Црна хроника
Штипјанец загина во судар со пијан возач
Едно лице загина ноќеска по полноќ во тешка сообраќајна несреќа во Штип, откако неговиот автомобил се судрил со автомобил кој го управувало момче во алкохолизирана состојба.
Сообраќајна незгода се случила околу 00,20 часот во Штип на крстосницата од ул.„Борис Кидриќ“ и ул.„Партизанска“, помеѓу ПМВ„Ауди“ со штипски регистарки ознаки управувано од Марјан О.(38) од Штип и ПМВ„Фолксваген Поло“ исто така со штипски регистарски ознаки управувано од А.Н.(22) од Штип.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал Марјан О. Над А.Н. извршено е алкотестирање и утврдено е присуство на алкохол од 1,45 промили.
Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од СВР-Штип. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

