Свет
Канада се повлекува од Протоколот од Кјото
Канада и формално ќе се повлече од Протоколот од Кјото за климатските промени, со што станува првата држава која официјално се повлекува од овој меѓународен договор за борба против глобалното затоплување.
Канада и формално ќе се повлече од Протоколот од Кјото за климатските промени, со што станува првата држава која официјално се повлекува од овој меѓународен договор за борба против глобалното затоплување.
Канадскиот министер за животна околина, Питер Кент, при соопштувањето на одлуката истакна дека протоколот „не нуди напредок за Канада“, а државата ќе биде присилена да плаќа огромни пенали за тоа што не успеала да ги исполни своите обврски.
Со овој потег, кој е легален и кој беше очекуван, канада станува првата држава која се повлекува од протоколот, кој беше усвоен во Кјото, Јапонија во 1997 година.
„За нас Кјото е нешто од минатото и се повикуваме на нашето легално право да се повлечеме од него“, рече Кент и додаде дека за одлуката на неговата земја ќе ги извести и Обединетите нации.
Канадскиот министер појасни дека за да ги исполни своите обврски преземени со протоколот, Канада ќе мора да плати 13,6 милијарди долари.
„Тоа се 1.600 долари на секое канадско семејство – тоа е цената на Кјото за Канаѓаните, тоа е наследството на една неспособна либерална влада“, пресметал Кент.
Тој посочи дека цената и не била пресудна, туку фактот дека и покрај високите цени, емисиите на стакленички гасови ќе продолжат да растат, бидејќи двата најголеми светски загадувачи, Кина и САД, не се опфатени со договорот од Кјото.
„Ние веруваме дека излез од оваа ситуација е нов договор, кој ќе генерира работни места и ќе овозможи економски развој“, заклучи Кент.
Изјавата на канадскиот министер дојде само неколку часа откако на конференцијата за климата во организација на ОН во Дурбан, Јужна Африка, беше постигнат договор во последен миг. Според него, преговорите за новиот обврзувачки договор кој ќе ги вклучува сите држави ќе започнат идната година и ќе завршат најдоцна до 2015 година, а ќе стапат на сила во 2020 година.
„Протоколот од Кјото е документ кој има рок на истекување и многумина го сметаат за пречка на напредокот, но во Дурбан беше покажана добра волја и договорот кој го постигнавме претставува добра база за постигнување на конечен договор до 2015 година“, вели кент и додава дека иако текстот на договор од Дурбан содржи „законски дупки“ за Кина и Индија, тој сепак претставува чекор напред.
Претходната, либерална влада на Канада го потпиша Протоколот од Кјото, но Конзервативната партија на актуелниот премиер Стивен Харпер никогаш не го прифати. Канада уште пред четири години соопшти дека ема намера да ги исполни обврските преземни со протоколот, а годишните количества на емисии на сткленички гасови во оваа земја пораснаа за една третина од 1990 година наваму. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа уште една рафинерија во Русија
Нафтена рафинерија во рускиот град Славјанск на Кубан во Краснодарската област беше потресена од силни експлозии синоќа. Се верува дека украинските сили ја нападнале со беспилотни летала. Речиси истовремено, непосредно пред полноќ, беше пријавен и напад со беспилотни летала во Саратовската област, објавува „Киев Индепендент“.
Славјанск на Кубан се наоѓа во јужна Русија, недалеку од Азовското и Црното Море, додека Саратовската област во својата најблиска точка е на околу 330 километри од североисточната украинска граница. Киев сè уште не ги коментирал нападите, а информациите сè уште не се независно потврдени.
Украина редовно извршува напади врз руската воена и енергетска инфраструктура со цел да ја ослабне борбената моќ на Москва во тековната војна. Бидејќи рускиот енергетски сектор директно ги финансира воените напори на Кремљ, Киев ги смета енергетските објекти за легитимни воени цели.
Овие напади следат по големиот напад на украинските сили врз руските воени и нафтени објекти на 14 декември, погодувајќи цели низ Русија и на окупираните територии, вклучувајќи го и Крим, како што објави Генералштабот на Украина. Само два дена претходно, на 12 декември, беше потврден и нападот врз рафинеријата „Славнефт-Јанос“ во Јарослављ, една од петте најголеми во Русија.
Во меѓувреме, гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, на 14 декември тврдеше дека украинскиот ракетен напад врз градот Белгород предизвикал „сериозна штета“ на локалната инфраструктура.
Свет
(Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил
Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.
Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.
In Brazil, a strong wind toppled the Statue of Liberty – the moment of the collapse was captured on video. Fortunately, no one was injured. However, the 25-meter replica of the American sculpture was severely damaged. Workers are currently dismantling the monument. pic.twitter.com/rOrSSibwOz
— Farnak (@Farnakyboy) December 16, 2025
Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.
Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.
Фото: депозитфотос
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос

