Регион
Поранешниот челник на косовските Срби осуден за воено злосторство

Претседателот на Граѓанската иницијатива Србија, демократија, права (СДП) и еден од поранешните политички челници на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, прогласен е виновен за воени злосторства во текот на српско-албанскиот судир од 1999/2000 година и пред судот во Косовска Митровица е осуден во четвртокот на девет години затвор.
Оливер Ивановиќ, кој беше уапсен во јануари 2014 година и во притвор мина повеќе од 20 месеци, обвинението го товареше за воено злосторство над цивили во 1999 и во 2000 година. Судот, со кој претседаваше меѓународниот совет на Европската провосудно-полициска мисија Еулекс, ги ослободи четворицата други обвинети, пензионираниот офицер на министерството за внатрешни работи Драгољуб Делибашиќ, адвокатот Илија Вујачиќ, правникот Небојша Вујачиќ и професорот Александар Лазовиќ.
Изрекувањето на пресудата за Ивановиќ и другите обвинети беше проследено со извонредно големи безбедносни мерки во Основниот суд во северниот дел на Косовска Митровица. Ивановиќ го осуди судски совет на Еулекс со кој претседава романската судијка Роксана Комша, а казната му е изречена по обвинението за злосторства од 1999 година дека сторил воено злосторство против цивилното население и поттикнувал на тешко убиство на повеќе Албанци во Митровица. Ивановиќе ослободен од обвинението за кривични дела од февруари 2000 година.
Судијката Комша во пресудата наведува дека српските сили во 1999 година организирале акција за чистење на јужниот дел од Косовска Митровица поради протерување на тамошните Албанци, дека многу албански семејства насила биле исфрлени од своите куќи и станови, а мажите одвојувани од жените и децата. Ивановиќ обвинението го товареше дека во тоа време бил во паравоена единица, облечен во сина униформа и вооружен, како и дека пред девет Албанци на прашањето на еден член од паравоената милиција „што да прават со нив“ (Албанците), одговорил „Што ме прашуваш, постапи по наредбата“.
Ивановиќ, како што тврди романската судијка во образложението на пресудата, бил свесен за последиците од операцијата за протерување и убивање на албанските цивили и „своеволно постапувал знаејќи дека ќе се случат убиства“. Во пресудата, исто така, се наведува дека „не може да се утврди вон секое сомневање“ дека Ивановиќ, спроведувајќи ги тие опишани дејства, постапувал во својство на водач на српските паравојски или водач на српската полиција.
Оливер Ивановиќ, меѓу другото, беше еден од 22-та пратеници на српската коалиција Враќање во парламентот на Косово од 2001 година./крај/мф/мн
Извор: Eulex
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.
Регион
Пронајдени се лицата кои исчезнаа во Грција

Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19), кои исчезнаа во Грција, се пронајдени, како што потврди за Блиц нивниот пријател Милан Атанасковиќ, со кого го напуштиле Лесковац.
Двајцата биле пронајдени во Сер.
– Тие свртеле погрешно, се наоѓаат на 125 километри од местото каде што се упатија. Ја поминале ноќта во парк, дури денес нашле ви-фи и ме контактираа – изјави тој за „Блиц“.
Претходно српските медиуми објавија за нивното исчезнување.
„Тие отидоа со нас во Грција, требаше да прстојуваме стан до стан на истото место. Никола е пријател на татко ми, го замолил да оди пред него, да го следи, не го знаел патот. Сè беше во ред низ Србија и Северна Македонија, влеговме во Грција“, вели Јелена Стојиљковиќ за „Блиц“.
Откако направиле пауза на бензинска пумпа во Грција, го продолжиле своето патување.
Кога стигнале до втората рампа на автопатот кон Олимпик бич, Никола и Марта исчезнале.
Регион
Никола и Марта исчезнаа на патот кон Грција: „По втората рампа повеќе не ги видовме“

Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19) исчезнаа патувајќи на одмор во Грција, како што потврди за „Блиц“ Јелена Стојиљковиќ, ќерката на нивниот пријател, со кого го напуштиле Лесковац.
„Тие отидоа со нас во Грција, требаше да прстојуваме стан до стан на истото место. Никола е пријател на татко ми, го замолил да оди пред него, да го следи, не го знаел патот. Сè беше во ред низ Србија и Северна Македонија, влеговме во Грција“, вели Јелена Стојиљковиќ за „Блиц“.
Откако направиле пауза на бензинска пумпа во Грција, го продолжиле своето патување.
Кога стигнале до втората рампа на автопатот кон Олимпик бич, Никола и Марта исчезнале.
„Тато ги набљудуваше цело време во ретровизорот. По таа втора рампа, повеќе не ги видовме. Потоа тато доби порака од бројот на Никола „Брат, те молам јави ми се“, што и го стори. И тој и таа беа недостапни“, изјави Јелена за „Блиц“.
Како што истакна, Марта и Никола не контактирале со никого од вчера и сите се многу загрижени.
„Се надеваме дека се е добро и дека ќе се појават, сите сме многу загрижени за нив“, рече таа на крајот од интервјуто за „Блиц“.
Патем, судејќи според информациите објавени на Фејсбук страницата „Во живо од Грција“, автомобилот со кој Никола и Марта патувале во Грција е син металик опел со лесковачки регистарски таблички LE 164 LB.
Исчезнатиот Никола Стефановиќ живее во селото Богојевце во близина на Лесковац, а Марта Илиќ живее во селото Бунушки Чифлук.