Надворешна политика
Иванов: Македонија е жртва на неодлучноста на ЕС
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/ivanov20bratislava.jpg)
Македонија е жртва на неодлучноста на Европскиот совет, на одлуките на некои кои не мислеле на последиците од нивните одлуки, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов на сесијата „Балканска шаховска табла: Дали влогот е целосна и слободна Европа“, којашто заврши доцна ноќта кон саботата, во рамки на безбедносниот форум што се одржува во Братислава, а меѓу главните теми беше и Република Македонија.
„Време е да ги користиме вистинските зборови за да ги опишеме состојбите. Република Македонија е жртва на неодлучноста на Европскиот совет, на одлуките на некои кои не мислеле на последиците од нивните одлуки. Во голема мера денешните состојби се резултат на предолгото држење на Македонија во чекалницата. Не барам алиби за состојбите, и кај нас има вина“, истакан претседателот Ѓорге Иванов
Иванов потсети дека Република Македонија има добиено шест позитивни препораки за членство во Евроспакта унија, а со 16-те Акциски планови за членство во НАТО, македонската е најпроверената армија во историјата .
„Во услови на криза и вакви состојби мора да има друг начин на носење одлуки. Има недостиг од солидарност во поглед на поддршка за интеграција во Регионот, има и недостиг од соработка и доверба меѓу безбедносните служби во Регионот. Целата доверба што се градеше со години, поради несоработката на Косово но и на други 17 служби, е разнишана“, рече меѓу другото Иванов алудирајќи на неговата изјава во врска со судирот меѓу македонската полиција и терористичката група од почетокот на мај во кумановската Дива населба, кога по состанокот на Советот за безбедност на шефот на државата, рече дека македонските власти со месеци очекувале одговори од пријателските разузнавачк и служби во врска со активностите на споменатата група.
Иванов, покрај другото, потсети и дека ланскиот ептември во Советот за безбедност на Генералното собрание на ОН, побара на Балканот да се создаде центар за антитероризам, затоа што земјите членки во НАТО и во ЕУ од Балканот имаат информации и соработуваат.
„Ние земјите коишто сме надвор од НАТО и од ЕУ немаме доверба меѓу себе, не ги разменуваме информациите и не знаеме како да се спротивставиме на тоа што ни се заканува“, истакна Иванов. Според македонскиот претседател „во геополитичка смисла не смее да постои вакум“.
„Ако ЕУ и НАТО не го пополнат вакумот на Балканот, тоа ќе го направи некој друг. НАТО и ЕУ ја немаат завршено работата на Балканот. Чекалницата е најнеупотребливото место. Безбедноста на Балканот не треба да се зема како готова работа. Може да се повтори минатото. Потребни се похрабри пораки и појасна перспектива од ЕУ за Балканот“, се вели во заедничкиот заклучок на претседателите на Македонија и на Хрватска, Ѓорге Иванов и Колинда Грабар, министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто и поранешниот еврокомесар за проширување Штефан Фуле, по сесијата „Балканска шаховска табла: Дали влогот е целосна и слободна Европа“.
Според министерот Сијарто направена е голема грешка за Република Македонија со тоа што не се започнати пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ. „Шест години ја држиме во чекалната, имаме проблем со кредибилитет, не го почитуваме и адресираме прогресот на Република Македонија“, истакна Сијарто./крај/мф/ач
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/mucunski-viena.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mucunski-varheji.jpg)
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/Ukraina-1.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.