Економија
Раст на туристите преку намалувањето на ДДВ-то за угостителските услуги
Мерката на Владата за намалување на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за угостителските услуги од 18 на 5 отсто ќе придонесе за зголемување на домашните и странските туристи, инвестициите и раст на вработувањата во секторот туризам.
Мерката на Владата за намалување на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за угостителските услуги од 18 на 5 отсто ќе придонесе за зголемување на домашните и странските туристи, инвестициите и раст на вработувањата во секторот туризам.
Ова се придобивките кои ги истакнаа од Асоцијацијата на хотелиерите на Македонија (ХОТАМ) и Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори (ССК) по средбата со министерот за економија, Ваљон Сараќини.
Од двете здруженија сметаат дека со оваа мерка ќе се направи конкурентна цена на услугите за и Македонија ќе стане атрактивна дестинација.
„Една од нашите приоритети ќе биде и развивањето на туризмот бидејќи има огромно влијание врз севкупниот развој на една држава и овој сектор има активна улога во зголемување на работните места како и создавање на националните придобивки“, рече министерот.
Според пресметките, мерката за намалување на ДДВ-то ќе го чини буџетот шест милиони евра помалку, но потрошените средства за екстра услуги кои ги трошат туристите во хотелот, буџетот ќе се зголеми за девет милиони евра.
„Државата ќе се откаже од шест милиони евра за намалување на ДДВ, меѓутоа по нашите анализи еден туристи за екстра услуги само во хотелите троши околу 1.000 денари дневно што значи дека од екстра услугите буџетот ќе добие девет милиони евра“, потенцираше Дончо Танески, претседател на асоцијацијата на хотелиерите на Македонија (ХОТАМ).
Феркант Бербери, претседател на Туристичко-угостителската комора при ССК смета дека одлуката за ДДВ-то ќе придонесе за зголемување на бројот како на домашни така и странски туристи, за зголемување на домашни и странски инвестиции, нови вработувања и ќе се заштитат на младите луѓе кои работат во регионот.
Од ХОТАМ додаваат дека со оваа преку намаленото ДДВ ќе се намалат и цените услугите кои ги користат македонските граѓани.
За оваа година предвидени се субвенции од 49 милиони денари за привлекување на странски туристи. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Народна банка: Макроекономските движења се во рамките на проекциите
Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.
Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии.
„Во домашната економија, најновите показатели главно се во согласност со проекциите. Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,8% и е малку над очекувањата, а расположливите високофреквентни податоци упатуваат на раст и во текот на четвртиот квартал. Просечната стапка на инфлација, во 2025 година, изнесува 4,1% и е близу до проекциите. Во јануари 2026 година, девизните резерви забележаа раст и се на ниво коешто, согласно прифатените меѓународни стандарди, е соодветно за одржување на стабилноста на девизниот курс. Податоците од монетарниот сектор покажуваат годишен раст на депозитите од 10% и на кредитите од 13%, во декември 2025 година, што е умерено над проекциите за крајот на годината“, соопшти НБРМ.
Според Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви, во четвртиот квартал од 2025 година, девизните резерви се зголемиле и на крајот на декември достигнале 4.925 милиони евра. Во согласност со инвестициската поставеност, околу 74,2% од девизните резерви се вложени во должнички хартии од вредност, главно во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната, по што следуваат монетарното злато (16,5%) и депозитите и паричните средства (9,3%).
„Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а условите на меѓународните финансиски пазари и внимателниот и врамнотежен пристап кон инвестирањето придонесоа за поволни финансиски остварувања во 2025 година“, се наведува во соопштението од Народната банка.
Економија
Дизелот поскапува
Од ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,520 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Економија
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година
АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.
Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.
За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари. Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.
(ПР)

