Контакт

Политика

Димитриев: Изборите на 24-ти април ќе бидат фер и демократски, според сите европски стандарди

Објавено пред

Доволно време и услови има до 24-ти април да се организираат фер и демократски избори во коишто сите партии ќе имаат доверба, истакна во петокот попладнето премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев по средбата во Владата со амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав односно Џес Бејли.

dobivaj vesti na viber

 

„Денеска имавме конструктивна и позитивна втора средба по моето именување со амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија. Имавме добра средба, и како и минатиот пат ги изложив моите видувања и преземени активности во контекст на мојот мандат, а тоа е организација на изборите на 24-ти април. Во меѓувреме одржавме и две средби со Државната изборна комисија, и ги преземавме како Влада сите неопходни мерки, а во функција на одржување на фер и демократски избори. Ова го правиме со полна пареа, но и одговорност и сериозност, свесни дека народот го очекува тоа од нас, и свесни дека одржување на изборите на 24-ти април води кон излез од оваа криза која и беше наметната на нашата земја. Граѓаните на Република Македонија очекуваат од сите нас оваа криза да заврши ден поскоро и ние имаме одговорност да го направиме тоа“, рече Димитриев .

Тоа ќе бидат фер, демократски и кредибилни избори по сите европски стандарди. Стандардите се јасни и прецизни, има услови и има и време и ресурси сето тоа да се организира рече Димитриев во контекст на изјавата на амбасадорите Орав и Бејли.

„Државната изборна комисија има јасен мандат и сите членови на ДИК имаат одговорност пред Уставот, законите и народот на нашата земја да ја исполнат својата обврска на време. Ова е посебно важно откако е јасно дека четирите партии го утврдија Законот за избори каде се решени сите аспекти на изборите. Се договорија и изгласаа заедно во Парламентот закон во кој стои дека изборите ќе бидат на 24-ти април, што значи превзеле обврска за тоа. Дополнително Парламентот донесе одлука за негово распуштање на 24-ти февруари, со што се затворија сите дилеми околу датумот на одржување на изборите. Во нормални околности ДИК требаше да дознае за одлуката за избори дури на 24-ти февруари, со распуштање на Парламентот и требаше да ги организира изборите со тие рокови. Овојпат ДИК има скоро месец и пол повеќе време за тоа да го направи. Секоја опструкција во рамки на ДИК е само обид за пролонгирање на кризата во државата и нејзино продлабочување, што нема да добие поддршка од никој сериозен фактор“, додаде премиерот задолжен за спроведува на изборите.

Спорд Димитриев ппреостанати се два елемента кои се поврзани со изборите, и тоа прочистувањето на избирачкиот списоки договорот медиумите.

„За избирачкиот список информиран сум дека сите партии, освен СДСМ, се откажаа од сите амандмани коишто ги имаа поднесено, ДИК ја утврди предлог методологијата едногласно со согласност од сите членови од ДИК, со поддршка дури и од оние кои се предложени од страна на СДСМ. Фактот што се бара начин да се тргува методологијата со медиумите како што една од партите тоа деновиве го изјави, само покажува дека методологијата не е воопшто проблем, туку дека е инструмент кој некој сака да го користи за опструкции и нови проблем. Оттука, и оправдано е стравувањето базирано на информациите кои стигнуваат до нас дека една партија раскажува дека нема да има избори“, рече Димитриев.

Ја повика најголемата опозоциска партија да престане да го блокира донесувањето на методологијата и прочистувањето на избирачкиот список. „Ја повикувам денеска да ја извести ДИК како што тоа го направија сите други политички партии, дека ја прифаќа методологијата за прочистување која ДИК едногласно ја донесе после што ДИК веднаш ќе може да започне со прочистувањето на избирачкиот список“, рече.

Во однос на медиумите на прес-конференциајта во Владата, Дмитриев рече дека бил информиран дека сé што е поврзано со организацијата на изборите во април 2016 година било договорено и вградено во последните измени на Изборниот закон усвоен од сите партии во парламентот.

