Компании
Pioneers of the Balkans се презентираше во Македонија

NewMan’s Business Accelerator во вторник беше домаќин на Pioneers of the Balkans – уникатна Start-Up програма организирана од страна на Pioneers во име на Светска Банка.
Средбата со локалната старт-ап заедница броејќи дури 80 посетители, беше организирана во новите простории на акцелераторот, со цел промоција на програмата, идентификување и поддршка на најдобрите старт-ап тимови од земјата.
„Настанот беше одлична прилика за запознавање со организаторите на регионални startup конференции, како и за разменување на искуства со колегите. Се надевам дека и во иднина ќе има уште многу вакви настани каде што ќе можеме да ги претставиме нашите идеи. Ние дефинитивно се пријавуваме на Pioneers of the Balkans и очекуваме супер пласман и дружење.”, изјави Игор Петровски, студент на ФИНКИ и дел од тимот креатори на апликацијатa GO .
Програмата беше специјално промовирана преку ексклузивните гости на настанот Мarius Starcke, извршниот директор на Pioneers од Австрија, нивниот партнер Peter Milan Trapp, како и проектниот менаџер на програмата Јанко Милуновиќ.
“Особено задоволство ни претставува што новите канцеларии на NewMan’s акцелераторот ги отвораме со една вака значајна програма поддржана од Светска банка -Pioneers of the Balkans, со 80 млади амбициозни луѓе и што ја имаме честа да бидеме домаќин за Македонија и заедно со одличниот тим на Pioneers да влеземе во потрагата по најдобрите старт-ап тимови од регионот. Покрај оваа иницијатива на новите локации Акцелераторот нуди и унапредени програми за стартапи и позрели компани кои сакаат да ги таргетираат регионалните и глобалните пазар, како и за студенти кои ќе можат да работат со професионалци од Македонија но и од компании како Google, Близард и Рапид 7. Дополнително имаме услови за развивање на нови производи и услуги во рамки на студиото за правење прототипи и користење на работни простории по поволни услови во co-create просторот.”, изјави oсновачот и генерален менаџер на Њу Менс Бизнис Акцелераторот, Ирена Чаушевска.
„Идејата за Pioneers of the Balkans се оформи најмногу поради тоа што вие во овој дел од Европа имате навистина исклучително одлични старт-ап идеи и тимови, со тоа што во измимнатите три години голем дел од победниците и клучните награди на Pioneers фестивалот во Виена, ги зимаат тимови токму од Балканот, а гостин оваа година ни беше и тим од Македоја кој беше регионален победник на NASA Space Apps Challenge натпреварот. Една ваква иницијатива треба да е предизвик за секој млад човек и би сакал да изразам огромно задоволство за поканата да бидеме гости и да го промовираме настанот во акцелераторот и што пред мене гледам голем број на млади луѓе спремни да ми ја реализираат нивната идеја”, изјави извршниот директор од Pioneers од Австрија, Marius Starcke.
Pioneers of the Balkans е инвестициска програма подржана од Светска Банка со цел да ги раздвижи активностите на регионалната стартап сцена и да им помогне на идните претприемачи од балканскиот регион да ја однесат нивната идеја на наредното ниво. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Нов репер во компактната класа: претставен целосно новиот Audi Q3

· Претставен новиот Audi Q3 во својата најдобра форма: динамични и моќни пропорции на SUV избалансирани со пространа внатрешност.
· Ефикасност, динамика на возење и удобност: нов систем на амортизери, моќна хибридна технологија и ефикасни мотори.
· Дигитален придружник за секој ден: помош при возење и технологија за осветлување и иновативен концепт за контрола за уште поголема удобност.
Audi Q3 е добро воспоставен бестселер во премиум компактниот сегмент повеќе од десет години. Новата, трета генерација поставува нови стандарди во неколку аспекти. Надворешноста на модерниот SUV буди самодоверба и емоции. Бројни иновативни карактеристики го претвораат Audi Q3 во дигитален придружник. Тие обезбедуваат првокласно корисничко искуство и исто така обезбедуваат поголема удобност и безбедност за возачот и другите учесници во сообраќајот благодарение на многуте системи за помош. Во прилог на добро избалансираната шасија, дигитализацијата на светлата исто така ги зголемува придобивките за клиентите. Висок степен на персонализација и адаптивни светлосни функции со висока резолуција се овозможени со новата микро-LED технологија во дигиталните Matrix LED фарови. Друга карактеристика на новиот Audi Q3 е ефикасноста, делумно електрифициран мотор со внатрешно согорување со блага хибридна технологија и хибриден модел со електричен опсег до 119 километри.
