Регион
Протести и штрајкови во Грција
Грчките земјоделци, како што најавија ден претходно, во четвртокот ги блокираа клучните правци со своите трактори во знак на протест поради најавеното кастрење на пензиите и зголемување на даноците, а протестите се проширија низ целата земја и се очекува новиот бран штрајкови да ја погоди Грција околу 4-ти февруари.
Блокиран е автопатот кој ја поврзува Грција со Турција, а блокади има и во северна и централна Грција, пренесуваат медиумите. Истовремено и поморците го продолжија 48-часовниот штрајк и повеќето траекти останаа во пристаништата. Железничкиот сообраќај е забавен поради штрајкот на вработените на железницата.
Повеќе од две илјади адвокати, инженери, нотари, фармацевти, лекари и други самовработени лица се собраа на протестите во главниот град Атина околу пладнето, извикувајќи „Велиме не на пензиските реформи“. Слични собири се организирани и во другите грчки градови, јави државното радио.
Владата на коалицијата на радикалната левица Сириза на премиерот Алексис Ципрас е под притисок да ги спроведени пензиските реформи, како предуслов за продолжувањето на странската финансиска помош. Меѓу планираните мерки, е и кастрењето за околу 15 отсто на новите пензии.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската унија (ЕУ) се воздржани во поглед на предлогот за реформите на грчките пензиски систем, поради тоа што тие делумно би се финансирале со зголемување на придонесите на работодавачите и вработените, што, пак, како што сметаат, би го спречило економското закрепнување и создавањето нови работни места.
Премиерот Ципрас во рамките на Светскиот економски форум во швајцарски Давос во четвртокот изјави дека не би требало да се спроведе уште едно намалување на пензиите по претходните 12 реформи со коишто беа намалени разните бенефиции за пензионерите од 2010 година.
Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, на истиот панел во Давос, неспоменувајќи ја директно грчката реформа на пензискиот систем, рече дека она што е најважно е земјите од Европската унија да се придржуваат до договорите што ги постигнал. Германија изминатите шест години од грчката должничка криза често ги критикуваше владите во Атина дека не се придржуваа до договореното./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.