Црна хроника
Вработен во менувачница во Велес се справил со вооружен арамија

Вработен во менувачница спречил грабеж откако му се спротивставил на вооружениот крадец, по што арамијата бил фатен од полицијата.
Настанот се случил во понеделникот околу 19,00 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, поточно во менувачница во Трговскиот центар, кога влегло лице вооружено со автоматско оружје и со закана кон вработениот побарал да му ги даде парите. Вработениот му се спротивставил, пo што сторителот испукал два истрела од автоматската пушка кои завршиле во ѕидот од менувачницата. Турканицата продолжила и надвор пред менувачницата, при што автоматската пушка и ранецот кој сторителот ги носел со себе паднале на плочникот од долниот кат од трговскиот центар. Сторителот почнал да бега на вториот кат, но откако бил забележан од граѓани и полициски службеници кои во моментот вршеле служба истиот бил фатен и приведен.
Осомничениот е задржан во СВР-Велес, со истиот е извршен разговор и се работи на целосно расчистување на случајот како и негова инволвираност во извршување на други кривични дела. Инаку осомничениот моментално е во бегство од затворот во Штип каде издржува 10–годишна затворска казна заради извршени кривични дела. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.