Гернот Делнер, извршен директор на AUDI AG изјави: “Со вкупно повеќе од два милиони возила продадени ширум светот од лансирањето на првата генерација, Audi Q3 е еден од нашите најдобро продавани модели и има висок статус во нашето портфолио на производи. Со третата генерација на Audi Q3, ние обновуваме важна семејство на модели како дел од нашата иницијатива за производи и го зајакнуваме нашиот опсег со моќен хибрид со приклучување и ефикасни мотори со внатрешно согорување. Новиот модел комбинира ефикасност, динамика на возење и удобност. Во прилог на ефикасните и делумно електрифицирани мотори со внатрешно согорување, Audi Q3 нуди нова адаптивна амортизација која овозможува баланс помеѓу удобност и динамика. Џефри Буко, член на Управниот одбор за технички развој на AUDI AG, додава: “Со ентериерот на Audi Q3, ние ја пренесуваме дигиталната сцена од целосна во компактна класа. Иновативниот оперативен концепт и бројните системи за помош ја зголемуваат безбедноста и удобноста и го прават Audi Q3 идеален дигитален придружник за секојдневниот живот.
Во споредба со својот претходник, новиот Audi Q3 има уште поемоционален дизајн. Широката Singleframe предна решетка и елегантните конусни фарови се целосно интегрирани во аеродинамичниот концепт. Гледано од страна, хоризонталната линија помеѓу фаровите и задните светла визуелно го дели автомобилот на два дела, создавајќи специјална дистрибуција на светлина и сенка.
Задниот дел е украсен со опционални дигитални OLED задни светла, надополнети со континуирана LED светлосна лента и осветлени прстени. Ова ниво на технологија за осветлување понудено во новиот Audi Q3 е достапно за прв пат во компактниот сегмент од Audi.
Предниот дел на компактниот SUV има дигитални Matrix LED фарови кои користат микро-LED модул за прв пат во Audi Q3. Употребата на оваа микро-LED технологија значително го подобрува осветлувањето и на тој начин обезбедува силен контраст на патот. Функциите за насочување на светлината сега се многу потесно поврзани со функциите за помош на возачот. Дигиталните дневни светла со LED технологија, кои се состојат од 23 сегменти од секоја страна, создаваат карактеристични светлосни потписи кои го прават возилото лесно препознатливо на патот.
Во ентериерот, новата контролна единица на воланот значи повеќе простор за складирање на централната конзола, ново корисничко искуство и подобро чувство за простор. Управувачката единица на воланот за прв пат интегрира две нови рачки на воланот. Рачката од десната страна служи како селектор на брзината, додека левата како контролен елемент за функциите на светлината и метличките на ветробранско стакло. Исто така, за прв пат во компактниот сегмент на Audi, можно е да се нарача акустично стакло за предните странични стакла, што ја прави подобра внатрешната акустика, особено при големи брзини. Волуменот на багажникот од 488 литри исто така ја демонстрира практичноста на Audi Q3. Со склопената клупа на седиштето, просторот за складирање на Audi Q3 се зголемува до 1.386 литри. Седиштето може да се поместува по должина, а нејзиниот агол може да се прилагоди. Автомобилот има капацитет за влечење до 2.100 килограми.
Почетниот модел во фамилијата на Audi Q3 е Audi Q3 SUV TFSI 110 kW, четирицилиндричен бензински мотор со блага хибридна технологија. Audi Q3 SUV TDI 110 kW е особено погоден за возење на долги растојанија. Audi Q3 SUV e-hybrid 200 kW може да полни до 50 kW со еднонасочна струја во идеални услови и е помоќен и ефикасен од било кога. За таа цел е инсталирана високонапонска батерија со бруто капацитет од 25,7 kWh (нето 19,7 kWh). Оваа батерија овозможува електричен опсег до 119 километри.