„Во тој закон стојат јасно и прецизно сите правила поврзани со изборите кои медиумите мора да ги почитуваат, а правилата се однесуваат на давање на еднаков пристап до јавноста, како и обврски за еднаков пристап до рекламен простор кај радиодифузерите и до простор во информативната програма на јавниот радиодифузен сервис. Тоа стои јасно во Изборниот закон. Оттука, секој натамошен обид за проблематизирање на медиумите само придонесува во креирање на негативен амбиент и намерно отворање на теми кои немаат врска со слободата на медиумите туку имаат со нечии обиди за укинување на таа слобода“, додаде Димитриев

Прецизираше дека во Изборниот законик на барање на СДСМ биле внесени елементите како: Забрана медиумите да спонзорираат политичка кампања на било која партија; Политичките партии да имаат еднакво време за бесплатна презентација на јавниот телевизиски сервис МТВ; Обезбедена е законска гаранција за пристап до рекламен простор на секоја партија на сите комерцијални медиуми; Медиумите нема да смеат да ги менуваат ценовниците за рекламирање на политичките партии и ценовникот треба да биде ист за сите политички партии; Во информативната програма на МТВ законот обезбедува еднаков пристап, и тоа по 30 отсто за партиите на власт и 30 отсто за партите од опозиција; МТВ е должна да организира дебатни емисии; Известувањето за редовните активности на институциите не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту една политичка партија; Забрана за политичко рекламирање на сите медиуми, која стапи на сила на 20-ти декември 2015 година, и Забрана за владино рекламирање.

„Дополнително, охрабрува фактот што ВМРО-ДПМНЕ даде бланко поддршка за кој и да е европски закон да се имплементира во Македонија. Македонија цели кон Европската унија и нејзините стандарди, и оттука ја поздравувам одлуката на ВМРО-ДПМНЕ практично да покаже целосна отвореност за прифаќање на кој било закон од која било земја членка на ЕУ. Има 28 земји членки на ЕУ и опозицијата може слободно да одбере кој закон сака да го превземе и за тоа ќе ја има поддршката од другите партии. Значи и за ова топката е кај опозицијата. Дозволете да информирам за да не се заборави дека, постојниот закон за медиум беше донесен со поддршка на Европската Унија и дури и ги доби највисоките оценки. За поздравување е и напорот на 5-те национални медиуми, ТЕЛМА, АЛСАТ, СИТЕЛ, КАНАЛ 5 и АЛФА, да дадат свој придонес во ова дебата, и исто така ги поздравувам и обидите на двете новинарски здруженија МАН и ЗНМ да помогнат“, рече Димитриев

Се осврна и на неколку други поенти од аспект на заплашувања и притисоци, но и за мешањето на партијата и државата, и притоа порача дека ниикој не смее да прави притисок за гласање врз никого, како и дека доколку постои и се докаже такво нешто таа личност мора да биде и ќе биде санкционирана.

„Никој никому не смее да забрани да се појавува во јавност на каков и да е настан, и мешањето на партијата со државата како флоскула не смее да се вулгаризира до таа мера што сите ќе треба да заборавиме дека генералниот секретар на СДСМ е министер за внатрешни, а генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ е премиер на Владата за организирање на изборите на 24-ти април. Дали некој присуствува на некој настан на отварање проект или мерка која тој ја предложил и работел на нејзина реализација е право дали тој што го организира настанот ќе го покани и е елементарно право на секого. Јас би бил најсреќен кога би имало многу проекти низ државата на кои заедно би се појавувале и лидерот на најголемата партија и лидерот на опозицијата, затоа што во сета оваа криза и деструкција како да се подзаборави дека основна работа на политичарите е да создаваат дела и проекти за народот, да предлагаат мерки и реформи, да го подобруваат животот, а не да создаваат кризи и да бидат дел од разни завери и да размислуваат само како да наштетат нешто наместо да создадат нешто“, заклучи Димитриев./крај/мф/бб

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Топ2 часа

(Видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, уапсен српски државјанин

Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен...

Свет2 часа

Генералниот секретар на ОН: Шокиран сум од насилството и прекумерната употреба на сила од страна на иранските власти

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во неделата ги повика иранските власти да „покажат максимална воздржаност“ по смртоносните протести што...

Свет2 часа

Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: Подготвени сме за војна, но и за дијалог

Интернетот наскоро повторно ќе биде достапен низ целиот Иран, објави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави Ал Џезира....

Македонија3 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија4 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет5 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет5 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет5 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија5 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа6 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија14 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет18 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет19 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 ден

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет1 ден

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет1 ден

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет1 ден

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет1 ден

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...