Црна хроника
Обвинение за двојното убиство во Вевчани

Струшкото јавно обвинителство поднесе обвинение против поранешниот поштар од Вевчани кој уби двајца соселани, а се обиде да убие уште двајца. Осомничениот ќе одговара за убиство со умисла.
Двојното убиство се случи на 13 август, кога поранешниот поштар поминувајќи покрај летната тераса на кафе барот „Пјаца“ почнал да се расправа со сопственикот на кафе барот и други соселани.По половина час се вратил, држејќи во рацете метална шипка и пиштол марка „Црвена застава“ калибар 7,65 мм.Ги нападнал присутните на масата, најпрвин замавнувајќи со шипката, а потоа и пукајќи со пиштолот кон нив. Две лица им подлегнаа на повредите, а другите две лица поминаа со повреди кои им беа санирани во струшката болница.Мотив за убиството најверојатно бил расчистување на некои долгови и нерасчистени сметки меѓу убиецот и сопственикот на кафе барот. Поштарот 20 години не се појавувал во селото поради коцкарски долгови. На критчниот ден се вратил во селото и најверојатно му барал пари на сопственикот на кафе барот./крај/со/ффс
Извор: Извор фото: Ohridnews
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.