Надворешна политика
МНР му врачи протестни ноти на грчкиот амабсадор за говорот на омраза и налепниците на македонските возила
Грчкиот амабсадор во Македонија, Теохарис Лалакос, беше повикан во понeделникот во Министерството за надворешни работи, при што му беше врачена протесна нота по повод последната акција на Специјалните сили на армијата на Грција за време на заедничка воена вежба со армијата на Кипар во јули годинава, на којашто се скандираа провокативни пароли и преовладува говорот на омразата кон соседните народи, вклучително и кон македонскиот.
Македонската дипломатија во нотата бара од грчките власти да преземат „итни мерки за осуда на ваквите појави и тенденции“ кои не се во духот на европските вредности и стандарди и да се заложат ваквите „нецивилизирани акти да не повторуваат“ во иднина. На денешната средба во Министерството за надворешни работи беше врачена и нота во врска со пракитката на лепење налепници на македонските возила поврзана со употребата на кодот „МК“ на регистарските таблички.
Претходно во неделата Македонската влада остро го осуди заканувачкиот вокабулар на грчките војници и бара од ЕУ да не премолчува и претестираше поради „насилничкиот и заканувачки“ вокабулар кој го употребуваат грчките војници и кој е својствен за “некои дамнешни времиња“, предупредувајќи дека ваквите чинови подгреваат омраза меѓу народите, а од Европската унија побара да не ги одмолчува и толерира ваквите појави кои се повторуваат во соседна Грција, туку најостро да ги осуди.
Македонската страна е загрижена и од фактот што вакви „недолични и нецивилизирани појави“ со години се повторуваат во Грција, а притоа никогаш немало официјално извинување и оградување од властите, се истакнува во реакцијата на Владата од неделата
Беше предупредени и дека во Брисел ваквите појави се премолчуваат, всушност се толерира, и покрај декларираноста на ЕУ за сузбивање со национализмите на континентот, за разлика од реакции на речиси сите случување во земјата.
Како и во други наврати, на споменататите заеднички вежби на грчката и кипарската армија, припадниците на грчките специјални воени сили во текот на вежба скандираат дека ќе „цицаат македонска, турска и албанска крв“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.