Надворешна политика
Срѓан Керим одржа предавање во Хелсинки за предизвиците на мултиполарниот свет
– (Од лево на десно: Хеики Патомаки од Универзитет Хелсинки, Срѓан Керим, Алпо Руси, Параг Кана, Мика Алтола од Фински институт за меѓународни односи)
На покана на претседателот на комисијата за надворешна политика на Финскиот парламент, Тимо Соини (воедно лидер на партијата Вистински Финци), а во организација на поранешниот амбасадор на Финска во Македонија, Алпо Руси, во средата, 22-ти октомври, се одржа седница на комисијата за надворешна политика, на која свое обраќање имаше д-р Срѓан Керим, во својство на поранешен претседател на Генералното собрание на ОН, по што следеше и отворена расправа со учество на сите членови на комисијата.
На покана на претседателот на комисијата за надворешна политика на Финскиот парламент, Тимо Соини (воедно лидер на партијата Вистински Финци), а во организација на поранешниот амбасадор на Финска во Македонија, Алпо Руси, во средата, 22-ти октомври, се одржа седница на комисијата за надворешна политика, на која свое обраќање имаше д-р Срѓан Керим, во својство на поранешен претседател на Генералното собрание на ОН, по што следеше и отворена расправа со учество на сите членови на комисијата.
Во расправата беше покриен широк спектар теми, почнувајќи од актуелните случувања во Украина и импликациите по европската безбедност и соработка, состојбите на Блискиот исток со осврт на конфликтот со ISIS, односите меѓу ЕУ и САД во контекст на потпишување на Договорот за слободна трговија. Меѓу другото, беше расправано и за улогата на ОН во реализацијата на целите на одржлив развој како и неопходноста од спроведување на реформи во системот на Обединетите нации, како би можел да одговори на глобалните предизвици. Посебен осврт беше даден на перспективите на земјите од zападен Балкан во однос на нивната интеграција во ЕУ и НАТО.
Попладнето во организација на Финскиот институтот за меѓународни односи и Универзитетот во Хелсинки, поранешниот шеф на македонската дипломатија Срѓан Керим одржа заедничко предавање со Параг Кана, соработник во Институтот за меѓународни работи во Сингапур, како и член на Европскиот совет за меѓународни работи на тема „Новиот мултиполарен свет и предизвиците на неговото управување”.
Покрај студентите на универзитетот предавањето беше проследено од низа експерти од политичкиот и бизнис сектор на Финска, кои активно се вклучија во дебатата, која следеше по излагањето на говорниците.
Во своето излагање Керим се осврна на улогата на меѓународните органицазии како што се Обединетите нации, Светската банка, Меѓународниот мoнетарен фонд, Светската трговска организација во време на забрзана глобализација, важноста и значењето на регионалните економски интеграции во рамките на ЕУ, НАФТА, АСЕАН, МЕРКОСУР, како и дистрибуцијата на економскит раст со појавата на растечките пазарни економиии и мултиполарниот карактер на светската економија.
Глобалната финансиска криза, тероризмот, одржливиот развој, климатските промени и нивниот импакт врз животната средина се само мал дел од низата теми кои што не засегаат сите и не можат да бидат одговорени на национално ниво, истакна д-р Керим. За нив е потребен меѓународен дијалог, каде централно место мора да се даде на заштитата на интересите на индивидуата во функија на унапредувањето на човековите права и одржливиот развој./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.