Европа
Обама: Путин сака да ја обнови „славата на советското царство“

Рускиот претседател со своите акции во Украина сака „да ја обнови славата на советското царство“, рече во понеделник американскиот претседател Барак Обама, на крајот на самитот Г7.
Обама на прес конференција на завршниот ден на состанокот на најмоќните светски економии, рече дека и покрај негирањето на Москва, руските сили и натаму дејствуваат на истокот на Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин сака со своите акции во Украина „да ја обнови славата на советското царство“, рече Обама, при тоа додавајќи дека Русија мора да биде притисната за да го почитува договорот од Минск.
„Како што видовме изминатите денови, руските сили продолжуваат да дејствуваат на истокот на Украина, кршејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, додаде Обама.
„Русија е во длабока рецесија. Според тоа, санкциите и штета на Русија и го погодуваат рускиот народ. Г7 е јасен, доколку има потреба, подготвени сме да воведеме дополнителни значителни санкции против Русија“, нагласи американскиот претседател.
За ситуацијата во Сирија и Ирак, Обама рече дека се потребни дополнителни напори за да се запре доаѓањето на странски борци во тие земји.
Во завршниот текст од самитот, челниците на Г7 ја повикаа Грција да ги спроведе реформите во замена за парите што од неа ги бараат кредиторите. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали знамето, ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година, кога како член на полскиот парламент, тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.