Европа
Каталонците го избираат парламентот кој може да прогласи независност
Во североисточната шпанска покраина Каталонија во недела се одржуваат избори за автономната управа, кои локалните власти предводени од челникот на а од женералиетот (владата) Артур Мас ги нарекоа „првиот чекор“ кон стекнувањето независност од Шпанија.
Последните години каталонската влада постојано го истакнува прашањето за спроведување референдум за независноста, носеше закони со цел да се создаде „државност“, особено во сферата на надворешната политика. Откако овие инсистирања беа одбиени од централната влада во Мадрид и Уставниот суд на Шпанија, кој не дозволува да се одржи референдум само на територија на автономната единица, туку во целата држава прогласувајќи го каталонскиот референдум за неуставен, властите во Барселона организираа неформален плебисцит на кој 80 отсто од излезените избирачи се изјаснија за независност. Но на него излегоа само третина од вкупниот електорат на Каталонија.
Оттаму, каталонските власти прибегнаа кон нова стратегија. Па така, доколку шпанските власти не им дозволуваат организирање валиден референдум, тие независноста ќе ја прогласат во покраинскиот парламент.
Мас изборите в недела ги нарече „референдум“,велејќи дека жителите на Каталонија треба да гласаат врз база на позициите на партиите во однос на независноста. Неговата е да оствари апсолутно мнозинство во законодавниот дом на покраината и да го „започне процесот на стекнувањето независност“.
Од друга страна шпанската конзервативна влада на премиерот Маријано Рахој соопшти дека не може да стане збор за никакви „плебисцитарни избори во Каталонија, туку станува збор за обични покраински избори, како и дека нема проблеми кои одат во прилог на идејата за независност. Како своевидна „компензација“, Рахој најави можност во Шпанија следната година да се направат уставни реформи, со што во уставот на земјата ќе бидат јасно дефинирани надлежностите на шпанските автономни покраини.
Во неделата 5,5 милиони ќе гласаат за 135 пратеници, а според предизборните испитувања на јавното мнение, во парламентот ќе влезат шест политички групации.
Во анкетите води коалицијата Junts pel si“ (Заедно за ‘да’), којашто ја сочинуваат Convergencia Democratica de Catalunya (CDC) на Арур Мас и Левите републиканци на Каталонија кои ги води Ориол Жункарес, како голем број помали движења. За нив, според проекциите, ќе гласаат повеќе од 40 отсто од гласачите, и би добиле 64 места во парламентот. Уште десет мандати, или 8 до 9 отсто од гласовите, би можела да добие Кандидатура на народното единство (CUP), со што поддржувачите на независноста би можеле да завладеат со апсолутно мнозинство (68 пратеници) и да го „започнат процесот на одвојување на Каталонија“,
Притоа за нив, според анкетите, би гласале помалку од 50 отсто од вкупното население. А тоа е еден од главните аргументи на противниците на сепаратистите, односно како е можно да се прогласи независност без апсолутно мнозинство во парламентот, без поддршка од поголемиот дел од населението во покраината?
Меѓу поддржувачите на шпанскиот интегритет води десно-центирстичката партија Граѓаните која во Каталонија е основана пред десет години, но стана општо шпанска и влезе во четворката главни партии во земјата. Таа може да добие 19 пратенички мандати, или околу 15 отсто од гласовите. Социјалистичката партија на Каталонија може да смета на 14 пратеници, или 12 отсто.
Иста поддршка, според анкетите, може да очекува и коалицијата Catalunya Si que es Pot (Каталонија, да, можно е), во којашто влегува и радикалната левица Podemos, за којашто би гласале 11 отсто од испитаниците. Сепак, оваа коалиција не може сосема да се смести во кампусот на противниците на независноста, бидејќи, нејзините челници повикуваат да се спроведе референдум за да се појасни вистинската рамнотежа на силите во покраината.
Народната партија (PP) на Рахој, која е владејачка во Шпанија, е последна на листата, со поддршка од 7 отсто од испитаниците, што би ѝ овозможило десет места во каталонскиот парламент. Со тоа би била најголемиот губитник, бидејќи во моментов има 19 мандати./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Москва со беспилотни летала
Руската престолнина синоќа повторно беше цел на беспилотни летала, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Ова е втор голем напад со беспилотни летала за помалку од една недела по големиот напад на 10 декември, објави „Киев индепендент“.
Русите: Соборивме најмалку 18
Според Собјанин, руската воздушна одбрана собори најмалку 18 беспилотни летала што се движеа кон Москва. Тој рече дека нема извештаи за жртви или штети и дека службите за итни случаи ги расчистуваат остатоците од соборените беспилотни летала.
