Скопје
Жерновски: Гласањето за спорните ДУП-ови е правен преседан
Вчерашното водење и носење на одлуки на Советот на општина Центар е правен преседан. Ниту во Република Македонија, ниту во меѓународни рамки не постои можност за донесување на било какви акти, вклучително и одлуки и други прописи без мнозинство гласови, се вели во соопштението од Општина Центар.
„Ова не е предвидено дури ни како исклучок. Нашиот правен систем, како и меѓународното право, познава акламативно гласање, квалификувано мнозинство, просто мнозинство, но секогаш актите, одлуките и другите прописи задолжително треба да бидат донесени со мнозинство гласови. Со вчерашниот начин на работење, односно гласањето по точките од дневниот ред, Советот на општина Центар направи преседан и се вовлече во правен вакум“, се вели во соопштението.
Понатаму се додава дека гласањето за двата спорни ДУП- а, Тасино Чешмиче 1 и Водно- Капиштец, од кои едниот дозволува изградба на десеткатница на Водно, со 11 гласа “за”, 11 гласа “против” и 1 глас “воздржан” , не обезбедува мнозинство за донесување на законски легитимни одлуки, што е спротивно на одредбите од Деловникот на Советот на општина Центар , Статутот на општина Центар, Законот за локална самоуправа, а со тоа и со Уставот на Република Македонија.
„Општина Центар и градоначалникот на општина Центар, како орган на општината избран на непосредни избори, постапувале и секогаш ќе постапуваат согласно позитивните законски прописи и во функција на нивна доследна и конзистентна примена ќе продолжат да ги користат сите расположливи законски надлежности и инструменти за утврдување на законитоста и легитимитетот на оспорените одлуки и одлуките од вчерашното гласање. Согласно Законот за локална самоуправа за ова ќе биде известен и надлежниот орган за вршење надзор над законитоста на прописите на општината, односно Министерството за локална самоуправа и ќе поведат иницијатива за утврдување на уставноста и законитоста на оспорените одлуки и одлуките од вчерашното гласање пред Уставниот суд на Република Македонија“, се вели во соопштението од Општина Центар. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на булеварот Илинден бб. во кругот на Ј.П.Парови и Зеленило Скопје, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на булеварот Илнден од крстоницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со булеварот 8ми-Септември, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00часот до завршување на работните активности.

