Свет
Шпионката Чепмен во руската Дума
NULL
Убавата руска шпионка Ана Чепмен која беше дел од минатогодишната голема шпионска афера по која дојде до размена меѓу САД и Русија ќе се кандидира на декемвриските избори за рускиот парламент Како што и претходно најавуваше Ана Чепмен, таа е симпатизер на партијата Единствена Русија, на премиерот Владимир Путин и претседателот Димитриј Медведев, па не е изненадување што таа ќе биде кандидирана на листата на оваа партија. Како што пишува рускиот дневен весник „Независимаја газета“, сигурно е дека атрактивната екс шпионка ќе влезе во Думата, бидејќи партијата на Путин има далеку најголем рејтинг во Русија и се очекува нејзина убедлива победа. Весникот дополнува дека Чепмен ќе биде кандидатка во регионот на Волгоград.Ана Чепмен беше дел од групата десет руски шпиони кои беа откриени и уапсени во САД, прво обвинети дека ширеле мрежа, а потоа за непријавено работење на американска територија и за перење пари. Тие беа сменети во Виена за четворица руски државјани кои во руските затвори одлежуваа казни за шпионирање во полза на западни земји. Чепмен којашто пред една седмица напони 29 години, го искористи својот шарм и позираше за повеќе списанија, а води и тв-шоу. Минатиот декември стана и член на раководството на подмладокот на Единствена Русија.Смислата за економија што ја покажала и при престојот во САД, како што забележаа тамошните медиуми, била успешна во трговијата со недвижнини, ја докажува и по депортирањето во татковината каде го брендираше своето име и полага право на осум производи кои ќе го носат нејзиното име, меѓу кои се вотка, часовници и облека со нејзиниот потпис. /крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