Taking the war to russian’s front door in Moscow tonight:
🔥Drones are attacking Moscow: explosions are heard and smoke is rising. Muscovites are panicking. Cope is real. pic.twitter.com/45Ca3Wym77
— Beefeater (@Beefeater_Fella) December 14, 2025
Руското Министерство за одбрана подоцна објави подетаљни податоци тврдејќи дека вкупно 130 беспилотни летала биле пресретнати во Русија преку ноќ. Од нив, велат тие, 25 биле соборени над Московскиот Регион.
Експлозии и прекини во сообраќајот
Жителите на истринскиот округ, 40-ина километри западно од Москва, пријавија повеќе од десетина гласни експлозии, објави рускиот телеграм-канал „Шот“. Експлозии се слушнале и во Кашира и во Коломна, јужно од главниот град.
Нападите доведоа и до привремени ограничувања на воздушниот сообраќај на московските аеродроми „Жуковски“ и „Домодедово“. Претходните напади исто така ги прекинаа воздушните операции приземјувајќи и одложувајќи стотици летови.
Европа
Евростат објави колку бегалци од Украина примила секоја земја од ЕУ
Евростат објави детаљни податоци за тоа колку граѓани, кои не се од ЕУ, а избегале од Украина, моментно имаат статус на привремена заштита во Европската Унија.
На 31 октомври оваа година вкупно 4,3 милиони такви лица имале статус на привремена заштита. Во споредба со крајот на септември оваа година, вкупниот број на лица од Украина под привремена заштита се намалил за 6.170 (-0,1 %).
Земјите членки на ЕУ, кои примиле најголем број корисници на привремена заштита од Украина, биле Германија (1.229.960 лица; 28,6 % од вкупниот број во ЕУ), Полска (965.005; 22,5 %) и Чешка (393.005; 9,1 %).
Список на земји според примени бегалци од Украина:
- Германија – 1.229.960
- Полска – 965.005
- Чешка – 393.005
- Шпанија – 250.135
- Романија – 197.675
- Словачка – 137.600
- Холандија – 132.200
- Ирска – 117.805
- Белгија – 93.520
- Австрија – 90.340
- Норвешка – 82.590
- Финска – 77.335
- Бугарија – 75.255
- Швајцарија – 70.950
- Италија – 56.940
- Франција – 54.005
- Литванија – 50.600
- Шведска – 48.315
- Данска – 45.230
- Унгарија – 42.430
- Грција – 37.685
- Естонија – 34.965
- Латвија – 31.280
- Хрватска – 28.070
- Кипар – 24.755
- Словенија – 10.950
- Малта – 2.445
- Лихтенштајн – 845
Европа
(Видео) Експлозии во Белгород; Русите: Бевме нападнати со ракети, штетата е значителна
Украинскиот ракетен напад врз рускиот град Белгород предизвика „сериозна штета“ на локалната инфраструктура, изјави доцна синоќа гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков.
„Како резултат на нападот, е предизвикана сериозна штета на инженерската инфраструктура. Службите за итни случаи и оперативните служби работат на отстранување на последиците“, напиша Гладков на социјалните мрежи.
Night-time strikes were reported in Belgorod, Russia. Russian channels say the Luch thermal power plant was hit in a missile attack. Unconfirmed reports suggest HIMARS was used – something seen relatively rarely. pic.twitter.com/m6FVEx261w
— WarTranslated (@wartranslated) December 14, 2025
Гладков објави заматена фотографија од местото на нападот, но не прецизираше кои цели биле погодени. Локалните канали на Телеграм објавија експлозии во термоцентралата Луч во градот, клучна енергетска инфраструктура во Белгород, која во минатото беше цел на украински напади, предизвикувајќи големи прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Белгород е честа цел на украински напади
Термоцентралата Луч е гасно-турбинска електрана која произведува топлина и електрична енергија и обезбедува околу 10 проценти од греењето на градот.
❗️According to local reports, a missile strike hit the "Luch" substation in 🇷🇺Belgorod. The city is experiencing power outages. pic.twitter.com/PRq6at8B6T
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) December 14, 2025
Според Гладков, некои куќи и станбени згради во областа беа исто така оштетени во вчерашниот напад. Засега нема извештаи за жртви. Жителите на Белгород, исто така, пријавија прекини во снабдувањето со електрична енергија по нападот.
Сместен на границата со Харковската област, Белгород е честа цел на украински напади. Украина претходно ја таргетираше енергетската инфраструктура во регионот користејќи HIMARS и повеќекратни ракетни системи (MLRS) како одговор на руските напади врз енергетската мрежа на Украина, што сè повеќе го нарушува секојдневниот живот на жителите на Белгород.

