Естрада
„Перо Деформеро" со концерт во клубот „Хавана" во Скопје

Супер пародичниот турбо-фолк-метал бенд состав Перо Деформеро ќе одржи концерт во Клуб Хавана на 12 април со почеток во 21 часот.
Станува збор за концертен настап на бендот Перо Деформеро кој е формиран во 1993 година од страна на гитаристот Саша Фриш со првична идеја за комбинирање на хеви метал/ прогресив метал. Понатака бендот се развива и со нов правец, односно со додаток на турбо фолк, а оваа нова димензија ја добива во почетокот на деведесетите години, кога Саша ја напишал песната „Вече на плажи” (подоцна снимена како Остављен сам ја).
Како поддршка на Фриш му се придружуваат Драган „Снеки” Јовановиќ (задолжен за снимање и продукција) и Жељко Јојкиќ – Син како вокал. Формирањето на првата формација се заокружува со доаѓањето на Тибор Лакатош (бас гитара) и Срѓан Милованович (тапани). Бендот го добива името според лик од стрипот Алан Форд.
Во 1994 година го снимаат својот деби албум насловен како Pero Defformero, а истиот го објавуваат во 1995 година за издавачката куќа Music Yuser. Истата година, на местото вокал, се приклучува Горан Бишевац – Бишке и Мирослав Мијатовиќ – Мире (бас гитара). Во 1997, со новата формација, го снимаат својот втор албум кој никогаш не доживува свое официјално издание. Истата година бендот ја започнува својата пауза која траше се до 2003та година.
Од 2003та година се повторно активни. Снимаат ново демо кое е објавено на нивната Myspace страница, учествуваат во компилација во чест на Ѓорѓе Балашевиќ – „Неки нови клинци”, со обработка на песната „Јарослава”.
Моментално работат на новиот албум насловен како „Новокомпоновани Сенти Ментал” кој ќе биде објавен годинава.
Членовите во бендот кои на овој концертен настап ќе имаме можност да ги чуеме се: вокал: Горан Бишевац – Бишке, гитара: Саша Фриш, тапани: Слободан Станојевиќ и бас гитара: Ненад Ковачевиќ.
Картите ќе бидат во претпродажба во Custom Pub од 25 март (Понеделник) по претпродажна цена од 200 денари./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Почина Халид Бешлиќ

На 71 годинa денес во Сараево почина Халид Бешлиќ, еден од најголемите музички великани на просторот на поранешна Југославија. Пејачот ја изгуби битката со тешка болест по кратко боледување, пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина.
Бешлиќ беше хоспитализиран кон крајот на август во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. И покрај напорите на медицинскиот тим, пејачот почина денеска околу 13 часот.
Со своите безвременски хитови Халид Бешлиќ остави неизбришлив белег на музичката сцена и во срцата на многу генерации.
Роден на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Соколац, Бешлиќ беше симбол на севдахот и емоцијата.
Естрада
На Роби Вилијамс му е дијагностициран Туретов синдром

Музичката ѕвезда Роби Вилијамс откри дека тајно се бори со Туретов синдром. Педесет и едногодишниот пејач вели дека неговите тикови се „наметливи“ и главно внатрешни, но мислите му се толку интензивни што не може да ги замолчи дури ни за време на настап пред десетици илјади обожаватели, пишува „Дејли мејл“.
Вилијамс претходно имал дијагнози за АДХД и посттрауматско стресно нарушување, а се соочувал и со зависности од алкохол и дрога. Неодамна направил и тестирање за аутизам – резултатот бил негативен, но му било укажано дека има „аутистични особини“, вклучувајќи анксиозност кога ја напушта сигурноста на својот кревет.
Во искрен разговор за подкастот ‘I am ADHD! No, you’re not’, пејачот призна дека турнеите и понатаму го плашат, и покрај децениското искуство на распродадени стадиони.
„Што и да е во мене, тоа не разбира“
Говорејќи за најновата дијагноза, Вилијамс изјави: „Штотуку сфатив дека имам Туретов синдром, но не се манифестира надворешно. Би помислиле дека стадион полн со луѓе кои ви даваат љубов би делувал како одвлекување на вниманието, но тоа не е така. Што и да е во мене, тоа не може да разбере.“
Како и шкотскиот пејач Луис Капалди, кој во 2023 година направи пауза поради Туретов синдром, и кај Вилијамс менталното здравје силно влијае врз настапите.
„Имам многу комплициран однос со турнеите и настапите во живо. Луѓето велат: Одеш на турнеја? Сигурно си возбуден. Но не баш, ужаснат сум,“ призна тој.
Добитникот на 18 БРИТ награди рече дека АДХД му бил дијагностициран дури три пати, бидејќи секојпат „заборавал“ на дијагнозата. Првиот пат бил околу 2006 година. „Се почувствував олеснето што конечно имам официјална дијагноза,“ изјави тој.
„Но потоа почувствував уште поголемо олеснување кога добивав по 200 апчиња и мислев дека тие ќе ме поправат, затоа што секогаш барате лек. Барате лек за болеста во вашата глава. Така многу брзо преминав од голтање апчиња до нивно дробење и вшмркување,“ рече Вилијамс.
Денес, вели, е посвесен за своето ментално здравје и постојано ги бара корените на својата нелагодност.
„Кога сум во кревет, тоа е мојата зона на комфор. Се друго надвор од креветот е моја зона на нелагодност. Во дваесеттите беше ужасно, во триесеттите лошо, во четириесеттите почна да се подобрува, сега сум на нагорна линија, но сè уште се чувствувам лошо во сопствената кожа,“ заклучи пејачот.
Туретов синдром е наследно, невролошко нарушување кое се карактеризира со неволни звуци и движења – тикови. Обично започнува во детството, а симптомите можат да вклучуваат често трепкање, гримаси, слегнување со раменици или движење на главата. Состојби како АДХД, опсесивно-компулсивно нарушување и анксиозност често се поврзани со Туретов синдром.
Естрада
(Фото) Анастасија Ражнатовиќ ги покажа својот рамен стомак и беспрекорната фигура

Анастасија Ражнатовиќ уште еднаш докажа колку многу се грижи за својот изглед и здравје.
Српската пејачка на социјалните мрежи сподели видео од теретана, каде што вежба во зелен спортски комплет – хеланки и топ кој совршено го истакнуваше нејзиниот тесен струк и витка фигура.
Нејзиниот изглед не остана незабележан – нејзините долги нозе и затегната фигура предизвикаа бројни реакции од нејзините следбеници, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзината напорна работа и дисциплина.
Анастасија долго време промовира здрав начин на живот, а со оваа објава повторно ги инспирираше своите обожаватели да се посветат на физичка активност и грижа за себе.
Таа постојано нагласува дека промената на исхраната и редовното вежбање целосно го промениле нејзиниот изглед и живот.
фото: принтскрин-Инстаграм