Регион
Големо невреме во Бугарија, западот на земјата поплавен, централниот дел под снег

Поројни дождови, оркански ветришта и снежно невреме ја погодија Бугарија, при што западот на земјата е поплавен и едно лице го загуби животот. Во централниот дел на земјата заради снегот е прогласена вонредна состојба.
Заради снегот се затрупани повеќе сообраќајници, а без струја се десетици илјади луѓе. Најпогодени се градовите Габрово и Трново, каде што има напаѓано и до 30 сантиметри снег.
На некои подрачја се активирало и лизгање на земјиште, заради што беше прогласена вонредна состојба.
Истокот на Бугарија беше погоден од пороен дожд. Во Бургас на брегот на Црното море поплавите однесоа еден живот. Брачен пар го напуштил возилото заради поплавениот пат. Водената стихија ги раздвоила, а подоцна жената била пронајдена мртва.
Дождот врнел со толкав интензитет, што за кратко време биле поплавени сообраќајниците.
„Можевме само да гледаме што се случува. Ништо не успеавме да направиме. Ништо, ништо“, рече жителка на Хасково.
Во Бургас е прогласена вонредна состојба. Три резервоара на тамошната брана се наполнети до максимумот, заради што десетици жители се евакуирани.
Браната може да биде пробиена секој момент. Најстрашно е што под неа минува нафтоводот, па ни се заканува и еколошка катастрофа“, рече Димитар Николов, градоначалник на Бургас.
Врнежите од дожд и снег полека попуштаат, па веќе од понеделник се очекува смирување на состојбата. /крај/дн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.
Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.
„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.
Регион
(Видео) Таксист се залета со возилото во демонстранти во Смедерево

Додека граѓаните мирно преминувале пешачки премин во Смедерево, возач на такси налетал на луѓе.
Smederevo, taksi nosi coveka na haubi. Tablice: Sd 0814 tx pic.twitter.com/8rAciLoxVe
— Petar Petrovic (@tombomn) July 4, 2025
Притоа еден граѓанин бил собран од возилото и се возел на хаубата околу 200 метри, јавува репортер на Н1.
Од утрово продолжуваат блокадите низ цела Србија, а неколку студенти беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Исто така беше приведен и граѓанин во Крагуевац кој одбил да даде документи за идентификација на српската полиција.
Регион
(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа.
Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8
— TV N1 Beograd (@n1srbija) July 4, 2025
На повик на студентите во блокадата, утрово во седум часот, граѓаните на Крагуевац се собраа на раскрсницата кај облакодерот Застава, а потоа почнаа да ги преминуваат пешачките премини, со што го нарушија сообраќајот.
Minut nakon što su građani blokirali raskrsnicu kod Osnovnog suda, policija je napravila obruč i primorala ih da se presele na trotoar.
Građani odatle idu ka crkvi Svetog Luke, gde ih čeka policijski kordon .
🎥 @stjdznstj pic.twitter.com/EprfuPUI1m
— Južne vesti (@juznevesti) July 4, 2025
Приведен е граѓанин во Крагуевац, кој одбил да ѝ дозволи на полицијата да му ја види личната карта.
Hapšenje studenata FDU-a ispred Fakulteta dramskih umetnosti!!! Na livadi. #svinaulice pic.twitter.com/3jKhzuuEpL
— FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) July 4, 2025
Полициските службеници одведоа неколку студенти кои беа уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград.
Сообраќајот на трамвај и тролејбус во Белград е прекинат поради блокади, а сите возила се повлечени во гаражи додека не се исполнат услови за нивно враќање во сообраќај, објави Танјуг.