Дополнително развиената стандардна амортизација обезбедува подобрено искуство при возење. Спортската амортизација и амортизацијата со контрола на амортизерите со два вентила се достапни како опции за оптимално избалансирано возење. Еден од најдобрите моменти за помош при возење е адаптивниот асистент за возење Plus. За уште поголема безбедност на патот, внатрешната камера го следи возачот за знаци на поспаност и недостаток на концентрација. Напредниот систем за паркирање им овозможува на клиентите да го научат Audi Q3 на индивидуални маневри за паркирање, а новата помош за возење на назад сигурно ќе помогне при излегување од непрегледни простори.
(ПР)
Економија
Национална конференција на ОРМ: Продуктивноста на компаниите е загрижувачки ниска, време е за реформи

Ограничениот пристап до финансии, слабите институции и корупцијата се главните пречки за растот на продуктивноста и развојот на македонските фирми. Овие фактори ја нарушуваат конкуренцијата и создаваат долгорочна непредвидливост која ги обесхрабрува инвестициите и иновациите, кои пак, заедно со добрите менаџерски практики и вештините, имаат суштинско значење за долгорочна конкурентност на домашните компании. Ова се дел од клучните наоди од истражувањето презентирано во рамки на националната конференција: „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“, што се одржа по повод 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ). Јубилејот и конференцијата на ОРМ ги поздрави и заменик – министерот за економија и труд, Марјан Ристески.
Истражувањето, кое за потребите на ОРМ го спроведе Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“, покажува загрижувачки тренд на намалување на вкупната продуктивност на македонските компании, што укажува на тоа дека фирмите во земјава стануваат сѐ помалку ефикасни во користењето на основните фактори на производство – трудот и капиталот. Дополнително, компаниите со странски сопственици имаат дури четири пати повисока продуктивност од домашните, додека извозно ориентираните компании се значително попродуктивни од оние што работат исклучиво на домашниот пазар.
„Продуктивноста е темелот на секоја успешна компанија и движечка сила за одржлив економски развој на целата земја. За да ја зголемиме, потребно е да почнеме да делуваме веднаш, преку добро обмислени и решителни реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата, ќе значат елиминирање на системската корупција, ќе го подобрат пристапот на фирмите до финансии и ќе ги поттикнат инвестициите и иновациите во модернизација на домашната економија“, изјави претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајкоска.
На конференцијата ОРМ презентираше и сет од конкретни препораки за раст на продуктивноста и деловната ефикасност, меѓу кои: обезбедување поголема финансиска поддршка за мали и нови компании преку поволни кредити, субвенции, даночни олеснувања за инвестиции во иновации и нови технологии; зајакнување на борбата против корупцијата преку зголемена транспарентност на институциите, независно и ефикасно судство; реформа на регулативата заради намалување на административниот товар и зголемување на предвидливоста на пазарните услови; ефикасна борба против нелојалната конкуренција и сивата економија преку дигитализација на услугите во јавниот сектор, засилен и координиран инспекциски надзор и ревизија на државната помош; и подобрување на инфраструктурата, особено дигиталната и енергетската, како клучен предуслов за технолошка модернизација.
„ОРМ, како единствена репрезентативна организација на работодавачите во рамки на социјалниот дијалог со владата и синдикатите, останува посветена на тоа да биде гласот на бизнисот. Ќе продолжиме да креираме решенија во соработка со институциите, синдикатите, експертите и граѓанското општество, со цел да го поттикнеме економскиот раст, да создадеме нови перспективи за младите и да обезбедиме социјална сигурност за сите“, најави Трајкоска.
Во рамки на конференцијата се одржа и панел-дискусија на која своите размислувања, ставови и предлози за тоа како продуктивноста да стане приоритет на економските политики во државата ги изнесоа претседателот на Собранието на ОРМ Ангел Димитров, професорката на Економскиот факултет при УКИМ д-р Даниела Бојаџиева, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и директорот на Државниот завод за статистика доц. д-р Дејан Станков.
Истражувањето и националната конференција со која се одбележа 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија беа поддржани од Меѓународната организација на трудот, преку проектот Платформа за вработување и социјални прашања – ЕСАП 3, финансиран од Европската Унија.