Свет
Вацлав Хавел заврши со снимањето на неговиот прв филм
Поранешниот чешки претседател, Вацлав Хавел, заврши со снимањето на неговиот прв филм – соопшти денеска неговата претставничка за медиумите, Ивана Рајхлова.
Поранешниот чешки претседател, Вацлав Хавел, заврши со снимањето на неговиот прв филм – соопшти денеска неговата претставничка за медиумите, Ивана Рајхлова.
Како што пренесе Асошиејтед прес, славниот писател во саботата завршил со работата на првиот филм „Заминување“, во кој неговата сопруга Дагмар ја игра главната женска улога. Филмот е базиран на истоименото драмско дело на Хавел, кое зборува за прилагодувањето на политичарите на новиот живот откако ќе заминат од политиката.
Оваа драма на Хавел, прва по дваесетгодишна пауза, премиерно беше изведена во 2008 година во Прага и предизвика огромно внимание.
Хавел беше дисидентски драмски писател. Кога во 1989 година стана првиот посткомунистички претседател на тогашна Чехословачка, а по распадот на земјата, во 1993 година стана претседател на Чешка.
Неговиот последен мандат заврши пред седум години. Хавел по завршувањето на снимањето изјавил дека најверојатно ова ќе биде неговиот прв и последен филм.крај/пр/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: урагански ветрови и снег во Улцињ
Црвено-портокалова метеоролошка тревога е на сила во Црна Гора поради предвидените силни налети на ветер.
Утринава во Улцињ се забележани најсилни налети слични на урагани со над 100 километри на час, додека во Подгорица дува ветер со интензитет од 95 до 100 километри на час.
Во некои делови од градот отежнато е снабдувањето со електрична енергија.
Ветерот урна дрво на мостот на браќата Златичани во Подгорица и ја оштети оградата на мостот, а надлежните служби на главниот град го отстранија дрвото и обезбедија непречено функционирање.
Службата за заштита и спасување на главниот град апелира до граѓаните што помалку да ги напуштаат домовите при силни налети на ветер.
Европа
(Фото) Од вечерва голем штрајк во Белгија: голем број летови се откажани или одложени
Во Белгија од вечерва во 22 часот до утревечер е закажан 24-часовен генерален штрајк на работниците поради плановите за реформа на пензискиот систем, јавија белгиските медиуми.
Синдикатите кои ги претставуваат работниците во транспортот, образованието, Националната затворска служба и други области повикаа на генерален штрајк поради пензиската реформа која најверојатно ќе ја спроведе идната влада.
Голем број летови ќе бидат откажани или одложени, како и повеќето поаѓања на возови, а јавниот градски превоз во Брисел значително ќе биде намален, објави „Brussels Times“.
Општинските служби утре нема да го собираат сметот во Брисел.
Во штрајкот ќе учествуваат и над 20 илјади наставници.
Свет
(Видео) Огнено торнадо снимено во Лос Анџелес
Огнено торнадо е забележано во долината Сан Фернандо во Лос Анџелес, феномен предизвикан од силните ветрови во област која веќе пет дена е загрозена од големи пожари.
Катастрофалните пожари веќе однесоа животи на најмалку 16 луѓе и уништија повеќе од 10.000 згради.
Феноменот е снимен недалеку од елитната населба Пацифик Палисадес, една од најтешко погодените од пожарите, објави Дејли Меил.
Иако денеска состојбата на терен е нешто поповолна, уште најмалку три пожари не се ставени под контрола. Најновата снимка покажува огнено торнадо кое се формира додека пламените јазици се приближуваат до долината Сан Фернандо.
Sky5 was overhead of two #FireTornados along the northern flank of the #PalisadesFire. pic.twitter.com/byBTw0Pexm
— KTLA (@KTLA) January 11, 2025
Огненото торнадо е ретка појава која се јавува кога пожар со турбулентни ветрови создава огнен вител, придружен со пепел и чад.
Владата сè уште не објави проценки за штетите, но приватните фирми проценуваат дека таа ќе се искачи на десетици милијарди долари.
Јавното здравство на округот Лос Анџелес издаде наредба за јавно здравје, во која се наведува дека пожарите „сериозно го нарушиле квалитетот на воздухот и претставуваат непосреден и долгорочен ризик за јавното здравје“.