Скопје
Јубилејната „Бела ноќ 2014“ ќе се одржи на 4-ти октомври

Програмата за годинешното јубилејно 10-то издание на културната манифестација „Бела ноќ“, што ќе се одржува на повеќе локации во Скопје, на 4-ти октомври, ќе биде исполнета со многу настани, а влезот на истите ќе бидат бесплатен. Од 19 часот сите линии на ЈСП кон центарот на Скопје ќе бидат бесплатни.
Како и секоја година „Бела ноќ“ ќе се случува на многу локации низ градот меѓу нив: Плоштад Пела – Порта Македонија, каде што ќе се случи еден од поатрактивните настани – концертот на словенечката група Perpetum Jazzile , потоа Градски парк – Школка; Плоштад Филип втори; Градска Плажа – Клуб Кастро; Сцена Спомен Куќа на Мајка Тереза; Плато МКЦ; Плато пред Чифте Амам; Улица Македонија; плато Дом на АРМ; Галерија 8; Градска библиотека Браќа Миладиновци, како и сите јавни установи на Град Скопје, но и многу национални културни институции во градов.
И годинава во Градското кино „Милениум“ ќе се одржува 24 часовниот филмски маратон на најпознатите и најактуелни хитови од седмата уметност.
Годинава на „Бела ноќ“ ќе постојат 10 музички сцени кои ќе опфаќаат рок, џез, хип-хоп, хеви метал музика, а уметниците што ќе настапат потекнуваат од сите страни на светот: Јапонија, Велика Британија, Франција, Австрија и скоро од сите земји на Балканот.
„Бела ноќ“ официјално ќе биде отворена на 4-ти октомври (сабота), во 20 часот, во Националната галерија Даут Пашин Амам, каде што ќе биде организирана изложба насловена како „Ееден век (ретроспектива)“ од раѓањето на Василие Поповиќ – Цицо, основоположникот на македонската сценографија, карикатурист и сликар.
Музејот на современата уметност; Зоолошката градина-Скопје; Галерија Арте; Музеј на град Скопје; Дом на културата Кочо Рацин (Голем Салон); Културно информативен центар- Изложбен салон Империјал 1; Галерија Грал; Галерија 3М, се само дел од локациите каде што на 4-ти октомври ќе се случува уметност.
На денот на одржување на Бела ноќ, организиран е бесплатен транспорт со линиите 8 и 15А на ЈСП од 12 до 16 часот, како и бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП од 19 часот, на сите линии кон центарот на Скопје.
Организатор на манифестацијата е МКЦ, а покровител е Градот Скопје кој за нејзина реализација годинава издвои 3,5 милиони денари од Буџетот.
Градоначалникот на Град Скопје рече дека очекува и ова да биде едно успешно издание на оваа манифестација, којашто сигурно го смести Скопје, на мапата на европски градови во кои успешно се реализираат вакви уметнички деноноќија.
За учество во манифестацијата беше распишан конкурс што траеше до први јули годинава, а селекцијата на уметниците беше направена од организаторите. Уметниците беа избрани според приложените дела. Квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт, беа главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Притоа дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Денеска, пред македонската јавност беше презентирано визуелното решение за новата Универзална сала – модерен и функционален објект, кој ќе го врати значењето на оваа култна локација и ќе ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје.
Проектот, кој беше преземен од Град Скопје, е задржан во делот на идејното архитектонско решение, а изработката е дело на проектантот Бујар Муча. Во конструктивниот дел беа направени измени врз основа на насоките од испитувањата што Министерството за култура и туризам ги побара како неопходност што произлезе од пожарот на објектот, извести Министерството за култура.
Она што е особено значајно во решението е дека ќе се задржи постојната форма за почитување на колективната меморија, Универзалната сала ќе располага со капацитет од 1.200 седишта, а ќе има и нова просторна акустика со современи техничко-технолошки системи, како: HVAC, сценска механика, ЛЕД-осветление, аудио-видео и електрични инсталации. Предвидени се и нови современи материјали и во ентериерот и во екстериерот, објектот ќе биде енергетски ефикасен, а е изработено и современо, атрактивно партерно и хортикултурно решение.
Очекувањата се до почетокот на октомври да завршат постапките за избор на изведувач и надзор по што ќе почне изградбата на Универзалната сала по системот клуч на рака. Планирано е изградбата да биде завршена до крајот на 2027 година, а од 2028 година Универзалната сала ќе биде подготвена да биде дел од програмата „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Инвестицијата е проценета на 20 милиони евра, соопшти Министерството за култура.
„Ова не е само објект – ова е инвестиција во културата, идентитетот и во иднината на Скопје. Универзалната сала ќе стане модерен симбол на културна размена, креативност и заедништво, достапна за сите граѓани. Со нејзината изградба создадовме предуслови Скопје да го зачува духот на својата културна традиција, но и да ја зајакне својата улога како европска престолнина на културата за 2028 година“, истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Македонија
Санкционирани 𝟣𝟢𝟧 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар изминатата недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.09. до 14.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 105 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
„За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, соопшти ПОЦ.
Македонија
Герасимовски: Нови детски игралишта, зеленило и решавање на проблемот со паркирањето на Водно

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во рамки на проектот „Маалски муабети со Горан“, се сретна со жители на населбата Водно.
Жителите се пожалија дека често се случува да пукне некоја водоводна цевка и да тече вода со денови, но никој не реагира.
„И до нас стигаат поплаки во делот на водоводната мрежа која е под ингеренција на Град Скопје и Јавното претпријатие Водовод и канализација.Гледајќи дека нема слух од надлежните, сами ја реконструираме водоводната мрежа и ги отстрануваме аномалиите оставени од страна на Водовод. Наша цел ќе биде да ги подобруваме условите и правиме што повеќе детски и спортски игралишта во овој дел на Центар и секако ќе дадеме се од себе да го збогатуваме зеленилото секаде во општината. Правиме посебни Програми при издавање на дозволи покрај задоволителен број на паркинг места да има и зеленило и дополнителни високо стеблести дрвја во секоја парцела која што ќе има ново градба”, рече градоначалникот Герасимовски.
Голем проблем за здравствените работници и пациентите на Водњанска и околу Клинички центар е паркингот.
„Фрекфенцијата на луѓе и сообраќај на овој дел на Центар е најголема, во самиот ДУП кој што општината го донесе минатата година е предвидена и катна гаража за да ги задоволиме потребите. Во постојана комуникација бевме и сме со министрите за здравство се со цел да најдеме начин како ќе помогнеме.Паркингот за кој што со години се зборува дека ќе се реконструира да се направи монтажна гаража во парцелата на Државна болница. Верувам дека набрзо и тоа решение ќе отпочне да се реализира, се со цел да ги задоволиме потребите и на вработените кој што се во болницата, но и на сите пациенти“, потенцираше Герасимовски.
Предвидени се средства за реконструкција на улицата Востаничка во делот кој припаѓа на општина Центар, но не само со нов асфалт, туку и санирање на водоводната и канализациона мрежа како и поголема безбедност во сообраќајот, велат од Општината.
Герасимоовски се заложи да се задржи традицијата на автомобилски трки на Водно, а најмалку една трка ќе биде финансиски подржана од општина Центар.