Европа
Анкетите покажуваат пад на поддршката за владејачката левица во Словачка
Словачката владејачка левица полека ја губи поддршката еден месец пред парламентарните избори и веројатно нема да освои апсолутно мнозинство коешто сега го има во парламентот, покажаа резултатите од последното испитување на јавното мнение, вторпат во последната седмица.
Во анкетата на агенцијата Focus заклучена во четвртокот, се полажа дека партијата Смер на премиерот Роберт Фицо ужива поддршка од 36,3 отсто од испитаниците, што и натаму е далеку подобро од резултатите на нејзините опоненти, но покажува втор месец по ред дека последователно губи еден процент од поддршката.
Според резултатите од анкетата, Смер по изборите кои ќе се одржат на 5-ти март може да смета на 66 мандати, додека во коалиција со националистичката партија СНС би освоиле 79 пратенички места во парламентот со 150 места.
Сиет, новоформираната партија на политичкиот центар која сака да се наметни како главна опозициска сила, добива поддршка од 13 отсто од испитаниците, или 0,2 отсто помалку отколку еден месец порано.
Резултатите на оваа анкета го покажуваат истиот тренд како и посебното испитување на јавното мнение на агенцијата МВК, чии резултати исто така од четвртокот покажаа дека поддршката за Смер од ланскиот октомври досега паднала од 40 на 31,1 отсто./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Писториус: Русија може да ги нападне членките на НАТО во рок од пет години
Борис Писториус предупреди на теоретска закана од руски напад врз земјите на НАТО во 2029/2030 година. Според него, дотогаш Русија би можела да ја зголеми својата војска на 1,5 милиони војници.
„Со оглед на растот на руската армија, постои теоретска можност Русија да се обиде да ги нападне земјите на НАТО во 2029-2030 година. Затоа е особено важно дотогаш да се обезбедат одбранбените способности на Алијансата“, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус, како што објави Украинска Правда.
Според Борис Писториус, воени експерти внимателно ја следат ситуацијата во Русија.
„Воените експерти многу внимателно ги следат настаните во Русија. Воената индустрија таму значително се развива, произведувајќи голем број тенкови и авиони, што значи дека руските вооружени сили значително растат. До 2026 година нивниот број може да се зголеми на 1,5 милиони војници “, рече Писториус.
Тој истакна дека воените експерти веруваат дека „Путин би можел да ги реорганизира своите вооружени сили до 2029/2030 година за да создаде соодветни услови за можен теоретски напад врз други земји“, вклучително и земјите од НАТО.
„Затоа, ние мораме дотогаш да ја обезбедиме нашата одбранбена способност. Оваа задача, се разбира, бара и време и пари, но ние сме посветени на оваа цел“, нагласи тој.
Европа
Франција издаде налог за апсење на Башар ал-Асад
Француското правосудство вчера издаде налог за апсење на соборениот сириски лидер Башар ал-Асад под сомнение дека учествувал во воени злосторства, особено во врска со смртта на маж со француско-сириско потекло во 2017 година. Истражните судии го сомничат Асад за соучесништво во убиства и напади врз цивили.
Весникот „Ле Паризиен“ објави дека 59-годишен маж бил убиен кога неговата куќа, во јужниот сириски град Дара, била бомбардирана од хеликоптери на сириската армија во јуни 2017 година. Повикувајќи се на истражители, весникот наведува дека француското правосудство се сомнева дека Асад го наредил нападот и ги обезбедил потребните средства за него. Во тоа време владата на Асад се обидуваше да ја преземе контролата врз Дара од опозициските сили.
Во 2023 година француското правосудство издаде налог за апсење на Ал-Асад во врска со напади со хемиско оружје. Ова особено се однесува за тешките хемиски напади во регионот Источна Гута во близина на Дамаск во август 2013 година. Во нападот со нервен гас сарин загинаа стотици луѓе. Организациите за човекови права известуваат за повеќе од 1.000 смртни случаи.
Европа
Семејството се спаси, но не и 17-годишната девојка: заедно бегале од пожарот во турскиот хотел, а потоа таа исчезнала
Најмалку 76 лица загинаа во страотниот пожар што избувна во хотел во Турција среде ноќ, меѓу кои и една тинејџерка (17), чие цело семејство избега.
Стоматологот Мачит Каратасли и неговото семејство биле на одмор во хотел во ски-центар кога избувнал пожарот. Семејството кое беше зафатено во пожар додека спиеше, како и повеќето гости, среде голема паника успеало да побегне од хотелот. Меѓутоа, неговата ќерка Озум (17) не преживеала.
Според медиумите, семејството почнало да бега од пожарот, но во еден момент Озум истрчала во друга насока и исчезнала.
Семејството почнало да ја бара веднаш по несреќата, но за жал дошло до трагично откритие. Нивната ќерка не можела да го напушти хотелот и загинала во пожарот.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја синоќа изјави дека бројот на загинати во хотелот во ски-центарот Карталкаја се искачи на 76, а во врска со пожарот досега се приведени девет лица.
Пожарот што вчера рано наутро избувна на последните катови на хотелот „Гранд Картал“ од засега непозната причина траеше десетина часа, а во гаснењето учествуваа и пожарникари од околните градови, јавува Анадолија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека среда, 22 јануари, е прогласен за ден на национална жалост за жртвите од пожарот.