Скопје
Центарци не сакаат катна гаража кај Автомакедонија, ги канат Груевски и Јанакиески на средба
Центарци, кои живеат на улица “Мите Хаџивасилев-Јасмин“ бр. 20, 22 и 24 ја продолжуваат битката за да не се гради катна гаража кај Автомакедонија.
За таа цел, ги канат во понеделник премиерот Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како одговорни и надлежни лица кои можат да ја спречат изградбата на барокна катна гаража, која граѓаните не ја сакаат.
“Иницијативниот одбор за одбрана на паркингот кај Автомакедонија, во понеделник, 30.3.2015, во 18:00 часот организира граѓански собир на кој ќе се разговара за состојбата со изградбата на барокна катна гаража, каде инвеститор е Никофон. На средбата се поканети премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски“, стои во поканата до граѓаните.
Граѓаните опстојуваат на своите ставови дека тука не сакаат катна гаража бидејќи таа ќе им го загрози и затвори просторот за живеење. Посочуваат дека на неколку метри веќе има катна гаража. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

