Скопје
Ван Гог, С.А.Р.С., Игор Џамбазов, Тамара, Ареа и ДНК за Нова година на сквер Јадран
Ван Гог, С.А.Р.С., Игор Џамбазов, Тамара, Ареа и ДНК ќе ги забавуваат граѓаните кои ќе ја пречекаат Новата 2015 година на сквер Јадран, на манифестацијата „Град во Градот“ во организација на Општина Центар.
Оваа година, велат од Општината, поради намалување на трошоците манифестацијата ќе се одвива во два дена.
„Овој пат, поради намалување на трошоците, но со уште поатрактивна програма, ќе има две вечери на манифестацијата „Град во Градот“. Со култната рок група Ван Гог, центарци, скопјани, но и сите гости ќе ја дочекаат новата 2015-та година на скверот Јадран. Овие две вечери ќе настапат и Игор Џамбазов, Тамара, ДНК, С.А.Р.С. и Ареа. На 30-ти декември ќе има посебна новогодишна детска програма“, се вели во соопштението на Општина Центар.
Градоначалникот Андреј Жерновски очекува и годинава, по минатогодишниот успех, скверот Јадран да биде преполн.
За украсувања годинава Општина Центар потроши 2.400.000 денари, а 2.600.000 денари за организирање на манифестацијата „Град во Градот“. Вкупниот износ на сумата, рече Жерновски, е помал од оној којшто Општина Центар со претходното раководство го даваше само за украсување.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.

