ја истражуваат причината за несреќата која се случи кога се урна мост преку реката Махакам, долг 720 метри. Мостот беше изграден по примерот на Голден Гејт Бриџ во Сан Франциско.Тешко е да се одреди точниот број на исчезнати бидејќи е непознато колку возила се наоѓале на мостот во моментот на неговото уривање. Видливоста под површината на реката која на места е длабока до 40 метри е многу слаба.Сведоци изјавија дека слушнале звук на кршење пред да се урне мостот, а неколку автомобили, автобус на јавниот превоз и мотори паднале во реката.Челичната сајла која го држела мостот е изграден во 2002 година наводно пукнала додека ја поправале работниците, а конструкцијата на самиот мост ослабнала откако бродовите неколку пати удриле во потпорните столбови на мостот. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.
Свет
Германскиот шеф на дипломатијата: Самитот во Унгарија е втор обид Путин да сфати сè сериозно

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денес изјави дека планираните разговори во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се уште еден обид да се охрабри Путин да се вклучи во сериозни преговори, но нагласи дека Украина мора да биде вклучена во секоја одлука.
Вадефул го изјави ова за време на посетата на Анкара, каде што се сретна со својот турски колега.
Украина не беше поканета на разговорите меѓу Трамп и Путин.
Свет
Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека бил принуден да ја воведе поради потегот на Пекинг да ги заостри контролите на извозот на ретки метали неопходни за технолошката индустрија, пренесе „Ројтерс“.
Во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“, Трамп рече дека мерката е одговор на одлуката на Кина да го прошири надзорот над извозот на минерали со кои таа доминира. И покрај остриот тон, тој потврди дека за две недели ќе се сретне со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Јужна Кореја, додавајќи дека сè уште е можен фер договор со Кина.
Пазарите реагираа позитивно по неговата изјава, берзанските индекси на Волстрит забележаа раст, а американскиот министер за финансии Скот Бесент и кинескиот потпретседател Хе Лифенг најавија телефонски разговор за продолжување на трговските преговори.