Црна хроника
Дете прегазено во Чаир

Единаесетгодишно дете загина во саботата вечерта во Скопје во скопската опитна Чаир откако било удрено од автомобил, соопшти во неделата МВР.
Несреќата се случила во 19,10 часот на крстосница од ул.“Џон Кенеди“ и ул.“Дижонска„ кога возило “Мазда 2“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Х.Б.(1994) од Скопје, удрило во пешак дете Зекирја Д.(2004) од Скопје.
Од незгодата пешакот на лице место им подлегнал на повредите. Смртта на лице место била констатирана од доктор од Итна Медицинска помош, а телото по наредба на ЈО е пратено на обдукција.
Увид на лице место извршиле ЈО и увидната екипа од ОИСН при СВР -Скопје.
По наредба на ЈО, на Х.Б. земено му крв и урина за анализа, а ПМВ “Мазда 2“ со шлеп служба е однесено во кругот на ОИСН при СВР Скопје за да на истото се изврши вонреден технички преглед. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец почина на Клинички откако бил донесен во тешка здравствена состојба: телото дадено на обдукција

Вчера во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај нив бил донесен 66-годишниот Р.Љ. од Скопје, кој подоцна починал.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претреси во село Гајре во врска со пукањето во Тетово: уапсени четворица, пронајдени предмети

Вчера во периодот од 12:50 до 15:00 часот во село Гајре, тетовско, согласно судска наредба, а во врска со вооружената престрелка што се случи на 10.08.2025 во Тетово, бил извршен претрес на повеќе локации во село Гајре, тетовско, при што биле пронајдени предмети кои се од интерес на истрагата.
При претресите биле лишени од слобода А.М.(41) и Е.М.(19), како и двајца малолетници на 15 и 17-годишна возраст, сите од село Гајре.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на други лица кои биле инволвирани во престрелката.
Црна хроника
Неколкумина повредени во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе, меѓу нив и тримесечно бебе

Вчера во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Куманово и патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(24) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., а со телесни повреди се здобиле возачот М.П., две негови сопатнички М.П.(25), К.П.(22) и тримесечно бебе, сите од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.