Контакт

Регион

Анкара гневна поради германска сатира

Објавено пред

Турското министерство за надворешни работи го повика германскиот амбасадор во Анкара на разговор поради сатиричниот прилог емитуван на германскиот јавен сервис NDR во кој се критикува авторитарното однесување на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. 

dobivaj vesti na viber

„Германскиот амбасадор во Турција, Мартин Ердман, мораше во текот на двочасовниот разговор да се правда поради двеминутниот сатиричен прилог во емисијата ‘Extra3’ на јавниот сервис Северногерманската радио-телевизија NDR. Притоа не станувало збор за вообичаено разменување на мислења, како што е тоа обичај во рамките на дипломатскиот кор, туку за повикување на ред во невообичаено остар тон“, пишува во вторникот германскиот неделник Der Spiegel повикувајќи се на дипломатски кругови.

Турските функционери на германскиот амбасадор му се пожалиле поради сатиричната песна „Erdowi, Erdowo, Erdogan“ (обработка на хитот на поп пејачката Нена од 1980-те „Irgendwie, irgendwo, irgendwann”), во која се критикува односот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кон медиумите, но и неговото живеење во наводен раскош.

„Новинарот кој нешто ќе напише, што на Ердоган не му е по волја, веќе утредента ќе се најде во затвор“, се наведува во еден стих од песната. Во друг, пак, се зборува за „Фалбаџијата од Босфор кој живее на висока нога“.

Истовремено турскиот претседател Ердгоан жестоко ги критикуваше странските дипломати, меѓу другите и германскиот и британскиот амбасадор во Анкара, поради нивното присуство во судница на почетокот од судскиот процес против новинарите Чан Дундар и Ердем Ѓул поради текстот во кој се документира дека турската тајна служба транспортирала оружје за исламистичките групи во соседна Сирија под превезот на хуманитарна помош.

Ердоган во таа пригода изјави дека овие дипломата „нема што да бараат во судницата“, како и дека „ова е Турција, а не нивната земја“, што беше протолкувано како индиректна закана за протерување на дипломатите.

Турските власти неодамна одбија да му ја продолжат акредитацијата на дописникот на германски Der Spiegel од Турција, кој беше познат по својот остра и критички став кон стилот на исламско конзервативната влада и претседателот Ердоган./крај/мф/сн

Извор: DPA



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Бахамите го признаа Косово

Објавено пред

Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.

dobivaj vesti na viber

Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.

Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.

Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.

depositphotos

Прикажи повеќе...

Регион

Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски

Објавено пред

Од

Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.

dobivaj vesti na viber

За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?

„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.

Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.

„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.

Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.

„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.

НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.

Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Регион

E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани

Објавено пред

Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.

dobivaj vesti na viber

Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.

Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.

Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.

Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Дедо Мраз од Лапонија ќе дојде со волшебен воз на Железничка во Скопје

Специјална новогодишна театарска претстава за деца „Дедо Мраз дојде со воз“ ќе се одржува  од денеска 30 декември на Железничката...

Топ18 часа

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично...

Македонија20 часа

Алиу: Дефиниравме нови програми за специјализации – темелно го менуваме пристапот за креирање медицински кадар

На денешната прес-конференција на министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева-Старделова, деканот на Медицинскиот...

Македонија21 час

Уапсени 11 лица за местење тендер вреден над 7,6 милиони евра во „ЕСМ дистрибуција на топлина“

Завчера во текот на ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител, полициски службеници спроведоа...

Македонија21 час

Левицата бара независна истрага за смртта на новороденчето и одговорност од директорката и од педијатарката во ГАК

Левица бара Обвинителството да отвори истрага за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија и акушерство и одговорност од директорката...

Македонија22 часа

(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните

По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата,...

Македонија22 часа

Андоновски: Македонија рангирана во А-групата за дигитален напредок според Светската банка

На конференцијата „Трансформирање на иднината: дигитална стратегија за современо општество“, посветена на промоцијата на Националната стратегија за развој на ИКТ...

Македонија22 часа

Измените на Кривичниот законик се само уште едно крпење на правниот систем, велат од ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува сериозна загриженост и негодување во однос на најновите предлог-измени на Кривичниот законик кои се најдоа пред...

Македонија22 часа

Надминат прагот на штетни честички во воздухот во Скопје, надлежните активираа мерки

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух...

Македонија24 часа

„’Лотаријата’ функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчел за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами,...

Македонија1 ден

Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени минимални недоследности

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста...

Свет1 ден

Макрон: Дојде време да се обнови дијалогот со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека дојде време тој и европските лидери повторно да влезат во дијалог со рускиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Објавена нова снимка од нападот во Сиднеј: полицаец спречил масакр од 45 метри

Австралиските медиуми го идентификуваа полицаецот кој го спречи смртоносниот антисемитски напад на плажата Бонди како детективот Сезар Бараза. Новообјавените видеа...

Свет1 ден

(Видео) Осомничениот за масовното пукање на Универзитетот „Браун“ пронајден мртов: го убил и професорот на МИТ

Маж осомничен за масовното пукање на Универзитетот Браун од минатата недела е пронајден мртов по шестдневна потрага што се протегаше...

Свет1 ден

Трамп ја прогласи марихуаната за помалку опасна дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која марихуаната на федерално ниво се класифицира како помалку опасна дрога, во...

Европа1 ден

ЕУ, конечно, постигна договор за Украина: три членки одбија да учествуваат

Лидерите на ЕУ ги откажаа плановите за невиден заем за репарации за Украина и наместо тоа ќе соберат 90 милијарди...

Свет1 ден

(Видео) Приватен авион се урна во Северна Каролина, повеќе загинати

Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион Цесна С550 поврзан со возачот на НАСКАР, Грег Бифл, се урна во близина на...

Регион2 дена

(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана

Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а...

Европа2 дена

(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400

Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород,...

Свет2 дена

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои...