Дијаспора
ОМД: Гласот на македонскиот граѓанин e загарантиран со Уставот
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го поздравува секој предлог и иницијатива за дебата околу изборниот закон, бројот на пратеници и начинот на гласањето за македонските граѓани со право на глас кои се наоѓаат во и надвор од Република Македонија.
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го поздравува секој предлог и иницијатива за дебата околу изборниот закон, бројот на пратеници и начинот на гласањето за македонските граѓани со право на глас кои се наоѓаат во и надвор од Република Македонија.
Правото на глас на граѓанинот е загарантирано со Устав и во никој случај не смее да биде нарушено, порачуваат од ОМД.
Според оваа организација, изборниот модел, бројот на изборни единици и бројот на пратеници треба да бидат донесени единствено како резултат на темелна испитаност на јавното мислење на граѓаните во Република Македонија и на тие кои по било која основа се наоѓаат надвор од Република Македонија. Овие витални и клучни прашања за степенот на демократија во Република Македонија во никој случај не треба да се донесуваат преку договор на партиски лидери зад затворени врати. Типот на преговори и договори од примерот на Пржинскиот, и Охридскиот кои не се резултат на испитано јавно мислење и сообраниска дебата, не се во добробит на македонското општество и само му го намалуваат неговиот демократски капацитет, сметаат од ОМД.
ОМД, како и досега, стои на располаѓање на македонскиот народ, на законодавната и извршна власт, на македонската интелегенција, на политичките партии и невладиниот сектор, и на сите останати релеванти фактори во државата и во светот, за соработка и дебата по ова прашање.
Исто така, ОМД ги повикува сите општествени фактори со сериозност да ја разгледаат студијата на организацијата од 18ти август, која го рефлектира ставот и мислењето на најголемата организација на македонското иселеништво и Македонците во светот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Дијаспора
Османи однесе втора, мобилна, станица за пасоши во Берн, Швајцарија
Во продолжение на серијата посети на дипломатско-конзуларни претставништва на Република Северна Македонија со значително зголемен обем на конзуларна работа, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи престојува во Амбасадата во Берн, Швајцарија.
Во оваа Амбасада покрај другите конзуларни услуги за нашите државјани, преку базната станица се врши фотографирање и земање на биометриски податоци за издавање на патни исправи, а од денес паралелно со базната станица се става во функција и дополнителна мобилна станица.
“Дојдов овде за да ги охрабрам дипломатите кои им служат на околу 300 наши државјани дневно, но и да гледам како тече процесот на издавање на нови патни исправи. Донесов уште една мобилна станица за фотографирање, што значи дека и овде во Берн работиме со два пункта паралелно, што значи два тима паралелно фотографираат и врачуваат нови патни исправи” истакна Османи.
Амбасадата во Берн e една од најоповарените амбасади во Европа во кои има базна станица. Како и во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Брисел, Бон и Берлин, и Амбасадата во Берн ја реаорганизираше својата работа во конзуларниот дел со цел да се скрати времето на давање услуги и нашите граѓани во најбрз можен рок да се снабдат со документи за патување.
“Предизвиците продолжуваат секаде поради вонредната ситуација. Олеснувачки фактор претставува одлуката на Швајцарија да им дозволи на нашите државјани патување и со старите патни исправи. Како и да е, сме се реорганизирале со дополнителни дипломати, работа во две смени и работа за време на викенд”, заклучи Министерот.
Од Швајцарија, Османи продолжува за претставништвото во Венеција, со цел запознавање од блиску со ситуацијата и спроведување на реорганизацијата за да им се излезе во пресрет на интересите на нашите државјани во Италија.
Дијаспора
За две години 85.000 македонски граѓани се иселиле во Германија со што Македонија загубила 4,6 отсто од населението
Истражувањето на Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ покажува дека во Германија живеат 222.000 луѓе од Македонија. Истражувањето се повикува на последниот попис на населението во Германија (од 2022). Од оваа бројка, 158.000 биле родени во Македонија, се вели во истражувањето.
„Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Северна Македонија е зголемен за 44 отсто, од 154.000 на 222.000. Околу 32.000 граѓани на Северна Македонија заминале во Германија во 2021 година, а уште 53.000 во 2022 година“, се вели во истражувањето.
Така, за само две години, 85.000 македонски граѓани заминале во Германија, односно земјата за две години изгубила 4,6 отсто од резидентното население поради масовното иселување во Германија. оценува ИПП „Арбен Џафери“.
Дијаспора
МНР ги охрабрува Македонците во Албанија да се попишат како Македонци
Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија, кој почнува на 18 септември и ќе се реализира следните шест недели, Министерството за надворешни работи ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива и позитивната демократска пракса во Албанија, се вели во соопштението од МНР.
Од македонското МНР велат дека „Албанија е препознатлива во светот по своето мултиетничко и мултикултурно општество, на начин како тоа е постигнато во Северна Македонија, и кое претставува непроценливо автентично политичко и културно наследство“.
Препознавајќи ја улогата на Македонците како лојални граѓани на Албанија, претстојниот попис ќе им овозможи преку слободното изразување на својот идентитет, да ја потврдат со тоа и сопствената етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност. Со тоа и дополнително ќе се потврди улогата на македонската етничка заедница во Албанија, во градењето мостови на пријателство меѓу двете држави, велат од МНР.
Северна Македонија и Албанија се земји со исклучителни пријателски односи. Министерството за надворешни работи и институциите на Република Северна Македонија ќе останат во интензивна комуникација со претставниците на македонската етничка заедница во Албанија, исто како и со институциите на Република Албанија, меѓу другото и за прашањата кои ги засегаат идентитетските прашања.