Црна хроника
Уапсени уште пет лица поврзани со случајот „Фабрика за афери“
Уапсени се пет лица поврзани со случајот познат во јавноста како „Фабрика за афери“, соопштуваат од Јавното обвинителство.
Претресот бил извршен на повеќе локации во Скопје и околината, при што се пронајдени и одземени компјутер, хард диск, огнено оружје, материјали и документација. Одземени се и други докази што ќе бидат предмет на натамошна анализа.Медиумите објавија дека утрово биле уапсени двајца браќа и сестрата на осомничениот за тајната работилница за фалсификување документи Захир Бекири Чаушот.Откако неделникот „Фокус“ објави дека се откриени две тајни локации каде се изработувале фалсификувани лични карти, Скопското Обвинителство соопшти дека е откриена е тајна работилница каде се вршело фалсификување на документи.Обвинителство тврдеше дека при претресот во домот на Захир Бекири пронајдени биле обрасци за патни исправи, лични карти и други документи, како и опрема за фалсификување, преси, секачи и друго.Потоа Министерството за внатрешни работи соопшти дека се приведени три лица за кои постои сомневање дека фалсификувале лични исправи, меѓу кои и Бекири.Никој од приведените не беше задржан во притвор, освен третото лице кое е испратено на дослужување на стара казна затвор. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар
Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар.
Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу 13:00 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.М.(44) од Гостивар, постапувајќи по пријава дека во 12:35 часот на крстосница од ул. „Илинденска” со ул. „Седек Костовски” во Гостивар, товарно возило „мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од Х.М., удрило во велосипед управуван од И.М.(76) од Гостивар.
И.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде лекар констатирал смрт.
По документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Х.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со закана со секира ограбил казино во Битола: уапсен 53-годишен маж
Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода 53-годишниот С.Р. од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени
Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“ по чл.265 од КЗ, ги лишија од слобода 61-годишниот И.А. и 63-годишниот С.А., двајцата од село Јакимово, виничко, 66-годишниот Д.Т. од Кочани, 62-годишниот М.И. и 30-годишниот Ј.М., двајцата од Виница.
Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници на пат во атар на село Калиманци сопреле патничко возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А. со сопатници И.А. и Д.Т. и патничко возило „опел вектра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.И. од Виница со сопатник Ј.М., при што во двете возила биле пронајдени и одземени метален детектор и алат.
По насоки на надлежен јавен обвинител и по извршени проверки во содејство со кустоси од Музеј „Теракота“ Виница во село Калиманци било констатирано дека пријавените во временскиот период од 13 до 15.12.2025 извршиле ископ.
По наредба на Основен суд Виница, извршени се претреси во домовите на М.И., С.А. и И.А., при што биле пронајдени и одземени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети со различна големина и друг алат. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

